WH-XB900N
Одликувајќи се со извонреден бас и напредно поништување на шум, слушалките WH-XB900N ве фокусираат само на музиката. Уживајте сами во забавата.
WH-XB900N
Одликувајќи се со извонреден бас и напредно поништување на шум, слушалките WH-XB900N ве фокусираат само на музиката. Уживајте сами во забавата.
Дознајте повеќе за овие безжични слушалки со поништување на шум што нудат многубројни паметни функции како интуитивни контроли на допир, брзо стишување за лесни разговори и батерија што трае долго, како и паметен дизајн создаден за целодневно слушање со длабок и моќен звук.
Како дел од палетата со EXTRA BASS™ од Sony, слушалките WH-XB900N ги подобруваат ниските фреквенции за да добиете извонреден бас. Наменскиот канал за бас во куќиштето на слушалките и зголемената непропустливост на воздух помеѓу звучниците и ушните тапанчиња помага во создавање прецизни и моќни ритми што внесуваат енергија во сите песни. Исто така, слушалките нудат јасни вокали за да создадат богато и сеопфатно доживување при слушањето.
Безжичните технологии NFC (поле за комуникации во близина) и Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете ги слушалките за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth®.
Безжично проследување на вашите омилени песни со безжичната технологија Bluetooth®, со впарување на вашиот паметен телефон или таблет-уред.
Допрете ги уредите што поддржуваат NFC™ до ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување преку Bluetooth®.
Полнењето од приближно 4 часа ви нуди целодневна енергија за репродукција од приближно 30 часа. Со брзо полнење од 10 минути, пак, добивате енергија за слушање до 60 минути.
Едноставниот, елегантниот и софистицираниот дизајн на слушалките WH-XB900N со поништување на шум и еднобојно куќиште ќе ви одговара совршено независно од вашиот стил. Меките ушни перничиња нудат долготрајна удобност и се идеални за непрекинато слушање на вашите омилени албуми.
Дали завршивте со слушањето музика? Слушалките WH-XB900N со поништување на шум и дизајн на преклопување се доволно компактни за да можете брзо и лесно да ги ставите во вашата торба.
Разговарањето е практично дури и кога носите слушалки - вградениот микрофон ќе ви овозможи да одговарате на повиците без користење на рацете кај одредени паметни телефони. Допрете двапати врз куќиштето на десната слушалка за да одговорите на повик и лизгајте со прстот надолу и нагоре по куќиштето за прилагодување на јачината на звукот.
Менувајте песни, менувајте ја јачината на звукот и одговарајте или воспоставувајте повици со допирање или лизгање на прстот врз панелот на допир на куќиштето на слушалките. За активирање на функцијата за брзо стишување треба да го допрете куќиштето на десната слушалка и јачината на звукот на музиката веднаш ќе се намали, овозможувајќи ви да слушате амбиентални звуци - ако некој ви постави прашање во кафе-бар па сè до читање известувања на железничка станица.
Преземете Sony | Headphones Connect за да го прилагодите слушањето. Во функциите спаѓаат еквалајзер за прилагодување на звукот и приспособлива контрола на звукот, за автоматско прилагодување на поставките за амбиентален звук според ситуацијата.
Организирајте го денот со помош на гласовниот помошник во вашиот телефон преку микрофонот на слушалките. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.
Потонете во звукот. Толку реален што ќе се чувствувате како на концерт или како да сте заедно со изведувачот во музичко студио. Со 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална.
Со овие слушалки може да уживате во 360 Reality Audio.