Слика од Безжични слушалки MDR-1RBT
Слика од Безжични слушалки MDR-1RBT
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Звук ист како оригиналот

Безжичен начин за слушање на секој ритам

Овие безжични слушалки со Bluetooth® се создадени за денешната музика со помош на водечките музички уметници. Слушајте го богатиот бас и високите тонови како што биле замислени.

Bluetooth® и NFC
Ослободете се од каблите

Заборавете на заплетканите кабли, MDR-1RBT користат Bluetooth® v3.0 за безжична репродукција на музика. Исто така, можете да воспоставите NFC врска со еден допир.

Дизајнирани од уметници

Без разлика дали слушате дабстеп, R&B или хаус, слушалките ќе ви ги понудат вистинските фреквенции благодарение на креативното партнерство со Katy B и Magnetic Man.

4Hz до 80kHz
Ултра широкопојасен аудио опсег

Од исклучително низок бас, па сè до највисоки можни фреквенции, HD звучникот го проширува звукот од 4Hz до неверојатни 80kHz.

HD звучник со зголемени отвори

Моќните звучници имаат суштинска улога за задоволување на суб-бас опсегот кај современата музика. Звучниците од 40мм со висока дефиниција имаат големи отвори за брз одзив на басот.

Врвни високи ноти

За веродостојна репродукција на вокалите и другите ноти со средно висок опсег, MDR-1RBT се одликуваат со мала тежина и дијафрагма од 40мм со лесни течни кристали и слој од полимер за цврстина.

Дијафрагма од 40мм со течни кристали
За долгите часови во студиото

Носете ги MDR-1RBT слушалките по цел ден без да почувствувате неудобност на главата. Слушалките се изработени со ушни перничиња кои го намалуваат притисокот врз ушите за подолго слушање.

Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот врз ушите
Слушајте ја само вашата музика
Дизајн со покривање
Изолирање на надворешниот шум

Дизајнот со целосно покривање го филтрира шумот и нуди стабилно поставување.

Споеви со силиконски прстени
Нечујни споеви

Меките силиконски прстени во споевите на слушалките ги минимизираат пречките.

Спецификации и функции

  • Креирани со водечки личности од музичката индустрија

  • Подобрен дизајн на HD звучникот и отворите

  • Дијафрагма од 40мм со течни кристали и полимер слој

  • Перничињата кои го намалуваат притисокот се дизајнирани за ушите

  • Вграден микрофон за компатибилност со паметни телефони

Што има во пакетот

Футрола за носење, USB кабел, Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина