Слика од Безжични слушалки WH-CH500
Слика од Безжични слушалки WH-CH500
Слика од Безжични слушалки WH-CH500
Слика од Безжични слушалки WH-CH500
Слика од Безжични слушалки WH-CH500
Безжично и едноставно 

Слушајте ја вашата музика цел ден, без прекини. Проследувајте безжично преку BLUETOOTH®-врска, со лесно впарување преку NFC™ со еден допир и батерија со голема издржливост до 20 часа.

Лого за BLUETOOTH®
Безжично проследување преку Bluetooth® врска

Безжично проследување на вашите омилени песни преку Bluetooth®-врска, со впарување на вашиот паметен телефон или таблет-уред.

Лого за NFC™
NFC™ со еден допир за брзо поврзување

Допрете ја ознаката N на куќиштето со одредени уреди што поддржуваат NFC™ за да ги поврзете брзо и лесно, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth®-врска.

Батерија што трае 20 часа
Уживајте во безжично слушање со батеријата што трае до 20 часа

Слушајте песни преку целиот ден. Вградената литиум-јонска батерија нуди енергија за безжично користење до 20 часа и се полни преку микро USB-приклучок.

Слушалки WH-CH500 со звучници од 30 мм
Слушајте повеќе со звучници од 30 мм

Слушајте повеќе детали и посилен бас од компактните и лесни звучници.

Повици без користење на рацете и гласовен помошник
Повици без користење на рацете и гласовен помошник

Разговарајте со пријателите и вашите гласовни помошници без да го вадите телефонот од џеб или торба. Притиснете го и задржете го копчето за репродукција на слушалките за да го активирате гласовниот помошник на Android1 или iOS и воспоставувајте повици без користење на рацете преку вградениот микрофон.

Лесен дизајн 

Тенката прилагодлива лента за на глава и меките ушни перничиња се одликуваат со одличен изглед и удобност.   

дизајн со можност за вртење
Дизајн со можност за вртење 

Слушалките се преклопуваат за да можете лесно да ги ставите во торба и да ги транспортирате безбедно, без разлика каде одите. 

Изберете ја вашата боја 

Изберете помеѓу црна, сива или сина боја - таа што најмногу ви одговара.  

Спецификации и функции

Слушајте ја вашата музика цел ден, без прекини. Проследувајте безжично преку BLUETOOTH®-врска, со лесно впарување преку NFC™ со еден допир и батерија со голема издржливост до 20 часа.
  • Безжично проследување преку BLUETOOTH® со NFC™ со еден допир

  • Компактен звучник од 30 мм

  • Време на репродукција до 20 часа

  • Лесно воспоставување повици без користење на рацете и користење на гласовниот помошник преку микрофонот

  • Дизајн со завртување за лесно патување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина