Безжични слушалки со поништување на шум MDR-ZX770BN
Слушајте повеќе со поништување на шумот и со Bluetooth®
Отстранувајќи ги различните амбиентални шумови, нашите безжични слушалки со поништување на шум MDR-ZX770BN со моќни звучници и бас со ниски фреквенции ви нудат уживање во музиката без шумовите на секојдневието. Вградениот Bluetooth® и слушањето со еден допир со NFC ќе ви овозможи да не се грижите за каблите кои пречат.
Вашите слушалки автоматски го избираат оптималниот профил за поништување шум врз основа на вашето опкружување.
Користете NFC за брзо поврзување, а потоа проследувајте ги омилените песни преку Bluetooth®.
Слушајте музика од зори до самрак со поништување на шум и активен Bluetooth®.
Прецизен звук со моќни технологии
Слушнете ги сите удари на басот и сите звуци на гитарите со совршена јасност. Динамичките неодимиумски звучници од 40 мм нудат брз одзив за репродукција на вокали и ноти со среден до висок опсег, а големите отвори обезбедуваат моќен ритмички бас. Со голема чувствителност од 98 dB/mW со активно поништување на шумот, овие слушалки ги репродуцираат дури и најтивките звуци.
Голема чувствителност
Гласна и јасна музика од кој било домашен или пренослив уред.
Благодарение на вградениот микрофон и копчето за телефон, можете да одговарате на повици без користење на рацете и без отстранување на слушалките.
Со вградената поддршка за кодеците AAC и SBC, можете да проследувате преку Bluetooth® од вашиот паметен телефон без загуби во сигналот.
Со намалување на големината на аудио фајловите, aptX® може безжично да испраќа чист звук преку Bluetooth® за да уживате во квалитет како CD насекаде и во секое време.
Носете ги на работа или во локалниот кафе-бар. Со прилагодлива лента за на глава и меки удобни ушни перничиња, овие слушалки ќе ви овозможат да уживате при слушањето без разлика каде одите.
Лизгачот од челик кој не 'рѓосува ви овозможува совршено поставување, а истовремено нуди и одлична издржливост.
Меките ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за прилепено и удобно поставување.
Спецификации и функции
- Звучник
- 40 мм, динамички – тип на купола
- Фреквентен одзив
- 8Hz-22000Hz (жично)
- Должина на кабел
- 1,2 м