Големина и тежина

Тежина
Прибл. 254 гр.

Општи карактеристики

Вид на слушалки
Динамика
Звучник
40мм
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
50 оми (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 25 оми (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
Дијафрагма
PET 25 μm
Фреквентен одзив (активен режим) 
2 Hz-20.000 Hz
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
Чувствителности (dB/mW)
101 dB/mW (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 103 dB/mW (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
Контрола на јачина на звук
Сензор за допир
Вид на жица
Едностран отстранлив вид
Должина на кабел
Прибл. 1,2 м (со испорачаниот кабел за слушалки)
Приклучник
Мини стерео приклучок во форма на L (со испорачаниот кабел за слушалки)
Начин на носење
Поставување преку увото
NFC
Да
DSEE
Да
S-Master HX
Не
Пасивно функционирање
Да

Батерија

Време на полнење на батеријата
Прибл. 7 часа
Метод за полнење на батеријата
USB
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
Макс. 30 часа (вклучен NC), макс. 35 часа (исклучен NC)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
Макс. 30 часа (вклучен NC), макс. 32 часа (исклучен NC)
Траење на батеријата(време на мирување)
Макс. 50 часа (вклучен NC), макс. 300 часа (исклучен NC)

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Version 4.2
Ефективен опсег
Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег
2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и)
SBC, AAC, aptX, aptX HD, LDAC
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Поништување на шумот

Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот
Да
Автоматско AI поништување на шум
Не
Личен оптимизатор за поништување на шум
Не
Режим за амбиентален звук
Да
Брзо внимание
Да

Опции на бои

blueblack

Што има во пакетот

  • Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м)
  • USB кабел: Type-CTM (прибл. 20 см)
  • Футрола за носење
Placeholder

Функции

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

EXTRA BASS™ за неверојатно длабок и моќен звук

Како дел од палетата со EXTRA BASS™ од Sony, слушалките со поништување на шум WH-XB900N ги подобруваат сите ниски фреквенции за да добиете извонреден бас. Наменскиот канал за бас во куќиштето на слушалките и зголемената непропустливост на воздух помеѓу звучниците и ушните тапанчиња помага во создавање прецизни и моќни ритми што внесуваат енергија во секоја песна. Исто така, слушалките нудат јасни вокали за да создадат богато и сеопфатно доживување при слушањето.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Технологија за поништување на шумот

Стишете го светот околу вас и уживајте во сопствена забава со функција за дигитално поништување шум и квалитетен звук со EXTRA BASS.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Уживајте во безжична слобода со NFC и Bluetooth®

Безжичните технологии NFC (поле за комуникации во близина) и Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете ги слушалките за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth®.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Голема издржливост на батеријата за слушање преку целиот ден

Полнењето од приближно 4 часа ви нуди целодневна енергија за репродукција од приближно 30 часа за да можете да продолжите со слушањето, песна по песна, компилација по компилација.

Брзо полнење кога се брзате

Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција до 60 минути. Тоа е идеално доколку постојано патувате од едно на друго место.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Елегантен дизајн на преклопување и долготрајна удобност при слушањето

Едноставниот, елегантниот и софистицираниот дизајн на слушалките WH-XB900N со поништување на шум и еднобојно куќиште ќе ви одговара совршено независно од вашиот стил. Меките ушни перничиња нудат долготрајна удобност и се идеални за непрекинато слушање на вашите омилени албуми. Завршивте со слушањето? Преклопете ги за попрактично носење.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Вграден микрофон за практични разговори

Разговарањето е практично дури и кога носите слушалки - вградениот микрофон ќе ви овозможи да одговарате на повиците без користење на рацете кај одредени паметни телефони. Допрете двапати врз куќиштето на десната слушалка за да одговорите на повик и лизгајте со прстот надолу и нагоре по куќиштето за прилагодување на јачината на звукот.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Контрола на дофат на вашите прсти

Менувајте песни, менувајте ја јачината на звукот и одговарајте или воспоставувајте повици со допирање или лизгање на прстот врз панелот на допир на куќиштето на слушалките. За активирање на функцијата за брзо стишување треба да го допрете куќиштето на десната слушалка и јачината на звукот на музиката веднаш ќе се намали, овозможувајќи ви да слушате амбиентални звуци - ако некој ви постави прашање во кафе-бар па сè до читање известувања на железничка станица.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Sony | Апликација Headphones Connect

Преземете ја апликацијата Sony | Headphones Connect за да го прилагодите доживувањето при слушањето. Во функциите спаѓа приспособлива контрола на звук што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, апликацијата ви овозможува да ги прилагодувате поставките по ваша желба, да ги прилагодувате нивоата на звукот со еквалајзер и многу повеќе.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WH-XB900N

Бидете попаметни со гласовниот помошник

Организирајте го денот со помош на гласовниот помошник во вашиот паметен телефон преку вградениот микрофон на слушалките. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.