WH-1000XM2
Без напор и без тешки поставки, само поништување на шум што е водечко во индустријата и прилагодено според вас и вашиот стил на живеење.
WH-1000XM2
Без напор и без тешки поставки, само поништување на шум што е водечко во индустријата и прилагодено според вас и вашиот стил на живеење.
Поништувањето на шум што е водечко во индустријата1 стана уште попаметно, со лично оптимизирање и оптимизирање на атмосферскиот притисок кои овозможуваат прилагодување кон начинот на кој слушате и висината на која се наоѓате.2
Оптимизирањето на атмосферскиот притисок овозможува оптимален звук на големи надморски височини.2
Личното оптимизирање ги анализира вашите лични карактеристики како големина на глава, очила и коса, а потоа го оптимизира звукот според нив.
Проследувајте ја вашата музика и слушајте ја без кабли и шум.
Паметното слушање со приспособлива контрола на звук автоматски открива дали патувате, пешачите или чекате, па според тоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук. Прилагодете ги по ваша желба со апликацијата Sony I Headphones Connect.
Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.
Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика.
Слушајте важни соопштенија додека чекате, со помалку шум во заднина.
SENSE ENGINE™ ви овозможува да ја вклучувате и исклучувате вашата музика со еден допир.
Преземете ја апликацијата за да користите паметно слушање со приспособлива контрола на звук, да ги контролирате поставките за амбиентален звук и да ги прилагодувате нивоата на звукот преку еквалајзерот.
Прилагодете го амбиенталниот звук со апликацијата Sony | Headphones Connect за да ги слушате неопходните звуци од опкружувањето додека слушате музика во движење.
Комуницирајте без да ги отстранувате слушалките. Ставете ја дланката врз куќиштето за да ја намалите јачината на звукот и веднаш да почнете да разговарате.
Потонете во звукот каде и да сте. Уживајте во звук што е оптимизиран за слушање во различни опкружувања како отворени бини, клубови, сали и арени.
Пронајдете ја совршената боја на звукот за сите песни во однапред поставените параметри што лесно може да ги прилагодите по ваша желба со апликацијата Sony | Headphones Connect.
Слушајте музика што е верна на оригиналната снимка со звукот со висока резолуција. S-Master HX™ е оптимизиран за звук со висока резолуција, го намалува изобличувањето и ви овозможува да уживате во најситните детали од вашата музика.
Овие слушалки имаат моќен звучник од 40 мм со мембрана од течни кристали и полимер (LCP) што овозможува моќни ритами и репродукција на фреквенции до 40 kHz.
Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните датотеки до квалитетот на звукот со висока резолуција. DSEE HX™ ги обновува високите фреквенции што се губат при компресирањето за да ги репродуцира датотеките со богат и јасен звук.
LDAC пренесува три пати повеќе податоци(со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот безжичен BLUETOOTH® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.
Продолжете да слушате музика со издржливата батерија и брзото полнење со кое добивате 70 минути за репродукција со полнење од само 10 минути.
Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.
Сите песни и повици можат лесно да се контролираат преку панелот на допир што е поставен странично на слушалките.
Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со двоен допир.
Менувајте песни, менувајте ја јачината на звукот и одговарајте или воспоставувајте повици со допирање или лизгање на прстот врз панелот.
Слушалките за преку уво со дизајн на вртење се преклопуваат за да можете лесно да ги складирате во торбичката за носење заедно со нивниот кабел.
Подгответе се за патување. Приклучете го кабелот во адаптерот за приклучоци во авиони за едноставно слушање додека патувате со авион.
Користете го испорачаниот кабел за непрекинато слушање на звук со висока резолуција и поништување на шум до 40 часа.
Што има во пакетот
Адаптер за употреба во авион, Кабел за слушалки (прибл. 1,5 м, жици од OFC, позлатен мини стерео приклучок), Кабел за USB, Торба за носење