MDR-XB650BT
Слушалките MDR-XB650BT нудат комбинација од длабок и моќен EXTRA BASS™ звук, безжична слобода и долготрајна удобност при слушањето.
MDR-XB650BT
Слушалките MDR-XB650BT нудат комбинација од длабок и моќен EXTRA BASS™ звук, безжична слобода и долготрајна удобност при слушањето.
Иновативната технологија EXTRA BASS е скроена за музика за танцување и нуди длабок и моќен бас.
Како дел од производите од палетата EXTRA BASS, овие слушалки имаат технологија за засилување на басот. Таа овозможува акустично изолирање за да се добие извонредна изолација на звукот и брз одзив на басот.
Поголемата издржливост на батеријата ви нуди подолго слушање до 30 часа со извонреден звук. Исто така, можете да уживате во безжично поврзување и да слушате со еден допир преку NFC и Bluetooth®.
Компактниот и лесен дизајн на слушалките MDR-XB650BT не само што нуди долготрајна удобност при слушањето, туку помага и во оптимизирање на басот.
Прилагодливата структура на лентата за на глава е оптимизирана за репродукција со длабок бас и овозможува стабилно поставување со кое се минимизираат вибрациите предизвикани од моќните удари на басот.
Меките и обложени ушни перничиња овозможуваат практично херметичка изолација за директен пренос на басот. Кога не ги користите слушалките, можете да ги завртите за лесно пакување.