Слика од Аудио систем M20D со голема моќ и DVD
Слика од Аудио систем M20D со голема моќ и DVD
Почнете да репродуцирате и забавувајте се  

Добрата забава започнува со триделниот систем за звук MHC-M20D. Танцувајте со пријателите до зори со безжичното проследување на музика и големиот број одлични функции за забава. 

Икона за микрофон за караоке
За сите љубители на караоке 

Организирајте забава со караоке. Влезот за микрофон ви овозможува да пеете песни преку микрофон. 

Лого ознаки за LDAC и BLUETOOTH®
Проследување висококвалитетна музика

Проследувајте висококвалитетна музика беспрекорно со LDAC™ и технологијата BLUETOOTH®. 

DSEE лого
Зголемете го квалитетот на вашата музика 

Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) го обновува квалитетот на звукот кај компримираната дигитална музика.

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Запејте ги вашите омилени песни. Влезот за микрофон го прави MHC-M20D совршен придружник за караоке забави.    

Вашите пријатели пеат караоке со гитари и микрофони
Безжичен Party Chain (проследување забава)
Подобрете ја забавата со безжичниот Party Chain

Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе компатибилни звучници преку технологијата Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни звучници и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.

Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот преку телефон. Fiestable ви нуди активирање на режимите за диџеи и караоке. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.

Паметен телефон од Sony што се синхронизира со системот на звучници
Sony | Music Center за iOS
Sony | Music Center за Android
Лого за Party King
Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Вграден DVD-плеер за љубителите на филмови

Гледајте филмови на едноставен начин преку вградениот DVD-плеер и уживајте во богат звук што внесува реалистичност во вашите омилени сцени. Поврзувањето на вашиот телевизор е едноставно - сè што ви треба е HDMI кабел. 

Возбудата од стадионот во вашиот дом со режимот за фудбал

Вклучете го режимот за фудбал на MHC-M20D за да уживате во реална атмосфера како на стадион. Исклучете го коментаторот за да уживате во навивањето на публиката, преку минимизирање на звукот на коментаторот и зголемување на звукот на публиката. 

Режим за фудбал
Лого за S-Force Front Surround
Уживајте во звук како во кино со опкружувачки ефект

Уживајте во прекрасен звук како во кино и виртуелен опкружувачки звук во дневната соба со S-Force Front Surround, технологија што репродуцира виртуелно акустично поле.

Овозможете им на повеќе лица да ја контролираат музиката

Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони во исто време преку технологијата BLUETOOTH®. Така ќе можете да репродуцирате песни од вашите музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика.

Слика на која е прикажан системот на звучници MHC-M20D и уреди што се поврзани со него

Спецификации и функции

Добрата забава започнува со триделниот систем за звук MHC-M20D. Танцувајте со пријателите до зори со безжичното проследување на музика и големиот број одлични функции за забава.
  • Влезот за микрофон ви овозможува да пеете песни преку микрофон

  • Контролирајте ги ефектите за диџеи со апликацијата Fiestable

  • Вграден DVD плеер со HDMI излез

  • Режим за фудбал

  • Поврзувајте системи со безжичниот Party Chain преку технологијата Bluetooth®

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина