Слика под агол од WH-XB910N
Слика од предната страна на WH-XB910N
Приказ на WH-XB910N од страна
Слика од задната страна на WH-XB910N
Приказ од страна на преклопени слушалки WH-XB910N
WH-XB910N во футрола со отворен капак
Слика под агол од WH-XB910N
Слика од предната страна на WH-XB910N
Приказ на WH-XB910N од страна
Слика од задната страна на WH-XB910N
Приказ од страна на преклопени слушалки WH-XB910N
WH-XB910N во футрола со отворен капак
Уживајте во бас како во ноќните клубови

Приближете се до музиката што ја сакате. Одликувајќи се со извонреден бас и подобрено поништување на шум, слушалките WH-XB910N го репродуцираат чувството од вашите омилени фестивали и клубови.

Разгледајте ги слушалките WH-XB910N
Лого за EXTRA BASS
EXTRA BASS™ за неверојатно длабок и моќен звук

Слушалките со поништување на шум WH-XB910N ги подобруваат сите ниски фреквенции за да добиете извонреден бас. Наменскиот канал за бас во куќиштето на слушалките и зголемената непропустливост на воздух помеѓу звучниците и ушните тапанчиња помага во создавање прецизни и моќни ритми што внесуваат енергија во секоја песна. Освен тоа, овие безжични слушалки нудат јасни вокали за да создадат богато и сеопфатно доживување при слушањето. 

Поништување на шумот за уживање во музиката

Со технологијата за два сензори за шум, WH-XB910N го носат дигиталното поништување на шумот на повисоко ново. Сега може навистина да го стишите светот околу вас и да уживате во сопствената забава и само во музиката. 

Слушалки WH-XB910N во црна боја, ставени на маса покрај кафе и паметен телефон
Кристално јасни повици

Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови што користи два вградени микрофони и напредна обработка на аудио сигнали, WH-XB910N нудат извонредно јасен и квалитетен звук при телефонски повици.

Засилете ја вашата омилена музика

Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.

Лого за DSEE

Илустрација што прикажува како се прилагодува звукот со функцијата за прилагоден EQ во апликацијата Sony Headphones Connect
Вашиот звук, по ваша желба

Прилагодете го звукот според вашиот вкус. Изберете од многуте однапред поставени параметри за да добиете звук соодветен за музиката што ја слушате. Или создајте и зачувајте свои параметри со функцијата за прилагоден EQ во Sony│Headphones Connect.

Поприроден амбиентален звук

Опремени со два микрофони, слушалките WH-XB910N доловуваат повеќе амбиентални звуци околу вас. Уживајте во музиката, а притоа слушајте и звуци од опкружувањето. Може дури и да го прилагодите амбиенталниот звук со Sony | Headphones Connect, односно да го поништите шумот, а сепак да ги слушате неопходните звуци.

Слика одблиску од копчињата на куќиштето на слушалките WH-XB910N
Слика одблиску од лентата за на глава и куќиштето на десната слушалка на WH-XB910N
Го прилагодуваат звукот според она што го правите

Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето.

Мапа со улици на која се прикажани ознаки за локација за дома, училиште и канцеларија
Учи за вашите омилени локации

Со тек на време, приспособливата контрола на звук ги препознава локациите што често ги посетувате, како што е вашето работно место, салата или омилениот кафе бар, а потоа го приспособува звукот според опкружувањето.

Икона за траење на батеријата до 30 часа + икона за брзо полнење од 10 мин./4,5 часа
Слушајте цел ден, полнете неколку минути

Батеријата трае до 30 часа за да имате енергија за повеќедневни патувања и викенди со долги фестивали. А ако треба брзо да ја наполните батеријата, тогаш со брзото полнење од 10 минути преку изборниот AC-адаптер ќе добиете време за репродукција до 4,5 часа.

Контрола на дофат на вашите прсти

Менувајте песни, менувајте ја јачината на звукот и одговарајте или воспоставувајте повици со допирање или лизгање на прстот врз панелот на допир поставен странично на слушалките. Дали треба брзо да ги слушнете звуците или гласовите околу вас? Ставете ја дланката врз куќиштето за веднаш да го намалите звукот на музиката и да ги слушнете амбиенталните звуци.

Лесно достапни контроли на десната слушалка на WH-XB910N
Лого ознаки за вграден OK Google и Alexa
Компатибилност со Google Assistant и Alexa

Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и друго. Изговорете „Alexa“ за активирање на Alexa.

Икона за Fast Pair
Лесно наоѓање на слушалките со Fast Pair

Функцијата Fast Pair го олеснува впарувањето на вашите слушалки со уредите со Android™. Со еден допир и со помош на прикажаните упатства, WH-XB910N овозможуваат брзо и едноставно впарување со вашите уреди со Android™ преку Bluetooth®. Исто така, лесно може да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку вашиот паметен телефон. Ќе добиете дури и известување кога батеријата на слушалките има малку енергија.

Икона за Swift Pair
Едноставно поврзување со PC со Swift Pair

Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките WH-XB910N со вашиот компјутер со Windows 10 преку Bluetooth®. На уредите со Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување. 

Маж седи на маса и работи на лаптоп, ги носи слушалките WH-XB910N
Едноставно префрлување помеѓу уредите

Заради максимална практичност, слушалките WH-XB910N можат да се поврзат со повеќе уреди, односно со два Bluetooth®-уреди истовремено. На тој начин, кога ќе добиете повик, тие ќе знаат кој уред ѕвони и автоматски ќе се поврзат со него. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо и непречено да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.

Толку се удобни што ќе заборавите дека ги носите
Совршеното вметнување ја задржува музиката внатре

Приспособете го лизгачот за да ја пронајдете идеалната положба и да уживате во удобно слушање со часови. Ја слушате музиката, но не и бучавата, така што добивате одлично акустично доживување.

Целодневна музика, целодневна удобност 

Нашите слушалки WH-XB910N се одликуваат со меки ушни перничиња со овална форма со кои нема да ви треба пауза од слушање на омилените песни, филмови или серии. Удобните материјали од синтетичка кожа и уретан се комбинираат со оптималната структура и димензии на ушните перничиња и овозможуваат извонредно долго користење.

Слушалки WH-XB910N во црна боја, преклопени
Дизајн на преклопување за секојдневна практичност

Слушалките се преклопуваат навнатре за да можете уредно да ги спакувате во компактната футрола.

Слушалки WH-XB910N во црна боја, ставени во футрола со отворен капак
Торбичка за носење за лесно патување

Испорачаната торбичка за носење е издржлива и вклучува кабел за слушање.

Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Headphones Connect, оптимизирајте го слушањето преку анализа на формата на вашите уши, а потоа уживајте во врвно доживување.

Слика од три садови со одржливи материјали
Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на WH-XB910N не содржи пластика, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Спецификации и функции

Уживајте во бас како во ноќните клубови и доживејте ја музиката како во музичките локали благодарение на подобреното поништување на шум и безжичната слобода. Овие слушалки со Bluetooth® се удобни за носење и ви овозможуваат да уживате во музиката цел ден, а притоа да останете во контакт со пријателите благодарение на поврзувањето со повеќе уреди и кристално јасниот квалитет на повиците.
  • Звук со EXTRA BASS™ и дигитално поништување на шум

  • DSEE™ врши обновување на високите фреквенции и фините детали кои се губат при компресијата

  • Слушајте цел ден со батеријата што трае до 30 часа

  • Лесно воспоставување повици без користење на рацете и користење на гласовниот помошник преку збор за будење

  • Безжична слобода со технологијата Bluetooth® и поврзувањето со повеќе уреди

Звучник
40мм
Влез(ови)
Мини стерео приклучок
Фреквентен одзив
7 Hz - 25.000 Hz (JEITA)
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) 20 Hz - 40.000 Hz (семплирање со 96 kHz LDAC, 990 kbps)
Фреквентен одзив (активен режим) 
7 Hz - 25.000 Hz
Пасивно функционирање
Да
Должина на кабел
Прибл. 1,2 м
DSEE
Да
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина