Hi-Fi систем со Wi-Fi/BLUETOOTH® технологија
CD плеер, USB репродукција и безжично проследување
Сите ваши омилени песни се на дофат на вашите прсти. Проследувајте музика од вашиот паметен телефон или таблет уред, слушајте ја вашата CD колекција, и уживајте во дигитална музика складирана на USB уред. Овој аудио систем кој заштедува простор има повеќе можности за безжично користење, два звучници од 20W, и S-Master дигитален засилувач за богат бас и остри, јасни вокали.
Добијте ја комбинираната моќ од 40W преку два звучници со целосен опсег, како и два пасивни радијатори за да добиете бас со поголема моќ.
Репродуцирајте ја вашата музика од паметен телефон или таблет уред преку врска со еден допир преку NFC и проследувајте преку вградените Wi-Fi® и Bluetooth®.
Доживејте ја одново вашата CD колекција со CD плеерот поставен на горната страна или слушајте ги омилените радио емисии со FM приемникот.
Уживајте во богат бас и јасност во компактен дизајн кој заштедува простор. Целуларните звучници засилени со мика нудат силен звук со минимално изобличување, благодарение на лесниот, но цврст дизајн. Двата пасивни радијатори ги подобруваат ниските тонови што се репродуцираат преку двата звучници со целосен опсег, при што басот се засилува.
S-Master дигиталната обработка врши обновување, преработување и оптимизирање на аудио сигналите, што ќе ви овозможи да уживате во беспрекорен звук кој е верен на оригиналниот извор.
Слушајте ја вашата музика со неверојатна острина со ClearAudio+ - комбинација на технологии за звук од Sony кои ја оптимизираат репродукцијата на целата ваша музика.
Со прилагодлив и однапред поставен еквалајзер, можете рачно да го прилагодите звукот за да го добиете најдоброто од вашата музика, или изберете однапред поставен режим кој одговара на музичкиот жанр.
Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)
DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот
Беспрекорно проследување преку Wi-Fi®, DLNA или AirPlay
Само едно лесно поврзување ве дели од вашата музика – проследувајте безжично од вашиот паметен телефон, таблет уред или лаптоп преку Wi-Fi®, DLNA и Airplay. Со леснотија пристапете кон онлајн услугите за музика, или уживајте во музиката зачувана на вашите уреди преку поврзување со еден допир преку NFC и проследување преку Bluetooth®.
Пристапете до најновите песни за момент со помош на разни онлајн музички услуги, меѓу кои и Spotify®, Deezer и TuneIn.
Слушање со еден допир преку NFC и Bluetooth®
Допрете го вашиот паметен телефон со NFC наспроти стерео системот и воспоставете врска веднаш, а потоа проследувајте ги песните безжично преку Bluetooth®. Впарувањето преку Bluetooth® може да се изврши и рачно.
Цел свет на музика во вашите раце
Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.
Создаден да ве импресионира, CMT-X7CD го обединува стилот со квалитетот. Неговиот нагласен периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура, кој создава елегантна форма која хармонично се усогласува во вашиот простор.
Со димензии од само 385мм, CMT-X7CD е совршен за на полица, шанкот во кујната и масичката покрај креветот.
Добијте целосен Hi-Fi систем со компактен сè-во-едно дизајн, CD плеер поставен на горната страна и вграден радио приемник.
Приклучете USB мемориски уред или MP3 плеер во USB приклучокот и уживајте во целата ваша дигитална музика. Можете и да го полните вашиот таблет уред или паметен телефон.
Помошниот аудио влез овозможува поврзување на дигитални музички плеери со држачот со звучници за да добиете едноставен пристап до вашата музика (кабелот не се испорачува).
Уживајте во стабилна врска кога проследувате музика со поврзување на етернет кабел.
Спецификации и функции
- Вид на звучникот
- Целосен опсег + пасивен предавател
- Излезна моќност
- Вкупно 40W
- Влезни и излезни приклучоци
- USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Етернет приклучок, Преде излез за звучници (2 вградени звучници)
Што има во пакетот
AC кабел, Антена (FM), Литиумска мини батерија, Далечински управувач, Инструкции за користење, Гарантен лист