2 Модели
2 Модели

Звук

Звук

Звук

Големина и тежина

Големина и тежина

Безжични врски

Безжични врски

Интерфејс

Bluetooth®

Општи карактеристики

Општи карактеристики

Еколошки, заштеда на енергија

Еколошки, заштеда на енергија

Еколошки, заштеда на енергија

Еколошки, заштеда на енергија

Еколошки, заштеда на енергија

Што има во пакетот

Вид на звучникот

Димензии на звучник

Излезна моќност

Димензии (Ш x В x Д)

Тежина

Wifi

NFC

Влезни и излезни приклучоци

Фреквентен опсег

Далечински управувач:

Потрошувачка на енергија

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци

Режимот на подготвеност е активиран

Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци

Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)

40W
CMT-X7CD
40W 
CMT-X7CD

Што има во пакетот

  • AC кабел
  • Антена (FM)
  • Гарантен лист
  • Далечински управувач
  • Инструкции за користење
  • Литиумска мини батерија

Вид на звучникот

  • Целосен опсег + пасивен предавател

Димензии на звучник

  • 65мм

Излезна моќност

  • Вкупно 40W

Димензии (Ш x В x Д)

  • 385 x 178 x 81 см

Тежина

  • 2,7 кг

Wifi

  • ДА

NFC

  • ДА

Влезни и излезни приклучоци

  • USB приклучок (1)
  • Аналоген аудио влез (1)
  • Етернет приклучок
  • Преде излез за звучници (2 вградени звучници)

Фреквентен опсег

  • 87,5 - 108,0 MHz/50KHz

Далечински управувач:

  • RM-AMU197

Потрошувачка на енергија

  • 27W (при работа), 0,5W (во режим на подготвеност)

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)

  • 0,2W

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци

  • 3,1W (етернет) / 3,1W (Bluetooth®) / 3,1W (Wi-Fi®) / 3,1W* (сите приклучоци и мрежи поврзани) *жичните врски автоматски ги деактивираат безжичните врски.

Режимот на подготвеност е активиран

  • По 15 минути

Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци

  • По 15 минути (етернет, Bluetooth®, Wi-Fi®)

Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)

  • Притиснете и задржете ги копчињата AMS и Power (Напојување) на уредот.
40W
CMT-X7CDB
40W 
CMT-X7CDB

Што има во пакетот

  • AC кабел
  • Антена (FM)
  • Гарантен лист
  • Далечински управувач
  • Инструкции за користење
  • Литиумска мини батерија

Вид на звучникот

  • Целосен опсег + пасивен предавател

Димензии на звучник

  • 65мм

Излезна моќност

  • Вкупно 40W

Димензии (Ш x В x Д)

  • 385 x 178 x 81 см

Тежина

  • 2,7 кг

Wifi

  • ДА

NFC

  • ДА

Влезни и излезни приклучоци

  • USB приклучок (1)
  • Аналоген аудио влез (1)
  • Етернет приклучок
  • Преде излез за звучници (2 вградени звучници)

Фреквентен опсег

  • 87,5 - 108,0 MHz/50KHz

Далечински управувач:

  • RM-AMU197

Потрошувачка на енергија

  • 27W (при работа), 0,5W (во режим на подготвеност)

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)

  • -

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци

  • -

Режимот на подготвеност е активиран

  • -

Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци

  • -

Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)

  • -

Функции

Моќност од 40W за вашата музика 

Добијте моќен звук со јачина до 40W кој ја исполнува просторијата со 2-канален систем на звучници. Двата звучници со целосен опсег нудат балансиран стерео звук во високите, средните и ниските фреквенции. Резултатот? Јасен, балансиран, моќен звук кој ќе звучи одлично при било кое ниво на јачина на звукот.

Вграден Wi-Fi® за едноставно проследување  

Со вградениот Wi-Fi®, ќе можете да проследувате музика директно од вашиот паметен телефон, таблет уред или лаптоп. Истражете ги услугите за интернет содржини и за проследување на музика лесно преку вашиот мобилен телефон, а потоа репродуцирајте мелодии преку Hi-Fi уред со звук кој ја исполнува просторијата. 

Два пасивни радијатори за засилување на басот

Слушајте резонантен бас кој ќе ве натера да играте. Двата пасивни радијатори реагираат на движењето на воздухот низ звучникот, создавајќи вештачки простор во кутијата на звучникот. Овој простор овозможува поголем проток на воздух низ звучниците, овозможувајќи им на малите уреди да создаваат беспрекорен звук – особено за ниските фреквенции.

Целуларен конус засилен со мика за звук без изобличувања

Совршениот партнер за денешната музика со моќен бас. Повеќето звучници користат конуси од хартија кои низ времето се извиткуваат и деградираат, што доведува до изобличување на звукот. Вуферите од целуларни влакна засилени со мика (MRC) се цврсти и ја задржуваат својата форма дури и при движење со голем притисок и брзина, така што можете да го засилите басот без загуба на аудио квалитетот.

S-master дигитален засилувач за префинет звук

Чист, нефилтриран звук. Преку поедноставената целосно дигитална обработка на сигнали, S-Master технологијата овозможува засилување на звучните сигнали во дигитални без потреба од нивно претходно претворување во аналогни. Ова значи дека сигналите ја задржуваат својата чистота до крајната излезна моќност на звучниците, така што ќе можете да уживате во пореалистично и балансирано аудио доживување. 

ClearAudio+ за јасност и острина

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.

Прилагодлив и однапред поставен еквалајзер за оптимизиран звук

Добијте го совршеното ниво на звук за вашите омилени песни со прилагодливиот и однапред поставениот еквалајзер. Рачно прилагодете ги нивоата на звук за да одговараат на песната, зачувајте ги вашите омилени поставки како однапред поставени опции, или изберете од постоечките однапред поставени опции за да го добиете најдоброто во вашето слушање. Изборот е ваш.

DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

Извршете поврзување кон вашата домашна мрежа со DLNA 

DLNA (Digital Living Network Alliance) претставува индустриски стандард за споделување на податоци низ домашните мрежи. Со оваа технологија ќе можете лесно да ја проследувате и пренесувате вашата омилена музика, филмови и слики помеѓу уредите кои поддржуваат DLNA – вклучувајќи ги телевизорите, компјутерите, преносливите сервери и конзолите за игри.

AirPlay ви овозможува да ги поврзете вашите производи од Apple

Проследувајте ги вашите омилени содржини низ домот – сè што ви треба е жична или безжична LAN врска и уреди што поддржуваат AirPlay (како iPod, iPhone и поддржани системи на звучници). Функцијата на AirPlay за истовремена репродукција ви овозможува да ја проследувате истата песна на сите поддржани звучници, така што ќе можете да ја исполните секоја просторија со извонреден звук.

Услуги за проследување од интернет за цел свет на музика

Пристапете до најновите песни за момент со помош на разни онлајн музички услуги, меѓу кои и PlayStation™Music од Spotify® и Pandora. Откријте и проследувајте илјадници песни и албуми од изведувачи - стари и нови. Ве молиме имајте предвид: достапноста на услугите на барање зависи од регионот.

Слика од Hi-Fi систем со Wi-Fi/BLUETOOTH® технологија

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување на музика

Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува да воспоставите брзо, безжично поврзување на кратко растојание каде што патеката на сигналот нема да биде попречена од предмети. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате вашите омилени содржини – вклучувајќи филмови, слики и музика – од вашиот паметен телефон или таблет уред на компатибилен уред.

Обединете ја вашата музика со апликацијата SongPal 

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се преку Wi-Fi® или Bluetooth® и уживајте во непречен пристап кон сите ваши омилени песни од вашиот PC, сервер или омилената музика од интернет. Исто така, апликацијата може да се користи за да се прилагодат поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен, балансиран звук.

Дизајн со дефинирана контура  

Стилски додаток за секоја просторија. Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.

385mm широчина за компактен дизајн 

Сите функции на Hi-Fi систем во дизајн кој заштедува простор. Со два моќни звучници, вградени CD плеер и FM радио приемник, овој компактен Hi-Fi систем со еден елемент со широчина од само 385мм, е идеален за шанкот во кујната или масичката покрај креветот. 

Вграден CD плеер за вашата колекција од дискови

Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој Hi-Fi систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што вие ќе можете да уживате во музиката почнувајќи од студио снимки до музички компилации и превземени песни.