HI-FI СИСТЕМ СО BLUETOOTH® ТЕХНОЛОГИЈА

Сите спецификации и функции

CMT-X5CD

Звук

Вид на звучникот
Целосен опсег + пасивен предавател
Димензии на звучник
65мм
Излезна моќност
Вкупно 40W

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
385 x 178 x 81 см
Тежина
2,7 кг

Функции

USB
ДА
CD
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Преде излез за звучници (2 вградени звучници)

Bluetooth®

Фреквентен опсег
87,5 - 108,0 MHz/50KHz

Општи карактеристики

Далечински управувач:
RM-AMU197
Потрошувачка на енергија
24W (при работа), 0,5W (во режим на подготвеност)

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,8W (Bluetooth®)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Притиснете и задржете ги копчињата AMS и Power (Напојување) на уредот.

Безжични врски

Безжични можности
Bluetooth®, NFC
NFC
ДА

Опции на бои

whiteblack

Што има во пакетот

  • AC кабел
  • Антена (FM)
  • Литиумска мини батерија
  • Далечински управувач
  • Инструкции за користење
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Моќност од 40W за вашата музика 

Добијте моќен звук со јачина до 40W кој ја исполнува просторијата со 2-канален систем на звучници. Двата звучници со целосен опсег нудат балансиран стерео звук во високите, средните и ниските фреквенции. Резултатот? Јасен, балансиран, моќен звук кој ќе звучи одлично при било кое ниво на јачина на звукот.

Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување на музика

Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува да воспоставите брзо, безжично поврзување на кратко растојание каде што патеката на сигналот нема да биде попречена од предмети. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате вашите омилени содржини – вклучувајќи филмови, слики и музика – од вашиот паметен телефон или таблет уред на компатибилен уред.

Целуларен конус засилен со мика за звук без изобличувања

Совршен партнер за денешната музика богата со бас. Повеќето звучници користат конуси од хартија кои со текот на времето се извиткуваат и деградираат, што доведува до изобличување на звукот. Вуферите со влакна со целуларен конус засилен со мика (MRC) се цврсти, и ја задржуваат својата форма дури и при движење со голем притисок и брзина, така што ќе можете да го засилите басот без намалување на аудио квалитетот.

Два пасивни радијатори за засилување на басот

Слушајте резонантен бас кој ќе ве натера да играте. Двата пасивни радијатори реагираат на движењето на воздухот низ звучникот, создавајќи вештачки простор во кутијата на звучникот. Овој простор овозможува поголем проток на воздух низ звучниците, овозможувајќи им на малите уреди да создаваат беспрекорен звук – особено за ниските фреквенции.

S-master дигитален засилувач за префинет звук

Чист, нефилтриран звук. Со користење на поедноставна патека на сигналот и целосно дигитално процесирање, S-Master технологијата може дигитално да ги засили звучните сигнали без потреба истите однапред да ги конвертира во аналогни. Тоа значи дека сигналите ја одржуваат нивната јасност се до нивниот краен излез низ звучникот, за да можете да уживате во пореалистично и балансирано аудио доживување.

ClearAudio+ за јасност и острина

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.

Прилагодливи и однапред поставени еквалајзери за оптимизиран звук 

Добијте го совршеното ниво на звук за вашите омилени песни со прилагодливиот и однапред поставениот еквалајзер. Рачно прилагодете ги нивоата на звук за да одговараат на песната, зачувајте ги вашите омилени поставки како однапред поставени опции, или изберете од постоечките однапред поставени опции за да го добиете најдоброто во вашето слушање. Изборот е ваш.

DSEE ги обновува деталите на вашата дигитална музика 

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Обединете ја вашата музика со апликацијата SongPal

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се преку Wi-Fi® или Bluetooth® и уживајте во непречен пристап кон сите ваши омилени песни од вашиот PC, сервер или омилената музика од интернет. Исто така, апликацијата може да се користи за да се прилагодат поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен, балансиран звук.

Дизајн со дефинирана контура  

Стилски додаток за секоја просторија. Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.

385mm широчина за компактен дизајн 

Сите функции на Hi-Fi систем во дизајн кој заштедува простор. Со два моќни звучници, вградени CD плеер и FM радио приемник, овој компактен Hi-Fi систем со еден елемент со широчина од само 385мм, е идеален за шанкот во кујната или масичката покрај креветот. 

Вграден CD плеер за вашата колекција од дискови

Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој Hi-Fi систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што вие ќе можете да уживате во музиката почнувајќи од студио снимки до музички компилации и превземени песни. 

FM радио приемник за вашите омилени емисии

Сакате да ги слушнете вашите омилени DJ-и? Едноставно пребарувајте со користење на вртливото копче на FM радиото и дознајте што се нуди. 

DAB/DAB+ радио приемник за почист звук*

Уживајте во стабилен прием, повеќе станици и звук без попречувања со вградениот DAB/DAB+ приемник. Пристапете кон голем број на DAB радио станици со чист и стабилен прием. За разлика од FM радиото, DAB радио приемот се губи само кога сигналот е премногу слаб за да се прими, што резултира со помал шум и чист, конзистентен звук. *Не е достапно кај CMT-X5CD

USB приклучок за репродукција на музика и полнење

Репродуцирајте и полнете на едноставен начин. Со помош на USB приклучокот, ќе можете да приклучите USB уред, паметен телефон, таблет или лаптоп и да ја слушате целата ваша музичка колекција. Празна батерија? Нема проблем. Исто така, можете да го полните вашиот таблет уред или паметен телефон додека ја слушате вашата музика. 

AUX IN аудио влез за жична репродукција на музика 

Лесно ќе репродуцирате мелодии од iPod или од дигитален музички плеер. Поврзете го вашиот уред со единицата преку AUX IN кабел (се испорачува одделно) за да ги слушате вашите омилени песни репродуцирани преку звучници со целосен опсег.