WH-1000XM3
Слушалките WH-1000XM3 ви овозможуваат уште повеќе да се задлабочите во тишината со нашето подобрено поништување на шум што е водечко во индустријата и со паметното слушање кое се прилагодува на ситуацијата.
WH-1000XM3
Слушалките WH-1000XM3 ви овозможуваат уште повеќе да се задлабочите во тишината со нашето подобрено поништување на шум што е водечко во индустријата и со паметното слушање кое се прилагодува на ситуацијата.
Видете што ќе се случи кога ќе останете сами со вашата музика благодарение на поништувањето на шум кое блокира повеќе надворешни звуци од кога и да е досега. Видете и колку паметни може да бидат слушалките со напредна технологија за поништување на шум како што е приспособливата контрола на звук, како и колку се практични паметните функции како што се брзото стишување, компатибилноста со гласовен помошник и контролата на допир.
Избегнете ги звуците на градот со врвно поништување на шум . Нашата технологија за поништување шум кај слушалките WH-1000XM3 е најнапредна досега, а тие се опремени со ушни перничиња со добро прилепување и процесор QN1 за HD-поништување на шум.
Нашиот нов HD-процесор за поништување на шум QN1 овозможува големо подобрување на поништувањето на шум. Наменскиот процесор за поништување на шум исто така овозможува над репродукцијата на вашата музика никогаш да не влијаат перформансите на процесорот.
Повеќето слушалки со поништување на шум се дизајнирани да го блокираат шумот на возилата додека патувате. Слушалките WH-1000XM3 не се исклучок, но се и многу ефикасни во блокирањето на секојдневните шумови што може да ги чуете при прошетката во град.
LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот безжичен BLUETOOTH®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со наменска жична врска.
Вградениот засилувач во HD-процесорот за поништување на шум QN1 нуди најдобар сооднос помеѓу сигнал и шум во својата класа, како и ниско изобличување за преносливите уреди и извонреден квалитет на звук. Овие слушалки имаат моќни звучници од 40 мм со мембрана од течни кристали и полимер (LCP) и овозможуваат моќни ритами и репродукција на фреквенции од целиот опсег, до 40 kHz.
Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните датотеки до квалитетот на звукот со висока резолуција. DSEE HX™ ги обновува високите фреквенции што се губат при компресирањето за да ги репродуцира датотеките со богат и јасен звук.
Видете како приспособливата контрола на звук автоматски открива дали патувате, пешачите или чекате, па според тоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук. Со помош на режимот за брзо стишување, може да комуницирате без да ги извадите слушалките - едноставно поставете ја раката врз куќиштето за да ја намалите јачината на звукот за да можете веднаш да разговарате.
Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.
Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика.
Слушајте важни соопштенија додека чекате, со помалку шум во заднина.
SENSE ENGINE™ ви овозможува да ја вклучувате и исклучувате вашата музика со еден допир.
Преземете ја апликацијата Sony I Headphones Connect за да користите паметно слушање со приспособлива контрола на звук, да ги контролирате поставките за амбиентален звук и да ги прилагодувате нивоата на звукот преку еквалајзерот.
Комуницирајте без да ги отстранувате слушалките. Ставете ја дланката врз куќиштето за да ја намалите јачината на звукот и веднаш да почнете да разговарате.
Прилагодете го амбиенталниот звук со апликацијата Sony | Headphones Connect за да ги слушате неопходните звуци од опкружувањето додека слушате музика во движење.
Пронајдете ја совршената боја на звукот за сите песни во однапред поставените параметри што лесно може и да ги прилагодите по ваша желба со апликацијата Sony | Headphones Connect.
Потонете во звукот каде и да сте. Уживајте во звук што е оптимизиран за слушање во различни опкружувања како отворени бини, клубови, сали и арени.
Изберете ја насоката од која сакате да се генерира звукот, на ист начин како и кај безжичните звучници.
Неверојатно меките ушни перничиња од уретанска пена кои го намалуваат притисокот еднакво го распоредуваат притисокот и го подобруваат контактот со перничињата за стабилно поставување. Удобноста дополнително ја зголемува поголемата и подлабока ергономска структура на просторот за ушите. Со новиот, полесен дизајн вашата музика ќе биде единственото нешто што ќе го забележувате цел ден.
Сè е на дофат на вашите прсти. Одговарајте на повиците без користење на рацете со помош на двоен допир - или менувајте ги песните, прилагодете ја јачината на звукот и воспоставувајте повици со допирање и лизгање со прстот врз панелот. Само едно долго притиснување ве дели од помошта од гласовниот помошник во вашиот телефон.
Со огромно траење на батеријата од 30 часа, ќе имате доволно енергија дури и за долгите патувања. Доколку се брзате, може да наполните доволно енергија за 5 часа користење по само 10 минути со изборниот AC-адаптер.
Слушалките се преклопуваат навнатре за да можете уредно да ги спакувате во компактната торбичка.
Испорачаната торбичка за носење е издржлива и вклучува кабел за слушање.
Потонете во звукот. Толку реален што ќе се чувствувате како на концерт или како да сте заедно со изведувачот во музичко студио. Со 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална.
Со овие слушалки може да уживате во 360 Reality Audio.
Што има во пакетот
Торба за носење, Адаптер за употреба во авион, Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м), USB кабел: Type-C™ (прибл. 20 см)