Слика од RF-безжични слушалки MDR-RF895RK
Слика од RF-безжични слушалки MDR-RF895RK
Слика од RF-безжични слушалки MDR-RF895RK
Слика од RF-безжични слушалки MDR-RF895RK
Излезете од реалноста и слушајте беспрекорен звук

Уживајте во квалитетен звук со овие безжични слушалки за во домот. Технологијата за намалување шум го заштитува безжичниот сигнал од пречки предизвикани од други електронски уреди, за да уживате во омилениот филм, придружна музика или игра со кристално чист звук.

Икона за 100 м
Безжичен опсег

Зголемениот опсег на предавателот поставен на држачот за приклучување ви овозможува да се движите низ собите без да ја загубите врската.

Икона за 20 часа
Време на репродукција до 20 часа

Уживајте во омилените емисии, музика и филмови без потреба од полнење во период до 20 часа.

Икона за 40 мм
Звучници од 40мм

Без разлика што гледате, слушнете ги сите детали со кристално чист звук од динамичките звучници од 40 мм.

Слобода за движење низ целиот дом.

Благодарение на големата издржливост на батеријата и широкиот приемен опсег, може да ги гледате омилените филмови и програми додека се движите низ целиот дом - нема да пропуштите ниту еден момент повеќе.

Опкружете се со висококвалитетен звук

Со затворен дизајн, динамички звучници и копче за режим на говор, квалитетот на звукот се зголемува, а шумот и пречките од надворешниот свет се намалуваат за да уживате спокојно во вашата забава.

Динамички детали со звучници од 40 мм

Од громогласни ритами до тивки шепоти, големите звучници од 40 мм ќе се погрижат да уживате во сите детали со јасен, прецизен и квалитетен звук.

Јасни вокали со режимот на говор

Уживајте во почисти дијалози за емисиите и филмовите со допир на копчето за режим на говор.

Копче за режим на говор
Маж слуша музика на слушалки
Нема пречки

Системот за намалување на шум помага во блокирање на надворешниот свет, за да можете да уживате во свет на забава.

Опуштете се на удобен мебел

Без разлика дали станува збор за серија или филмски маратон, овие меки и цврсти слушалки се оптимизирани за удобно и долго слушање - секој член од семејството може да слуша удобно со часови.

Ушни перничиња
Меки ушни перничиња

Обложените и удобни ушни перничиња се дизајнирани за долготрајно носење и се совршени за релаксирање на креветот преку целата вечер.

Сигурно поставување
Сигурно поставување

Можноста за вртење и закосување на ушните перничиња ги прави слушалките удобни за целото семејство - дури и за оние со најмали уши.

Практично полнење

Кога батеријата ќе се испразни треба да ги ставите на држачот со приемникот за да се наполнат.

Поставете ги и опуштете се

Штом ги извадите слушалките од кутијата, поврзете го држачот со предавател во телевизорот преку испорачаниот кабел и почекајте слушалките да се синхронизираат со држачот.

Спецификации и функции

Зачекорете во свет на беспрекорен звук со овие безжични слушалки за во домот. Технологијата за намалување на шум ве пренесува во центарот на вашиот омилен филм, серија или игра со минимални пречки.
  • Безжични слушалки од затворен тип, со опсег до 100 м

  • Систем за намалување на шумот за репродукција на почист звук

  • Звучникот од 40мм обезбедува широк фреквентен опсег

  • Вградено автоматско бирање на фреквенција за висококвалитетен пренос

  • Слушајте подолго благодарение на батеријата која трае до 20 часа

Звучник
40мм
Фреквентен одзив
10Hz-22.000Hz
Должина на кабел
нема
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина