Ви прикажуваме што се крие зад врвниот звук. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.
Слушалки MDR-Z7
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Најдоброто од звукот и удобноста за љубителите на музиката
Нашите врвни слушалки репродуцираат тивки звуци со висока фреквенција до 100kHz – за прв пат во технологијата на слушалките. Благодарение на HD звучниците од 70мм кои се одликуваат со дијафрагми со течни кристали и слој од полимер, како и потполно металниот дизајн, ќе ја добиете потребната острина за да уживате во звук со висока резолуција – за музика која наликува на изведба во живо.
Уживајте во врвна прецизност и детална динамика со огромниот звучник од 70мм.
Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи тонови со звук со целосен опсег до 100kHz.
Репродуцирајте гласна и јасна музика од кој било домашен систем или пренослив уред со висока чувствителност од 102 dB/mW.
Не жртвувајте ништо во потрагата по совршенство
Добијте реален звук со сите чувства и целата енергија на оригиналната снимка. Огромниот HD звучник од 70мм ја репродуцира вашата музика со прецизни ноти, дури и при голема јачина на звукот.
Комбинацијата од дијафрагма со течни кристали и полимер со слој од алуминиум нуди попрецизен звук низ целиот фреквентен опсег за разлика од стандардните LCP звучници.
Помалите звучници од 40мм создаваат звук во вид на сферични бранови, кои можат да предизвикаат доцнење на рефлектирањата во самите слушалки.
Значително поголемиот звучник од 70мм создава обични бранови со порамен ефект кои спречуваат доцнење на рефлектирањата и загуби во звукот.
Звукот со висока резолуција обично се снима со 96kHz/24 бита или, пак, со 192kHz/24 бита – многу повеќе од CD дисковите.
Додека кај CD дисковите и MP3 песните највисоката фреквенција изнесува 20kHz, звукот со висока резолуција поддржува фреквенции над 80kHz (до 100kHz кај овој модел) и поширок динамички опсег.
Дизајнот со обвиткување го опфаќа целото уво, ја задржува музиката и ги одбива несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши за добивање најдетален звук.
Со балансираниот кабел кој се состои од четири бакарни жици обложени со сребро и независните жици за заземјување за двата канали (во сина и жолта боја), ќе слушате чист и прецизен звук.
Освен балансиран кабел, овие слушалки имаат и двослоен кабел од 3 метри, кој содржи бакарна жица за јасни високи тонови, обложена со сребро за богат бас.
Создадени и тестирани со беспрекорна прецизност
Производите на Sony произведени во Јапонија претставуваа синоним за апсолутни перформанси и квалитет. За создавање на слушалките кои ги надминуваат границите за чистота на звукот се користат само најдобрите компоненти и техники на производство.
Металното куќиште има помала резонанса од куќиштата изработени од стандардни материјали. Издржливоста е исклучителна благодарение на прицврстувачот, лентата за на глава и компонентите од метал.
Резонансата е помала, па затоа ќе уживате во појасни средни и високи тонови и порамномерни звуци со ниска фреквенција.
Подготвени за секојдневните удари и потреси, благодарение на обвивката на прицврстувачот, отворот и компонентите од метал.
Посилни, полесни и пофлексибилни од стандардните материјали, за стабилно и удобно поставување.
Дизајнирани за потполно музичко задоволство
Слушнете повеќе детали од вашата музика со затворениот и опкружувачки дизајн кој цврсто се поставува преку вашите уши. Меките кожни ушни перничиња ја прилагодуваат формата според вашите уши за да овозможат удобно поставување.
Модерни и префинети. Елегантен, а сепак нагласен дизајн. Овие стилски слушалки изгледаат исто толку добро како и звукот кој го репродуцираат, имаат мазна метална завршна обработка и обложени ушни перничиња со црна кожа. Врвен и професионален изглед за сите на кои им е важен стилот.
Спецификации и функции
- Звучник
- 70 мм, динамички – тип на купола
- Фреквентен одзив
- 4–100.000Hz
- Должина на кабел
- 2 м (кабел за балансирано поврзување), 3 м (кабел за поврзување)
Што има во пакетот
Гарантен лист, Инструкции за користење, Адаптер со универзален приклучок, Кабел за слушалки (3 м), Кабел за слушалки за балансирано поврзување (2 м)