Безжични слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB950BT
Останете сами со вашата музика и вашите најдобри ритами
Разиграјте го срцето со моќен бас. Моќните неодимиумски звучници од 40мм, во комбинација со контролата на одзив за ритамот и електронското засилување на басот, репродуцираат моќни звуци како во ноќните клубови. А благодарение на вградениот Bluetooth®, никогаш повеќе не треба да се грижите за кабли кои ќе ви пречат да танцувате на омилените песни.
Слушајте моќен ритам како во ноќните клубови преку големиот и моќен звучник.
Користете NFC за брзо поврзување, а потоа проследувајте ги омилените песни преку Bluetooth®.
Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи вокали со зголемениот опсег на звукот.
Преминете на моќни и резонантни ритами. Чувствувајте поголема длабочина и јасност со електронското засилување на басот кое создава моќни ритами како во вашата омилена музика за танцување.
Овој засилувач кој се напојува со батерија го засилува звукот со ниски фреквенции преку дигитална обработка на сигнали за да овозможи прекрасно доживување при слушањето.
Контролата на одзив за ритамот користи обликувани отвори за воздух за добивање на јасен бас без изобличувања. Овие отвори го оптимизираат протокот на воздух со ниски фреквенции за прецизна репродукција на ритами со длабок бас.
Големиот звучник од 40мм со високоенергетски неодимиумски магнет совршено ја балансира моќта и прецизноста, почнувајќи од моќните удари на тапаните па сè до громогласните звуци од гитарите.
Безжично поврзување со вашиот музички плеер, паметен телефон, таблет-уред или држач за приклучување. Со Bluetooth® можете да ги слушате најновите песни без да се грижите за каблите. Брзо безжично поврзување за неколку секунди преку NFC со еден допир.
Поврзување за момент
Имајте стабилна врска на оддалеченост од 10 метри.
Слушајте во текот на целиот ден со Bluetooth®.
Разговарајте додека слушате музика. Контролата со едно копче на вашите слушалки овозможува разговори без користење на рацете, како и прескокнување песни и менување на јачината на звукот.
Носете ги со часови благодарение на обложувањето околу целото уво
Дизајнирани да звучат одлично, да изгледаат одлично и да бидат удобни. Овие слушалки со кои можете да танцувате, имаат метална лента за на главата со меко перниче и влошки за околу увото, така што може да слушате цел ден и цела ноќ. Уживајте во удобно поставување, без разлика каде ќе ве однесе музиката.
Останете удобно со ултра дебели ушни перничиња кој го изолираат звукот. Перничињата кои го намалуваат притисокот совршено се обликуваат околу вашите уши, задржувајќи ја музиката внатре, а несаканите звуци надвор.
Понесете ја вашата музика насекаде. Металната лента на лизгање за на главата и можноста за преклопување на слушалките овозможуваат лесно сместување на слушалките во куфер или торба.
Користете го испорачаниот аудио кабел за да слушате без Bluetooth®.
Полнете ги вашите слушалки преку испорачаниот микро USB приклучок и кабел.
Спецификации и функции
- Звучник
- 40 мм
- Фреквентен одзив
- 3–28.000Hz (со испорачан кабел за слушалки)
- Должина на кабел
- 1,2 м (испорачан стерео кабел за поврзување)
Што има во пакетот
Кабел за поврзување, USB кабел, Гарантен лист, Инструкции за користење, Кратко упатство за почеток