h.ear on 2 Wireless NC

Ваши бои, ваш звук, ваш свет

Внесете хармонија во вашиот живот со уникатните бои на палетата h.ear on 2 Wireless NC. Дигиталното поништување на шумот ви овозможува да изберете што ќе слушате, за да слушате на ваш начин.

ЛЕНТА ЗА НА ГЛАВА

Слушалки WH-H900N h.ear on 2 Wireless со поништување на шум

WH-H900N
Слика од Слушалки WH-H900N h.ear on 2 Wireless со поништување на шум

redgoldgreenblueblack

Палета h.ear
Hear Your Colours

Внесете хармонија во животот со боите на палетата h.ear. Таа е достапна во пет уникатни бои што беспрекорно одговараат на вашиот стил и начин на живеење.

Хармонични бои

Новата палета h.ear е достапна во бои кои совршено ќе одговараат на вашиот животен стил. Тоновите содржат спектар на нијанси и различни бои. Носете ги со вашата омилена облека - совршена хармонија.

Погледнете повеќе детали

Погледнете ја палетата h.ear од секој агол и разгледајте ги карактеристиките на дизајнот.

Удобни и преносливи

Лесни и ергономски, слушалките се преклопуваат кога не ги користите. Кога ги носите, меките ушни перничиња ви овозможуваат удобно слушање цел ден – совршено за секојдневно користење.

Компактен и удобен дизајн
Вашата музика во најдобро издание
Навистина реалистичен звук

Уживајте во деталите на звукот со квалитет подобар од CD дисковите благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува компонентите, од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. 

LDAC
Подобар звук преку BLUETOOTH®

LDAC™ пренесува повеќе податоци од стандардните безжични Bluetooth® врски, за исклучителен квалитет на звук сличен на звукот со висока резолуција.

DSEE HX
Обновете ги деталите во вашата музика

Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE HX ги репродуцира вашите дигитални музички фајлови со богат и природен звук. 

Изберете што ќе слушате

Со поништувањето на шумот, режимот за амбиентален звук и функцијата за брзо стишување добивате целосна контрола врз доживувањето при слушањето. 

Поништување на шумот го блокира надворешниот свет

Сакате да бидете сами со вашата музика? Активирајте го поништувањето на шумот и слушалките ќе ги стишат амбиенталните звуци од вашето опкружување.

Слушајте го вашето опкружување со режимот за амбиентален звук

Понекогаш не сакате да блокирате сè. Режимот за амбиентален звук ќе ви овозможи истовремено да ги слушате и неопходните звуци, како сообраќајот, и вашата музика.

Функцијата за брзо стишување ви овозможува да разговарате

Сакате да разговарате? Држете ја дланката врз сензорот за допир и музиката ќе се стиши, додека звукот во вашето опкружување ќе се засили.

Лесно прилагодување и контрола

Контролите на допир и апликацијата Sony | Headphones Connect овозможуваат лесно синхронизирање на вашите слушалки по ваша желба.

Sony | Апликација Headphones Connect
Прилагодувајте ги поставките преку вашиот телефон

Апликацијата Sony | Headphones Connect ви овозможува да ги прилагодите поставките на еквалајзерот, да изберете параметри за опкружувачки звук и многу повеќе.

Контроли на допир
Допрете за да прескокнете песни

Одговарајте на телефонски повици, контролирајте ја музиката и активирајте го Google Assistant или Siri со едноставни контроли на допир.

Бидете попаметни со гласовниот помошник

Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.

WH-H900N со Google Assistant
Батерија што трае цел ден
Батерија што трае цел ден

Со батерија која трае до 28 часа помеѓу две полнења, може да уживате во безжична репродукција цел ден. Исто така, батеријата брзо се полни - за само 10 минути полнење ќе имате доволно енергија за 65 минути репродукција.

Спецификации и функции

Уживајте во повеќе музика, поголема удобност и бои што одговараат беспрекорно на вашиот стил. Слушалките h.ear on 2 Wireless NC нудат звук со висока резолуција за врвен квалитет и подобро проследување преку BLUETOOTH® со LDAC™. Дигиталното поништување на шум може да го блокира надворешниот свет или да ги пропушти звуците што сакате да ги слушнете.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX™ го подобрува квалитетот на компресираната музика приближно до звук со висока резолуција

  • Дигиталното поништување на шум и режимот за амбиентален звук ви овозможуваат да контролирате што слушате

  • Контролен панел со сензор на допир за едноставно ракување

  • Прилагодете го вашиот звук со помош на апликацијата Sony | Headphones Connect

ЗВУЧНИК
40 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
S-Master HX
Не
DSEE HX
Да
ВЛЕЗ(ОВИ)
Микро USB, мини стерео приклучок
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (АКТИВНО КОРИСТЕЊЕ)
5 Hz - 40.000 Hz (JEITA)
ПАСИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Да
NFC
Да
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
Прибл. 1,2 м

Што има во пакетот

Футрола за носење, Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м), USB кабел: Микро USB (прибл. 50 см)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина