Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Слика од Hi-Fi систем со BLUETOOTH® технологија
Ваше домашно аудио за секоја намена

Компактен Hi-Fi систем со вграден CD/DVD плеер

CMT-SBT40D Hi-Fi ви нуди повеќе начини за слушање, со што ќе можете да го изберете вашето совршено аудио доживување. Репродуцирајте CD дискови, слушајте FM радио емисии, или користете NFC со еден допир за брзо поврзување и безжично проследувајте музика преку Bluetooth®. Со класичниот дизајн со три компоненти, овој Hi-Fi систем се вклопува во секоја просторија.

Излезна моќност
Моќен звук

50W моќност за целосен, балансиран звук преку два аудио канали, додека опцијата Mega Bass ги засилува ниските тонови.

Безжично поврзување
Безжично поврзување

Репродуцирајте ја вашата музика од паметен телефон или таблет уред преку врска со еден допир преку NFC и проследувајте преку Bluetooth®.

Богато, балансирано слушање

Уживајте во вашите омилени албуми со звук од 50W кој ја исполнува просторијата. Два звучници со целосен опсег репродуцираат балансиран звук преку целиот фреквентен опсег – за да ја слушнете секоја нота, од висока до ниска, детално и јасно.

Mega Bass
Почувствувајте го ритамот

За моќен бас, вклучете ја опцијата Mega Bass за да уживате во напредни ниски тонови.

EQ со 7 поставувања
Оптимизирајте го вашиот звук

Изберете идеални поставки за содржините што ги слушате. Еквалајзерот со 7 појаси нуди однапред поставени режими за R&B, хип хоп, рок и други.

Целата ваша музика на едно место

Компактен домашен аудио систем со самостојни звучници

Класичниот Hi-Fi систем со три компоненти комбинира вграден CD/DVD плеер, радио приемник и USB влез со елегантен, модерен дизајн. Двата компактни, самостојни звучници овозможуваат флексибилни опции за поставување, така што секогаш ќе можете да го најдете совршениот Hi-Fi распоред за секоја просторија.

CD/DVD плеер
Вграден CD/DVD плеер

Репродуцирајте ги омилените албуми, домашните дискови со компилации и филмови со вградениот CD/DVD плеер.

Радио приемник
FM радио приемник

Слушајте ги најновите радио емисии со вградениот FM приемник.

USB влез
USB влез и полнење

Поврзете го вашиот MP3 плеер или iPod преку USB влезот за да го наполните вашиот уред додека ја слушате вашата музика.

Потполна слобода при слушањето

Слушање со еден допир преку NFC и Bluetooth®

Едноставно допрете го вашиот паметен телефон или таблет уред на кој е овозможено NFC наспроти CMT-SBT40D за да воспоставите врска, а потоа проследувајте ги омилените песни преку Bluetooth. Немате NFC? Нема проблем – впарувањето преку Bluetooth® може да се изврши и рачно.

Далечински управувач
Далечински управувач

Испорачаниот далечински управувач овозможува прескокнување песни, контрола на јачина на звук и друго - сето тоа додека седите и уживате.

Спецификации и функции

Hi-Fi системот CMT-SBT40D нуди повеќе начини за слушање, така што ќе можете да го изберете вашето совршено аудио доживување. Репродуцирајте CD дискови, слушајте ги најновите FM радио емисии или користете NFC со еден допир за да извршите брзо поврзување, а потоа безжично да проследувате музика преку Bluetooth®. Благодарение на класичниот дизајн со три кутии, овој Hi-Fi систем изгледа совршено во секоја просторија. 
  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир  

  • Репродукција преку USB и полнење на паметни телефони

  • Mega Bass додава моќ за ниски тонови

  • Вграден FM радио приемник

  • Вкупна моќност од 50W 

Излезна моќност
50W
Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Композитен видео излез (1), Предни излези за звучници (2), Слушалки (1)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Корисниците велат