HI-FI СИСТЕМ СО BLUETOOTH® ТЕХНОЛОГИЈА

Сите спецификации и функции

CMT-X3CD

Звук

Вид на звучникот
Целосен опсег
Излезна моќност
Вкупно 20W

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
34,0 x 17,3 x 9,0 см
Тежина
2,3 кг

Безжични врски

NFC
ДА

Функции

USB
ДА
CD
ДА

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Аналоген аудио влез (3,5 мм), Излез за слушалки (3,5 мм), Преден излез за звучник ((2) вграден звучник))

Општи карактеристики

Далечински управувач:
ДА
Потрошувачка на енергија
28W (при работа), 0,5W (во режим на подготвеност)

Опции на бои

redwhiteblack

Што има во пакетот

  • Упатство за употреба
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

2-канален систем за моќен звук во домот

Уживајте во моќен звук кој ја исполнува просторијата со 2-канален систем на звучници. Двата звучници со целосен опсег нудат балансиран стерео звук во високите, средните и ниските фреквенции. Резултатот? Јасен и балансиран звук кој звучи одлично при секое ниво на јачина на звукот.

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување на музика

Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува да воспоставите брзо, безжично поврзување на кратко растојание каде што патеката на сигналот нема да биде попречена од предмети. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате вашите омилени содржини – вклучувајќи филмови, слики и музика – од вашиот паметен телефон или таблет уред на компатибилен уред.

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Mega Bass за подобри ниски звуци

Активирајте ја опцијата Mega Bass за да го засилите басот на омилените песни. Користејќи ја технологијата за дигитална обработка на сигнали, Mega Bass ефикасно ги подобрува тоновите со ниска фреквенција за да создаде резонантен бас со целосен опсег кој внесува реалистична длабочина во вашиот звук.

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

7-појасен еквалајзер за оптимизиран звук

Изберете ги идеалните поставки за содржините што ги слушате. 7-појасниот еквалајзер се одликува со однапред прилагодени поставки според жанрови кои се создадени за оптимизирање на вашето доживување при слушањето. Изберете некој од режимите R&B, хип хоп, рок, поп, класика, џез или основен, за да уживате во секоја песна со јасен и балансиран звук. 

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Дизајн со дефинирана контура  

Стилски додаток за секоја просторија. Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Компактен дизајн за флексибилно позиционирање

Сите функции на Hi-Fi систем сместени во дизајн кој заштедува простор. Со два моќни звучници, вградени CD плеер и FM радио приемник, овој компактен Hi-Fi систем во една целина со широчина од само 340мм е идеален за на шанкот во кујната или масичката покрај креветот. 

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Вграден CD плеер за вашата колекција од дискови

Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој Hi-Fi систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што вие ќе можете да уживате во музиката почнувајќи од студио снимки до музички компилации и превземени песни. 

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

FM радио приемник за вашите омилени емисии

Сакате да ги слушнете вашите омилени DJ-и? Едноставно пребарувајте со користење на вртливото копче на FM радиото и дознајте што се нуди. 

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Достапен во избор од три бои  

Достапен во избор на повеќе бои кои одговараат на вашиот стил и ентериер. Усогласете го со класична црна боја, внесете чувство на елеганција со сребрена боја или оставете силен впечаток со живописна црвена боја – за домашен Hi-Fi систем нуди подеднакво добар изглед и звук. * Опциите за бои зависат од регионот. 

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

USB приклучок за репродукција на музика и полнење

Репродуцирајте и полнете на едноставен начин. Со помош на USB приклучокот, ќе можете да приклучите USB уред, паметен телефон, таблет или лаптоп и да ја слушате целата ваша музичка колекција. Празна батерија? Нема проблем. Исто така, можете да го полните вашиот таблет уред или паметен телефон додека ја слушате вашата музика. 

Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија

Контролирајте ја музиката со далечински управувач

Преземете ја контролата врз вашата музика. Испорачаниот далечински управувач овозможува прескокнување песни, прилагодување на јачината на звукот и многу повеќе, овозможувајќи ви слободно да уживате во одличен звук од удобноста на вашата фотеља.