ЛЕНТА ЗА НА ГЛАВА

Безжични слушалки со поништување на шум WH-CH710N

WH-CH710N
WH-CH710N

bluewhiteblack

WH-CH710N
WH-CH710N
WH-CH710N
WH-CH710N
WH-CH710N
WH-CH710N
WH-CH710N
WH-CH710N
Беспрекорен звук без прекини 

Безжичните слушалки со поништување на шум WH-CH710N нудат моќен звук без пречки, каде и да сте. Поништувањето на шум со технологијата за два сензори за шум и режимот за амбиентален шум ви овозможуваат да ја преземете контролата врз звукот што го слушате, а со безжичната репродукција до 35 часа може да слушате музика цел ден.

боја
Слушалки што ве одвојуваат
од светот 

Без разлика дали вашиот лет трае долго или патувате кон работа, функцијата за автоматско поништување на шум со вештачка интелигенција (AINC) постојано ги анализира компонентите на амбиенталниот звук во опкружувањето и автоматски го избира најефикасниот филтер за поништување шум.

Контролирајте го со технологијата за два сензори за шум

Двата микрофони насочени нанапред и наназад им овозможуваат на слушалките WH-CH710N да снимаат амбиентални звуци како никогаш досега. Без разлика дали ќе сакате да го блокирате градскиот метеж или шумот во канцеларијата, ќе можете целосно да потонете во музиката.

nc
Прилагодете го вашиот звук

Режимот за амбиентален звук ви нуди контрола врз вашето доживување при слушањето. Вклучете го за да ја слушате вашата музика заедно со неопходните секојдневни звуци заради ваша безбедност, како што се звуците од сообраќајот и известувањата за транспорт.

Икона за полнење
Слушајте по цел ден со брзото полнење

Вградената литиум-јонска батерија ви овозможува да слушате до 35 часа со едно полнење. Брзото полнење ќе ви овозможи да репродуцирате музика до 60 минути со полнење од само 10 минути.

Удобно слушање
Не пропуштајте ниту нота со звучниците од 30 мм

Новите звучници од 30 мм создаваат чист и остар звук и покрај тоа што слушалките имаат лесна и удобна форма, што е идеално за репродукција на голем опсег на фреквенции.

слушалки на маса
Повици без користење на рацете преку вашиот помошник

Со притиснување на едно копче може да се поврзете со гласовниот помошник на вашиот паметен телефон за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите.

Разговори без користење на рацете
Појасни повици без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте. WH-CH710N нудат појасен квалитет на звукот за вашиот соговорник при телефонските повици. 

Икона за NFC
NFC™ со еден допир за моментална музика

Со технологијата NFC™ (поле за комуникации во близина) може да почнете да проследувате музика со еден допир. Треба само да го допрете избраниот уред со NFC™ врз ознаката N на неговото куќиште за да воспоставите врска на брз и едноставен начин.

Bluetooth®
Квалитетно проследување преку Bluetooth®

Немате NFC™? Нема проблем. Поврзете го вашиот уред рачно со вклучување на функцијата Bluetooth® во менито со поставки на уредот.

Спецификации и функции

Слушајте повеќе детали од музиката и помалку шум од заднината со слушалките со поништување на шум WH-CH710N што нудат поништување на шум со вештачка интелигенција (AINC) преку технологијата за два сензори за шум.
  • Поништувањето на шум се прилагодува кон вашето опкружување со технологијата за два сензори за шум

  • Слушајте повеќе детали со звучниците од 30 мм

  • Долготрајно слушање со батерија што трае до 35 часа и брзо полнење

  • Безжично проследување преку Bluetooth® со NFC™ со еден допир

  • Компатибилност со паметни телефони за повици без користење на рацете и за управување преку гласовниот помошник

ВЛЕЗ(ОВИ)
Мини стерео приклучок
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
7 Hz - 20.000 Hz (JEITA)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (АКТИВНО КОРИСТЕЊЕ)
20 Hz-20.000 Hz (ВКЛУЧЕНО НАПОЈУВАЊЕ)(жично)
ПАСИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Да
NFC
Да
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина