Општи карактеристики

Вид на слушалки
Затворени, динамички
Звучник
25 мм (тип на купола)
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
17 оми (1 kHz)
Дијафрагма
Алуминиум 30 um / TPU 50 um (соединение)
Фреквентен одзив
5 Hz - 40.000 Hz (JEITA)
Фреквентен одзив (активен режим) 
5 Hz - 40.000 Hz
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
Контрола на јачина на звук
Сензор за допир
Вид на жица
Едностран (отстранлив)
Должина на кабел
Прибл. 1,2 м
Приклучник
Позлатен стерео мини приклучок со облик L
Влез(ови)
Мини стерео приклучок
Начин на носење
Поставување преку увото
NFC
Да
DSEE HX
Да
Пасивно функционирање
Да

Батерија

Време на полнење на батеријата
Прибл. 5 часа
Метод за полнење на батеријата
USB

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Bluetooth® вер. 5.0 (со BLE)
Ефективен опсег
Прибл. 10 м
Фреквентен опсег
2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и)
LDAC, AAC, SBC
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Поништување на шумот

Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот
Да
Личен оптимизатор за поништување на шум
НЕ ВАЖИ
Режим за амбиентален звук
Да
Брзо внимание
Да

Опции на бои

redorangegreenblueblack

Што има во пакетот

  • Футрола за носење
  • Адаптер за употреба во авион: НЕ ВАЖИ
  • Кабел за поврзување
  • Кабел за USB
Placeholder

Функции

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Комбинацијата од две бои ќе одговара на вашиот стил

Новата палета h.ear е достапна во избор од пет комбинации во две бои што совршено ќе одговараат на вашиот стил. Со различни бои на слушалката и ушното перниче може да пронајдете уникатен и препознатлив изглед. Носете ги со вашата омилена облека или додатоци - совршена хармонија.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Тенки и елегантни за потполна удобност

Овие слушалки нудат удобно користење преку целиот ден благодарение на извонредно тенките ушни перничиња и силиконската лента за на глава која уште повеќе се прилепува до главата. Тие се лесни и компактни и може да ги преклопите кога не ги користите за лесно складирање во футрола или торба.  

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Технологија за два сензори за шум

Двата микрофони со поништување на шум - по еден на предната и задната страна - на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите

Апликацијата Sony | Headphones Connect нуди приспособлива контрола на звукот - паметна функција што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, може да ги прилагодите поставките по ваша желба.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Функцијата за брзо стишување ви овозможува да разговарате

Сакате да разговарате? Држете ја дланката врз сензорот за допир и музиката ќе се стиши, додека звукот во вашето опкружување ќе се засили.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Звучник од 25 мм

Малите и моќни звучници од 25 мм, со многу цврсти алуминиумски куполи и меки уретански мембрани на рабовите, создаваат ист звучен притисок како и стандардните звучници од 40 мм - идеално за репродукција на сите фреквенции почнувајќи од длабоки ритми до високи вокали.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Навистина реалистичен звук

Уживајте во најситните детали на звукот со квалитет подобар од CD дисковите благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, почнувајќи од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. 

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Подобар звук преку BLUETOOTH® 

LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот безжичен BLUETOOTH®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со наменска жична врска.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Подобрете го квалитетот на дигиталната музика со DSEE HX

Со обновување на високите звуци што се губат при компресирањето, процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги репродуцира вашите дигитални музички датотеки со богат и природен звук. 

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Енергија за цел ден и брзо полнење

Со батеријата што трае до 35 часа ќе имате доволно енергија и за долгите патувања. А кога се брзате, за само 10 минути може да наполните доволно енергија за максимум 2,5 часа користење со изборниот AC-адаптер или со друг квалитетен USB-адаптер.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Гласовна контрола преку гласовен помошник

Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Допрете за да прескокнете песни

Одговарајте на телефонски повици, контролирајте ја музиката и активирајте ги апликациите Google™ и Siri со едноставни контроли на допир.

Слика од Слушалки WH-H910N h.ear on 3 Wireless со поништување на шум

Прилагодувајте ги поставките преку вашиот телефон

Апликацијата Sony | Headphones Connect ви овозможува да ги прилагодите поставките на еквалајзерот, да изберете параметри за опкружувачки звук и многу повеќе.

Маж седи на кревет во дневна соба и користи слушалки преку безжичен предавател

360 Spatial Sound Personalizer

Уживајте во звук што е оптимизиран за вас благодарение на Sony | 360 Spatial Sound Personalizer. Апликацијата го снима и анализира обликот на вашите уши, овозможувајќи им на слушалките да создадат уникатно звучно поле за вас кога ќе ги впарите со телевизорите BRAVIA XR.

Безжичен предавател WLA-NS7 со слушалки оставени врз орман, предавателот е приклучени во телевизор BRAVIA монтиран на ѕид

Уживајте со Dolby Atmos

Ако го приклучите безжичниот предавател WLA-NS7 од Sony во телевизор BRAVIA XR, тогаш слушалките ќе создадат фантомски звучници во идеален распоред околу вас за да уживате со Dolby Atmos. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.