Безжични слушалки со поништување на шум WH-CH700N
Безжичните слушалки со поништување на шум WH-CH700N се создадени за долготрајно слушање во движење. Поништувањето на шумот со вештачка интелигенција (AINC) со еден допир се прилагодува кон вашето опкружување за да можете да го елиминирате несаканиот шум додека патувате.
Слушајте без кабли и блокирајте го несаканиот шум во заднина со дигиталното поништување на шум за да ја слушате само омилената музика.
Поништувањето на шум со вештачка интелигенција (AINC) го анализира звукот во заднина и го прилагодува за да овозможи оптимални перформанси во авиони и други бучни опкружувања. Притиснете и задржете го копчето NC на слушалките за да го активирате NC.
Благодарение на технологијата NFC™ (поле за комуникации во близина), сложените поставки се дел од минатото. Само допрете ја ознаката N на куќиштето со одредени уреди што поддржуваат NFC™ за да ги поврзете брзо и лесно, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth® врска. Немате NFC™? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку менито со поставки на вашиот уред.
Слушајте музика преку целиот ден. Вградената литиум-јонска батерија нуди енергија до 35 часа (во зависност од поставките за музика) и може да се полни преку USB. Брзото полнење овозможува репродукција до 60 мин. со полнење од 10 минути.
Добијте повеќе од вашата музика со звучниците од 40 мм во вид на купола што нудат длабок бас и широк фреквентен опсег.
Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот извор на музика е компримиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка.
Прилагодете го звукот на слушалките до совршенство со бесплатната апликација Sony | Headphones Connect за Android и iOS. Прилагодувајте ги нивоата на звукот и режимите за дигитално звучно поле користејќи голем избор на однапред поставени параметри и прилагодливи поставки за EQ од вашиот паметен телефон. Технологијата Virtualphones (VPT) симулира звук во стил на отворена бина, ноќен клуб, сала или арена.
Металниот лизгач ви овозможува да ги прилагодите слушалките за да ја добиете совршената големина.
Меките ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за прилепено и удобно поставување.
Слушалките се преклопуваат за лесно пакување во куфер или чување во торба, за да можете да ги транспортирате безбедно каде и да одите.
Продолжете да слушате и откако ќе се испразни батеријата. Испорачаниот кабел ви овозможува да слушате во секое време, а може и да го продолжи периодот за слушање со режим за поништување на шум до 50 часа.