Слика од Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB950AP
Слика од Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB950AP
Слика од Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB950AP
Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB950AP на дело
Силен бас, практично користење со паметни телефони

Слушајте ги вашите најдлабоки ритами без да пропуштите телефонски повик

Почувствувајте го секој возбудлив ритам и удар на басот. Моќните неодимиумски звучници од 40мм со удобно вметнување и дизајн за околу увото овозможуваат длабок, балансиран звук, дури и при големи јачини на звук. Одговарајте на повиците без користење на рацете кога и да е можно со помош на далечинскиот управувач кој е вграден во кабелот и микрофонот.

Звучник од 40мм
Интензивен бас

Слушајте моќен ритам како во ноќните клубови преку моќниот звучник.

Извонредно широк фреквентен опсег
Широк фреквентен одзив

Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи вокали со зголемениот опсег на звукот.

Ритами кои го раздвижуваат телото

Вратете ја живоста во музиката со динамичните, балансирани ритами. Чувствувајте поголема длабочина и јасност во сѐ што слушате, дури и при големи јачини на звукот.

Засилувач на бас
Изолиран звук

Напредната структура за директни вибрации овозможува акустично изолирање на звукот за вашите уши, заробувајќи го басот. Звуците со ниска фреквенција се се подобрени со засилувач на бас за длабоки, балансирани ритами.

Контрола на одзив за ритамот
Нека започне ритамот

Контролата на одзив за ритамот користи обликувани отвори за воздух за добивање на јасен бас без изобличувања. Овие отвори го оптимизираат протокот на воздух со ниски фреквенции за прецизна репродукција на ритами со длабок бас.

Засилете ја вашата музика

Големиот звучник од 40мм со високоенергетски неодимиумски магнет совршено ја балансира моќта и прецизноста, почнувајќи од моќните удари на тапаните па сè до громогласните звуци од гитарите.

3Hz ниска фреквенција
Слушајте подлабоки тонови

Со ниска фреквенција од само 3Hz, овие слушалки репродуцираат неверојатен бас.

Голема моќност од 1000 mW
Зголемете го басот

Звучната намотка OFC овозможува голема приемна моќност од 1000 mW за континуирано моќен бас.

Потполна удобност

Носете ги со часови благодарение на обложувањето околу целото уво

Овие слушалки со кои можете да танцувате, имаат метална лента за на главата со меко перниче и влошки за околу увото за да добиете прилепено и удобно поставување, без разлика каде ќе ве однесе музиката. Завршна обработка од алуминиум. Овој лесен, но цврст материјал дава врвен изглед и чувство, потиснувајќи ги вибрациите на длабоките, резонантни ритами.

Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот

Останете удобно со ултра дебели ушни перничиња кој го изолираат звукот. Перничињата кои го намалуваат притисокот совршено се обликуваат околу вашите уши, задржувајќи ја музиката внатре, а несаканите звуци надвор.

Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот
Спакувајте ги и појдете

Понесете ја вашата музика насекаде. Металната лента на лизгање за на главата и можноста за преклопување на слушалките овозможуваат лесно сместување на слушалките во куфер или торба.

Совршени за вашиот паметен телефон

Телефонски разговори додека слушате музика

Кабелот има вграден далечински управувач и микрофон за да можете да одговорите на повиците без користење на рацете секогаш кога некој ќе ве побара на вашиот паметен телефон со Android или iPhone.

Прилагодете ја вашата музика

Со апликацијата SmartKey од Sony, можете лесно да ги поставите функциите за музика на вашиот паметен телефон Xperia™. Репродуцирајте, паузирајте, прескокнувајте песни и менувајте ја јачината на звукот, сето тоа преку слушалките.

Контрола врз вашите повици

Прилагодете го копчето за повици на вашиот Xperia™ паметен телефон. Започнувајте и прекинувајте повици или, пак, прилагодете ја јачината на звукот со далечинскиот управувач на кабелот. Сето тоа е можно со апликацијата SmartKey од Sony.

Спецификации и функции

Почувствувајте го секој возбудлив ритам и удар на басот. Моќните неодимиумски звучници од 40мм со удобно вметнување и дизајн за околу увото овозможуваат длабок, балансиран звук, дури и при големи јачини на звук. Одговарајте на повиците без користење на рацете кога и да е можно со помош на далечинскиот управувач кој е вграден во кабелот и микрофонот.
  • Далечински управувач и микрофон на кабелот, компатибилни со паметни телефони

  • EXTRA BASS за звук како во ноќните клубови

  • Контролата на одзив за ритамот ги намалува изобличувањата на моќниот бас

  • Слушалки што се вртат за полесна преносливост

  • Испреплетен кабел, должина од 1,2 м

Звучник
40 мм, динамички – тип на купола
Фреквентен одзив
3–28.000 Hz
Должина на кабел
1,2 м
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина