h.ear on 2 Mini Wireless

Ваши бои, компактна форма

Добијте сопствен стил и звук со слушалките h.ear on 2 Mini Wireless. Звукот со висока резолуција нуди врвен квалитет и подобро проследување преку Bluetooth® од LDAC. Компактниот дизајн ви овозможува да ја носите музиката со вас.

h.ear colours
Hear Your Colours

Внесете хармонија во животот со боите на палетата h.ear. Таа е достапна во пет уникатни бои што беспрекорно одговараат на вашиот стил и начин на живеење.

Хармонични бои

Новата палета h.ear е достапна во бои кои совршено ќе одговараат на вашиот животен стил. Тоновите содржат спектар на нијанси и различни бои. Носете ги со вашата омилена облека - совршена хармонија.

Погледнете повеќе детали

Погледнете ја палетата h.ear од секој агол и разгледајте ги карактеристиките на дизајнот.

Ви одговара и вам и на вашиот стил на живеење

Лесната лента за на глава се приспособува кон обликот на вашата глава и стилот на косата, за да изгледате најдобро. Кога не ги носите h.ear on 2 Mini Wireless, може да ги преклопите за полесно носење.

Слушајте повеќе од музиката што ја сакате
Навистина реалистичен звук

Уживајте во деталите на звукот со квалитет подобар од CD дисковите благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува компонентите, од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. 

LDAC
Подобар звук преку BLUETOOTH®

LDAC пренесува повеќе податоци од стандардните безжични Bluetooth® врски, за исклучителен квалитет на звук сличен на звукот со висока резолуција.

DSEE HX
Обновете ги деталите во вашата музика

Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE HX ги репродуцира вашите дигитални музички фајлови со богат и природен звук. 

Детално прилагодување на вашиот звук 

Со бесплатната апликација Sony | Headphones Connect може да ги менувате поставките за звук преку паметен телефон. Прилагодувајте го еквалајзерот, менувајте ги нивоата на басот и избирајте однапред поставени параметри за звук за да слушате музика на ваш начин.

Век на траење на батеријата
Батерија што трае цел ден

Слушајте музика од утро до вечер со батеријата што трае до 24 часа пред да треба да ја наполните. Батеријата се полни брзо - полнете ја само 10 минути и ќе добиете доволно енергија за репродукција од 90 минути.

Спецификации и функции

Добијте сопствен стил и звук со слушалките h.ear on 2 Mini Wireless. Звукот со висока резолуција нуди врвен квалитет и подобро проследување преку Bluetooth® од LDAC. Компактниот дизајн ви овозможува да ја носите музиката со вас.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX™ го подобрува квалитетот на компресираната музика приближно до звук со висока резолуција

  • Компактен дизајн на преклопување за практично носење

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC™ со еден допир

  • Прилагодете го вашиот звук со помош на апликацијата Sony | Headphones Connect

Звучник
40 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
S-Master HX
Не
DSEE HX
Да
Влез(ови)
Микро USB, мини стерео приклучок
Фреквентен одзив
5 Hz - 40.000 Hz (JEITA)
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
Пасивно функционирање
Да
NFC
Да
Должина на кабел
Прибл. 1,2 м

Што има во пакетот

Футрола за носење, Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м), USB кабел: Микро USB (прибл. 50 см)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина