Слика од Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB450BV
Слика од Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB450BV
Слика од Слушалки EXTRA BASS™ MDR-XB450BV
Слушајте помоќни ритами

Со новиот засилувач за електронско засилување на басот ќе можете да го носите звукот од ноќните клубови и концертите насекаде со вас. Без разлика дали слушате рок, хип-хоп или танц, овие слушалки нудат бас што може да се почувствува.

Звучници од 30мм
Моќен бас

Extra Bass звучниците од 30 мм нудат моќен звук и покрај нивната скромна големина и тежина.

Фреквентен опсег од 5Hz-22kHz
Нудат длабок и јасен звук

Зголемениот опсег на ниски фреквенции овозможуваат моќна репродукција на ударните инструменти и басот.

Музика која ќе ве воодушеви

Новата функција за бас со вибрации работи усогласено со ритамот, за да добиете прекрасно доживување како во ноќните клубови кога сте во движење. Создадена за Extra Bass слушалките, таа ви овозможува да ја слушате и чувствувате музиката.

Сопствен и пренослив подиум за танцување

Вградениот засилувач за електронско засилување на басот ги засилува ниските фреквенции на музиката, за неверојатни перформанси при слушање на денешните музички стилови со моќен бас.

Електронско засилување на басот
Дизајнирани за моќен бас

Засилувачот на бас ги засилува ниските фреквенции преку специјално дизајниран канал во куќиштето, а подобрата изолација помеѓу звучникот и вашите уши го задржува звукот во внатрешноста.

XB звучници од 30 мм
Добијте го басот што го посакувате од XB звучниците од 30 мм

Уживајте во подобар бас со дијафрагмата Extra Bass со балансирана цврстина и брз одзив, која нуди непроменети моќни перформанси при слушање со часови.

Извонредно удобни ушни перничиња

Уживајте во целодневно слушање со дебелите перничиња и меката синтетичка кожа. Исто така, слушалките нудат врвна изолација на звук за да можете да слушате во урбани средини.

Спакувајте ги и појдете

Дизајнот со можност за вртење во куќиштето ви овозможува да ги склопите слушалките, за да можете полесно да ги пренесувате.

Кабел кој не се заплеткува
Кабел кој не се заплеткува

Издржливиот засечен кабел со мали вдлабнатини го намалува заплеткувањето.

Спецификации и функции

Зголемете ја јачината на звукот и почувствувајте ја музиката со Extra Bass слушалките XB450BV. Вибрациите на басот ги надополнува вашите омилени песни со бас. Електронското засилување на басот го подобрува звукот и чувството на пулсирачките ритами без намалување на квалитетот на вокалите. Обложените ушни перничиња нудат потполна удобност, а издржливиот кабел спречува заплеткувања.
  • Звучникот од 30 мм репродуцира моќен бас

  • Електронското засилување на басот ги подобрува длабоките ритами без изобличување на вокалите

  • Вибрациите на басот вибрираат според ритамот

  • Засилувачот на бас нуди моќен бас

  • Дизајн со можност за вртење и слушање во движење

ЗВУЧНИК
30мм (тип на купола)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
5–22.000Hz
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
Прибл. 1,2 м

Што има во пакетот

Кабел за поврзување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина