Систем за звук V13 со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Почувствувајте го ритамот на омилените песни дури и на голема оддалеченост со овој моќен и едноделен систем или танцувајте под светлината од светилката на звучникот
што трепка според музиката од MHC-V13, а притоа контролирајте ја репродукцијата преку паметен телефон.
Организирајте забави на повисоко ниво и претворете ги родендените, специјалните пригоди и неочекуваните собирања во забавни искуства.
Со високоефикасните високотонци и басот со голем опсег што го создава JET BASS BOOSTER, вашите гости ќе уживаат во моќна
музика низ целата просторија.
Малиот и компактен MHC-V13 нуди импресивен звук. Двата високоефикасни високотонци и JET BASS BOOSTER го распространуваат звукот низ целата забава, што значи дека музиката ќе се движи пошироко и повисоко, за сите гости да уживаат во богат и јасен звук.
Двата високоефикасни високотонци на предната страна, што содржат високотонци во вид на хорна, го прошируваат звучното поле и го зголемуваат звучниот притисок за да може музиката да се шири подалеку, пошироко и доволно високо за да достигне до сите агли во просторијата.
Каналот со стеснување за рефлективен бас го концентрира протокот на воздух за басот, за да можете јасно да го слушате и чувствувате, без разлика каде сте во толпата луѓе и на колкава оддалеченост.
Светилката во звучникот испраќа бранови светлина во разни бои за да уживате во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал.
Запејте ги вашите омилени песни. Влезот за микрофон го прави MHC-V13 совршен придружник за караоке забави. Приклучете гитара во влезот за микрофон и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.
Забавната, интуитивна и практична апликација Fiestable нуди контрола врз сите функции на MHC-V13. За да ја користите апликацијата Fiestable, прво треба да ја преземете апликацијата Sony | Music Center. Потоа ќе можете да ја контролирате музиката, осветлувањето и многу повеќе, само со допирање на вашиот телефон или со вашиот глас.
Сите можат да ги додаваат своите омилени песни во листата за репродукција преку апликацијата Fiestable. Дозволете им на гостите да додаваат песни складирани во нивните паметни телефони преку вашата Wi-Fi®-мрежа за забавата да продолжи.
Натпреварувајте се за да дознаете кој е кралот или кралицата за караоке на забавата со режимот за караоке со рангирање. А ако некој се пласира во 10-те најдобри, тогаш ќе може да го внесе своето име и насловот на песната во табелата со резултати.
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звук преку телефон. Fiestable ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.
Уживајте во посилен и поисполнет звук и синхронизирано осветлување. Со безжичното проследување забава, може да го поврзете MHC-V13 со кој било од 50 компатибилни системи за звук со голема моќ преку Bluetooth®,.
Заборавете на безжичните поврзувања и сложените постапки за поставување благодарение на технологијата Bluetooth®. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè.
Поврзете до 50 компатибилни системи за звук со голема моќ преку Bluetooth®, за помоќно аудио доживување и гледајте како осветлувањето се синхронизира со звучниците.
да ја контролираат музиката
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V13 во исто време преку технологијата Bluetooth®,. Така ќе можете да репродуцирате песни од сите ваши музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика.
Приемникот е компатибилен со DAB+ за да можете да ги носите омилените радиостаници
со вас насекаде.
Бидејќи е создаден за практичност и издржливост, никогаш не мора да се грижите дали MHC-V13 ќе може да го издржи интензитетот на забавите.
MHC-V13 има вградени рачки за носење за да можете да го однесете во куќата на пријателите или лесно да ја преместувате забавата во различни простории.
Тврдата надворешна пластика од сите страни на уредот и цврстите странични заштитници ја зголемуваат долготрајноста и преносливоста на MHC-V13, независно каде се одржува забавата.