СЛУШАЛКИ MDR-Z7 

Сите спецификации и функции

MDR-Z7

Големина и тежина

Тежина
335 гр. (без кабел)

Општи карактеристики

Затворен вид
Да
Звучник
70 мм, динамички – тип на купола
Опкружувачки вид
Да
Динамичен вид
Да
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
70Ω(1kHz)
Фреквентен одзив
4–100.000Hz
Чувствителности (dB/mW)
102 dB/mW
Вид на жица
Во форма на Y (отстранлив)
Должина на кабел
2 м (кабел за балансирано поврзување), 3 м (кабел за поврзување)
Приклучник
Позлатен мини
Начин на носење
Headband, Поставување преку увото

Што има во пакетот

  • Гарантен лист
  • Упатство за употреба
  • Универзален адаптер
  • Кабел за слушалки (прибл. 3 м)
  • Кабел за слушалки за балансирано поврзување (прибл. 2 м)
Placeholder

Функции

Слика од Слушалки MDR-Z7

Уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција 

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Со конвертирање на аналогната во дигитална музика со повисока стапка од CD дисковите (24 бита/192kHz, наместо 16 бита/44,1kHz), звукот со висока резолуција ви овозможува да се доближите до оригиналната снимка и да уживате во музиката како што ја замислил изведувачот.

Слика од Слушалки MDR-Z7

Огромните HD звучници нудат моќен звук

Огромните HD звучници од 70мм ја репродуцираат вашата музика со прецизни ноти, без разлика колку ќе ја зголемите јачината на звукот. Поради нивните големи димензии, овие звучници создаваат ефект на рамни бранови во слушалките кој спречува доцнење на рефлектирањата и ги минимизира загубите во звукот. На тој начин може да ги слушнете сите чувства и целата енергија на оригиналната снимка, со моќен бас и кристално чисти високи тонови. 

Слика од Слушалки MDR-Z7

Широк фреквентен одзив за звук со целосен опсег

Широкиот фреквентен опсег – од 4 Hz до 100 kHz – е дизајниран за денешните различни музички стилови. Ниската фреквенција од 4 Hz на фреквентниот опсег нуди доволно слобода дури и за најдлабоките бас тонови. При максимален опсег од 100 kHz, ќе можете да уживате во вокали, детални звучни хармонии и тонови, внесувајќи повеќе реалистичност во вашата музика.

Слика од Слушалки MDR-Z7

Висока чувствителност за јасни перформанси

Со голема чувствителност од 102dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате појасен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук.  

Слика од Слушалки MDR-Z7

LCP дијафрагма обложена со алуминиум за поголема прецизност

Дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер која е обложена со алуминиум нуди поконстантен и прецизен звук низ целиот фреквентен опсег отколку стандардните LCP звучници. Звучната енергија која се губи при преносот кон куќиштето на слушалките е порамномерна, за да се обезбедат вистински и автентични перформанси. Исто така, ќе уживате во порамен фреквентен опсег, дури и кога слушате неверојатно високи фреквенции од звукот со висока резолуција. 

Слика од Слушалки MDR-Z7

Дизајнот со затворена задна страна со превиткување го задржува звукот

Дизајнот со затворена задна страна се обвиткува околу увото, задржувајќи ја музиката и одбивајќи ги несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши, за да ги слушнете и најдеталните звуци. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика. 

Слика од Слушалки MDR-Z7

Балансираниот звук ги елиминира пречките

Со балансираното поврзување со 4 жици и сребрено-бакарниот двоен кабел се подобрува разделувањето на аудио каналите за подобар звук. За разлика од стандардните слушалки кои имаат заедничка жица за заземјување, кабелот содржи лева, десна и независна жица за заземјување за двата канали, поради што ќе слушате помалку изобличувања и пречки. 

Слика од Слушалки MDR-Z7

Произведен во Јапонија за да понуди извонреден квалитет 

Производите на Sony произведени во Јапонија претставуваат синоним за апсолутни перформанси и квалитет. За создавање на слушалките кои ги надминуваат границите за чистота на звукот се користат само најдобрите компоненти и техники на производство. 

Слика од Слушалки MDR-Z7

Целосниот метален дизајн овозможува стабилен звук

Конструирани од метал со голема густина, овие слушалки ги елиминираат несаканите вибрации и нудат стабилен звук. Металното куќиште има помала резонанса од куќиштата изработени од постандардни материјали и овозможува појасни средни и високи тонови и порамномерни звуци со ниска фреквенција. Обвивката на прицврстувачот, отворот и компонентите од метал нудат одлична издржливост. За поголема удобност при носењето, лесните и флексибилни метални слушалки можат лесно да се прилагодат за да одговараат на вашата глава. 

Слика од Слушалки MDR-Z7

Луксузни кожни ушни перничиња за потполна удобност

Меки кожни ушни перничиња, дизајнирани да ја прилагодат формата според вашите уши, за да овозможат безбедно и удобно поставување. Меките материјали и беспрекорната изолација нудат хармонична комбинација од удобност и издржливост за слушање со часови.

Слика од Слушалки MDR-Z7

Компатибилен е со PHA-3 за да ви понуди звук со висока резолуција 

Понесете ја вашата музика чекор подалеку. Изборниот пренослив DAC засилувач PHA-3 го конвертира сигналот на дигиталниот излез на вашиот компјутер, паметен телефон или Walkman® во аналоген излез за засилување. Еден од првите засилувачи за слушалки кој поддржува 384kHz/32-битен PCM, DSD (5,6MHz) и балансиран аудио излез - тој е совршен за впарување со овие слушалки.