WH-H910N
Изразете се преку палетата впечатливи бои во две нијанси и задлабочете се во вашата музика со дигиталното поништување на шум и исклучителниот звук.
WH-H910N
Изразете се преку палетата впечатливи бои во две нијанси и задлабочете се во вашата музика со дигиталното поништување на шум и исклучителниот звук.
Новата палета h.ear нуди нова хармонија на бои, создавајќи неочекувани комбинации на бои каде што сите елементи имаат свое место и меѓусебно се надополнуваат. Од препознатлив дизајн до извонредни функции и звук - погледнете што нуди палетата h.ear.
Новата палета h.ear е достапна во избор од пет комбинации во две бои што совршено ќе одговараат на вашиот стил. Со различни бои на слушалката и ушното перниче може да пронајдете уникатен и препознатлив изглед. Носете ги со вашата омилена облека или додатоци - совршена хармонија.
Овие слушалки нудат удобно користење преку целиот ден благодарение на тенкото куќиште и силиконската лента за на глава. Ергономските слушалки со меки перничиња нудат удобно и стабилно поставување.
Слушалките се лесни и компактни и може да ги преклопите кога не ги користите за лесно складирање во футрола или торба.
Двата микрофони со поништување на шум на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата.
Апликацијата Sony | Headphones Connect нуди приспособлива контрола на звукот - паметна функција што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, може да ги прилагодите поставките по ваша желба.
Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.
Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика.
Слушајте важни соопштенија додека чекате, со намален шум во заднина.
Сакате да разговарате? Држете ја дланката врз сензорот за допир и музиката ќе се стиши, додека звукот во вашето опкружување ќе се засили.
Моќните звучници од 25 мм, со цврсти алуминиумски куполи и меки уретански мембрани на рабовите, создаваат ист звучен притисок како и стандардните звучници од 40 мм - идеално за репродукција на сите фреквенции почнувајќи од длабоки ритми до високи вокали.
LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот безжичен BLUETOOTH®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со наменска жична врска.
Со обновување на високите звуци што се губат при компресирањето, процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги репродуцира вашите дигитални музички датотеки со богат и природен звук.
Со батеријата што трае до 35 часа ќе имате доволно енергија и за долгите патувања. А кога се брзате, за само 10 минути може да наполните доволно енергија за максимум 2,5 часа користење со изборниот AC-адаптер или со друг квалитетен USB-адаптер.
Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.
WH-H910N поддржуваат Fast Pair од Google. Пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки WH-H910N со звучен сигнал или со проверка на нивната последна локација преку апликацијата Find My Device од Google во вашиот паметен телефон.
Одговарајте на телефонски повици, контролирајте ја музиката и активирајте ги апликациите Google™ и Siri со едноставни контроли на допир.
Апликацијата Sony | Headphones Connect ви овозможува да ги прилагодите поставките на еквалајзерот, да изберете параметри за опкружувачки звук и многу повеќе.
WH-H910N ви нудат 360 Reality Audio - ново музичко доживување со технологија за просторен звук од Sony. Со звукот што доаѓа кон вас од сите страни ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио.