Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Тежина
- 280 г
Општи карактеристики
- Звучник
- 40 мм, динамички
- Динамичен вид
- Да
- Фреквентен одзив
- 3–28.000Hz (со испорачан кабел за слушалки)
- Чувствителности (dB/mW)
- 102 dB/mW (со испорачан кабел за слушалки)
- Контрола на јачина на звук
- Да(тастер)
- Должина на кабел
- 1,2 м (испорачан стерео кабел за поврзување)
- Приклучник
- Позлатен мини стерео приклучок во форма на L (испорачан стерео кабел за поврзување)
- Начин на носење
- Headband, Поставување преку увото
Микрофон
- Тело на микрофонот
- Електрет кондензатор
- Насока на микрофонот на кабелот
- Во сите насоки
Опции на бои
Што има во пакетот
- Кабел за поврзување
- USB кабел
- Гарантен лист
- Инструкции за користење
- Кратко упатство за почеток

Функции
Електронско засилување на басот за ритами како во ноќните клубови
Почувствувајте како вибрираат слушалките со длабок бас како во ноќните клубови. Електронското засилување на басот е моќен засилувач на басот кој го засилува звукот со ниска фреквенција преку дигитална обработка на сигнали. Напојувајќи се преку батеријата на полнење во слушалките, оваа технологија нуди многу поголемо прекрасно доживување на длабокиот бас отколку стандардните засилувачи за бас. Електронското засилување на басот може да се вклучи и исклучи, во зависност од музиката која ја слушате.
Моќен бас со контрола на одзив за ритамот
Технологијата за контрола на одзив за ритамот обезбедува цврст и длабок бас, што ја прави совршена за музичките стилови фокусирани на ниските фреквенции. Отворот за воздух овозможува максимален проток на воздух во опсегот на ниски фреквенции, со што ја оптимизира ефикасноста на дијафрагмата и овозможува попрецизна репродукција на басот.
Напредна структура за директни вибрации за добивање балансиран бас
Напредна структура за директни вибрации на слушалките ќе ви овозможи да уживате во балансиран одзив на басот – независно од вашиот музички стил. Секоја слушалка има по две флексибилни дијафрагми, предна и задна, кои се добро прилепени за да го изолираат басот на вашата музика со цел да добиете рамномерни и резонантни тонови со ниска фреквенција.
Динамичните неодимиумски звучници нудат прецизен звук
Лесните динамички неодимиумски звучници од 40мм на слушалките им обезбедуваат моќен ритмички одзив дури и кај песните со најголеми барања. Во комбинација со дијафрагмата со голема чувствителност, вие ќе можете да го засилите звукот на слушалките, а сепак да уживате во чист и прецизен звук низ целиот опсег.
Широк фреквентен одзив за звук со целосен опсег
Широкиот фреквентен опсег – од 3Hz до 28kHz* – е дизајниран за денешната музика во која доминира басот. Долниот крај од 3Hz на фреквентниот опсег го репродуцира секој моќен бас, додека високиот крај од 28kHz ќе ви овозможи да уживате во вокалните мелодии со исклучителна јасност. * Само пасивно функционирање; 20Hz до 20kHz A2DP
Висока чувствителност за гласни и јасни звуци
Со голема чувствителност од 102 dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате погласен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук. Â
Едноставно безжично проследување преку Bluetooth®
Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува брзо да воспоставите безжична врска на кратко растојание, која нема да се прекине поради предмети во патеката на сигналот. Штом ги впарите, слободно можете да ја проследувате омилената музика од вашиот паметен телефон или таблет уред на вашите слушалки.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Контрола со едно копче на повици од паметен телефон
Телефонски разговори додека слушате музика. Контролата со едно копче на вашите слушалки ви овозможува да воспоставувате повици без користење на рацете во секое време на вашиот паметен телефон со Android или iPhone. Исто така, можете да прескокнувате песни само со движење на вашиот прст, и лесно да вршите префрлување помеѓу песните и повиците без да ги отстранувате слушалките.
Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот и го изолираат звукот
Овалниот дизајн на ушните перничиња кои го намалуваат притисокот е прилагоден да одговара на формата на вашите уши, нудејќи ви сигурно поставување со минимално истекување на звукот. Извонредно дебели ушни перничиња со беспрекорна 3D изолација на звукот, кои ја рефлектираат акустиката назад кон вашите уши. Како резултат на тоа, ќе слушате повеќе музика со помалку надворешни пречки и максимална јачина на бас.
Дизајнот со преклопување и завртување го олеснува патувањето
Совршен пар за оние кои го живеат животот во движење. Металната лента на лизгање за на глава и дизајнот со преклопување и завртување ги прави слушалките лесни за чување кога не се во употреба или додека патувате. Слушалките се преклопуваат за да овозможат лесно пакување во куфер или чување во чанта.
Слушајте преку испорачаниот аудио кабел
Сакате ли да ја слушате вашата музика без Bluetooth®? Само поврзете го испорачаниот аудио кабел во вашите слушалки, а потоа приклучете го и омилениот музички плеер, за да уживате во висококвалитетен звук. Кабелот е долг 1,2 метри и дизајниран да го издржи секојдневното користење.