Прескокни до содржина
АУДИО СИСТЕМИ

Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

MHC-GT5D

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Почнете да слушате моќен звук

Уживајте во неверојатни ниски и моќни тонови со 2400 W и Sound Pressure Horn, кои ги разубавуваат и засилуваат сите филмски сцени или ритами со бас. А благодарение на изборот на опции за поставување, ќе можете лесно да преминете од гледање филмови на забави.

  • Sound Pressure Horn
  • Систем со трисистемски звучници
Паметна голема моќ

Паметна голема моќ

Нашата енергетски ефикасна технологија Sound Pressure Horn создава поголем акустички притисок при помала излезна моќност - тоа е подобро и за звукот и за опкружувањето.

Безжичен стерео систем за во домот со DSEE

Слушнете повеќе од секоја песна

Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)

DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот.

MEGA BASS

Едноставно вклучете ја функцијата MEGA BASS и подобрете ги ритамите со бас и омилените динамични сцени.

Засилете го басот на вашиот стерео систем во домот со MEGA BASS

Подигнете го и преместете го за забавите

Едноставни држачи за раце и систем за распространувачки звук

Сабвуферот на MHC-GT5D има практични тркала и држач за влечење за полесно движење, поради што е совршен уред за забава. Независните делови на звучникот во вид на лента можат лесно да се прикачат на држачот под агол од 10 степени за еднакво распространување на звукот во широки простории или да се прикачат на статив за повеќе опции при поставувањето.

Чувствувајте ја музиката и гледајте ги боите

Направете реалистична атмосфера за танцување на забавата со живописна светлина од сабвуферот со LED светилки. Светлината во разни бои се проектира на под, таван или ѕид, а може да изберете режими со точки и линии. Тие се синхронизираат со ритамот на музиката, така што подиумот за танцување ќе наликува на ноќните клубови.

Поврзете се

Репродуцирајте ги омилените песни и листи за репродукција од одредени паметни телефони преку MHC-GT5D. Користете NFC поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth® врска и веднаш започнете да проследувате.

Безжичен стерео систем за во домот со NFC и Bluetooth®
Контролирајте го безжичниот стерео систем за во домот со апликацијата Fiestable

Задржете ја контролата врз забавата

Преземете ја апликацијата Fiestable за да ги контролирате светилките на звучниците, додавајте диџеј ефекти, уживајте во гласовна репродукција или, пак, прескокнете до следната песна - сето тоа преку паметниот телефон.

Подобрете ја забавата

Натерајте ги сите да танцуваат со одличните функции за забава. Бидете креативни со големиот избор на диџеј ефекти - од распространување на звукот и изолирање на вокали до додавање звучни ефекти и WAH, како и ефекти на семплирање и скречување. Со Party Chain (проследување забава), можете да поврзете и синхронизирате повеќе системи со аудио кабли за да добиете помоќен звук.

Стерео систем за во домот со DVD плеер и функции за караоке

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Организирајте караоке битки за паметење со двата приклучоци за микрофон и големиот број функции, вклучувајќи режим за караоке PON кој ги стишува вокалите на CD дискот за да можете да пеете.

Добијте звук како во кината

Поврзете го системот со телевизорот преку оптичкиот влез и засилете го звукот од вашите филмови и ТВ емисии. Звучникот во вид на лента може да се монтира на ѕид или уредно да се складира под телевизорот, а компактниот сабвуфер совршено се вклопува во помали простории.

Виртуелен опкружувачки звук

Подредете ги звучниците посебно или како долг звучник во вид на лента за да ги усогласите со вашиот систем за домашно кино. Со режимот за виртуелен опкружувачки звук ќе уживате во прекрасно звучно поле од 360 степени.

Безжичен стерео систем за во домот со виртуелен опкружувачки звук
Безжичен стерео систем за во домот со режим за фудбал

Седнете во првите редови покрај теренот

Подобрете ги природните амбиентални звуци на спортските настани кои ги гледате со режимот за фудбал. Можете дури и да го намалите гласот на коментаторот и да се чувствувате како дел од публиката.

Безжичен стерео систем за во домот со ClearAudio+

Слушнете го секој збор

Активирајте го режимот за јасен дијалог за да ја зголемите јасноста на вокалите во секоја сцена – идеално додека гледате филмови и ТВ емисии со мала јачина на звукот или, пак, кога ги гледате домашните видеоснимки.

Безжичен стерео систем за во домот со вграден DVD плеер

Побарајте ја вашата колекција филмови

Благодарение на вградениот DVD плеер, можете да ги погледнете сите ваши омилени филмови на едноставен начин. Поврзете го системот со вашиот телевизор и збогатете ги сите ваши омилени сцени.

Контролирајте го стерео системот во домот со апликацијата SongPal

Далечинскиот управувач станува паметен со SongPal 3.0

Цел свет на музика во вашите раце

Апликацијата SongPal 3.0 нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Приклучете, репродуцирајте, префрлете

Два USB приклучоци и CD плеер отпорен на прав

Лесно копирајте и префрлувајте песни од CD на USB уред или од еден USB уред на друг без да користите компјутер. Можете да ги репродуцирате омилените MP3 фајлови, да ги доживеете одново вашите стари CD дискови или да направите листа за репродукција.

Безжичен стерео систем за во домот со два USB приклучоци и CD плеер
Безжичен стерео систем за во домот со два аудио влеза

Два аудио влеза

Без разлика дали гледате или играте, со поврзување на MHC-GT5D со вашиот телевизор, конзола за игри и други уреди, ќе можете да ги засилите сите звуци.

Безжичен стерео систем за во домот со FM радио

FM радио

Слушајте ги омилените емисии или настапи на диџеи во живо со FM радиото.

Спецификации и функции
Уживајте во неверојатни ниски и моќни тонови со 2400 W и Sound Pressure Horn, кои ги разубавуваат и засилуваат сите филмски сцени или ритами со бас. А благодарение на изборот на опции за поставување, ќе можете лесно да преминете од гледање филмови на забави.
  • Нова технологија Sound Pressure Horn за моќен бас 

  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со SongPal

  • Приказот со LED светилки и диџеј ефектите создаваат атмосфера за забави

Димензии на звучник
Големина на високотонец (5 см x 2 конусен тип), Големина на сабвуфер (35 см x 1 конусен тип), Големина на среднотонец (9 см x 4 конусен тип)
Излезна моќност
2400W
Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (2), Аналоген аудио влез (1), Аналоген аудио излез (1), Влез за микрофон (2), Дигитален аудио влез (1), Излезна моќност на предни звучници (1), Композитен видео излез (1)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина