Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Звук кој се истакнува низ слушањето

Од најновите песни до вашите омилени CD дискови

Добијте длабочина и јасност за целата ваша музика со овој сè-во-едно мини Hi-Fi систем. Двата пасивни радијатори работат заедно со дигиталниот засилувач S-Master и ClearAudio+ за да ги обноват и подобрат сите ваши песни. Со вградениот CD плеер, безжичното проследување и репродукцијата преку USB, може да ја исполните спалната соба, кујната или студиото со вашата омилена музика.

Два звучници од 10W
Моќен звук

Добијте ја комбинираната моќ од 40W преку два звучници со целосен опсег, како и два пасивни радијатори за да добиете бас со поголема моќ.

Bluetooth® и NFC
Безжично поврзување

Репродуцирајте ја вашата музика од паметен телефон или таблет уред преку врска со еден допир преку NFC и проследувајте преку Bluetooth®.

Плеер за ЦД-а
Сите ваши омилени песни

Доживејте ја одново вашата CD колекција со CD плеерот поставен на горната страна или слушајте ги омилените радио емисии со FM приемникот.

Моќен бас, компактен дизајн

Уживајте во богат бас и јасност во компактен дизајн кој заштедува простор. Целуларните звучници засилени со мика нудат звук со минимално изобличување, благодарение на лесниот, но цврст дизајн. Двата пасивни радијатори ги подобруваат ниските тонови што се репродуцираат преку двата звучници со целосен опсег, поради што басот се засилува.

Дигитален засилувач S-Master
Науката за подобар звук

S-Master дигиталната обработка врши обновување, преработување и оптимизирање на аудио сигналите, што ќе ви овозможи да уживате во беспрекорен звук кој е верен на оригиналниот извор.

ClearAudio+
Слушајте гласно и јасно

Слушајте ја вашата музика со неверојатна острина со ClearAudio+ - комбинација на технологии за звук од Sony кои ја оптимизираат репродукцијата на целата ваша музика.

Прилагодлив и однапред поставен еквалајзер
Прилагодете го вашиот звук

Со прилагодлив и однапред поставен еквалајзер, можете рачно да го прилагодите звукот за да го добиете најдоброто од вашата музика, или изберете однапред поставен режим кој одговара на музичкиот жанр.

Слушнете повеќе од секоја песна

Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)

DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богати звуци кои се слични со CD квалитетот

DSEE
NFC и Bluetooth®
Потполна слобода при слушањето

Слушање со еден допир преку NFC и Bluetooth®

Допрете го вашиот паметен телефон со NFC наспроти стерео системот и воспоставете врска веднаш, а потоа проследувајте ги песните безжично преку Bluetooth®. Впарувањето преку Bluetooth® може да се изврши и рачно.

Далечинскиот управувач станува паметен со SongPal

Цел свет на музика во вашите раце

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Апликација SongPal
Дизајн кој говори сам по себе

Создаден да ве импресионира, CMT-X5CD го обединува стилот со квалитетот. Неговиот нагласен периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура, кој создава елегантна форма која хармонично се усогласува во вашиот простор.

Компактен дизајн
Може да се постави речиси насекаде

Со димензии од само 385мм, CMT-X5CD е совршен за на полица, шанкот во кујната и масичката покрај креветот.

CD плеер поставен на горната страна
Сè-во-едно

Добијте целосен Hi-Fi систем со компактен сè-во-едно дизајн, CD плеер поставен на горната страна и вграден радио приемник.

Приклучете и репродуцирајте

Со двете влезни опции можете да ја слушате вашата дигитална музика со богат и балансиран звук преку звучниците со целосен опсег на Hi-Fi системот.

USB приклучок
USB репродукција и дополнување

Приклучете USB мемориски уред или MP3 плеер во USB приклучокот и уживајте во целата ваша дигитална музика. Можете и да го полните вашиот таблет уред или паметен телефон.

AUX влез
Аналоген влез

Помошниот аудио влез овозможува поврзување на дигитални музички плеери со држачот со звучници за да добиете едноставен пристап до вашата музика (кабелот не се испорачува).

Спецификации и функции

Добијте длабочина и јасност за целата ваша музика со овој сè-во-едно мини Hi-Fi систем. Двата пасивни радијатори работат заедно со дигиталниот засилувач S-Master и ClearAudio+ за да ги обноват и подобрат сите ваши песни. Со вграден CD плеер, безжично проследување и репродукција преку USB, може да ја исполните спалната соба, кујната или студиото со вашата омилена музика. 
  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • S-Master дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+ 

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир  

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со SongPal 

Вид на звучникот
Целосен опсег + пасивен предавател
Димензии на звучник
Големина на уред со целосен опсег (65 мм)
Излезна моќност
Вкупно 40W
Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок, Аналоген аудио влез, Преден излез за звучник (2) (вграден звучник)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина