СЛУШАЛКИ MDR-1A

Сите спецификации и функции

MDR-1A

Големина и тежина

Тежина
225 гр.

Општи карактеристики

Звучник
40 мм, динамички – тип на купола
Опкружувачки вид
Да
Динамичен вид
Да
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
48Ω
Фреквентен одзив
3–100.000Hz
Чувствителности (dB/mW)
105 dB/mW
Вид на жица
Одделива
Должина на кабел
1,2 м
Приклучник
Позлатен стерео мини приклучок со облик L
Начин на носење
Headband, Поставување преку увото

Микрофон

Насока на микрофонот на кабелот
Во сите насоки

Дизајн и функции на звук

LCP дијафрагма
Да

Опции на бои

silverblack

Што има во пакетот

  • Гарантен лист
  • Инструкции за користење
  • Футрола за носење
  • Кабел за слушалки (1,2 м)
  • Кабел за слушалки со вграден далечински управувач и микрофон (1,2 м)
Placeholder

Функции

Слика од Слушалки MDR-1A

Уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција 

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Со конвертирање на аналогната во дигитална музика со повисока стапка од CD дисковите (24 бита/192kHz, наместо 16 бита/44,1kHz), звукот со висока резолуција ви овозможува да се доближите до оригиналната снимка и да уживате во музиката како што ја замислил изведувачот.

Слика од Слушалки MDR-1A

Динамичните HD звучници нудат реалистичен звук

Моќните HD звучници од 40мм со големи отвори им обезбедуваат моќен ритмички бас на слушалките, дури и кај песните со најголеми побарувања. Лесната и цврста дијафрагма со течни кристали и слој од полимер нуди брз одзив за репродукција на исклучителнио јасни вокали и ноти со среден до висок опсег. Зголемете ја јачината на звукот и слушајте јасен и прецизен звук низ целиот опсег.

Слика од Слушалки MDR-1A

Широк фреквентен одзив за звук со целосен опсег

Широкиот фреквентен опсег – од 3Hz до 100kHz – е дизајниран за денешните различни музички стилови. Ниската фреквенција од 3Hz на фреквентниот опсег нуди доволно слобода дури и за најдлабоките бас тонови. При максимален опсег од 100kHz, ќе можете да уживате во вокали, детални звучни хармонии и тонови, внесувајќи повеќе реалистичност во вашата музика.

Слика од Слушалки MDR-1A

Висока чувствителност за гласни и јасни перформанси

Со голема чувствителност од 105dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате појасен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук.  

Слика од Слушалки MDR-1A

LCP дијафрагма обложена со алуминиум за поголема прецизност

Дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер која е обложена со алуминиум нуди поконстантен и прецизен звук низ целиот фреквентен опсег отколку стандардните LCP звучници. Звучната енергија која се губи при преносот кон куќиштето на слушалките е порамномерна, за да се обезбедат вистински и автентични перформанси. Исто така, ќе уживате во порамен фреквентен опсег, дури и кога слушате неверојатно високи фреквенции од звукот со висока резолуција. 

Слика од Слушалки MDR-1A

Отвори за подобрување на басот за моќни ритами

Прецизно обликуваните отвори го максимизираат протокот на воздух во слушалките, овозможувајќи полесно дишење на LCP дијафрагмата и моментален одзив за добивање моќни бас тонови.

Слика од Слушалки MDR-1A

Дизајнот со затворена задна страна со превиткување го задржува звукот

Дизајнот со затворена задна страна се обвиткува околу увото, задржувајќи ја музиката и одбивајќи ги несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши, за да ги слушате и најдеталните звуци. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика. 

Слика од Слушалки MDR-1A

Балансираниот звук ги елиминира пречките

Со балансираното поврзување со 4 жици и сребрено-бакарниот двоен кабел се подобрува разделувањето на аудио каналите за подобар звук. За разлика од стандардните слушалки, кои имаат заедничка жица за заземјување, кабелот содржи лева, десна и независна жица за заземјување за двата канали, поради што ќе слушате помалку изобличувања и пречки. 

Слика од Слушалки MDR-1A

Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот за целосна удобност

Меките кожни ушни перничиња кои го намалуваат притисокот се дизајнирани за да ја прилагодат формата според вашите уши, за да добиете удобно поставување. Меките материјали и беспрекорната изолација нудат хармонична комбинација од удобност и издржливост за слушање со часови.

Слика од Слушалки MDR-1A

Дизајнот со преклопување и завртување го олеснува патувањето

Понесете ги овие слушалки насекаде. Дизајнот со преклопување и завртување овозможува лесно чување кога не се во употреба или додека патувате. Слушалките се преклопуваат за лесно пакување во куфер или чување во чанта.  

Слика од Слушалки MDR-1A

Се испорачуваат со кабел за слушалки со балансиран приклучок

Кабелот за балансирано поврзување со 4,4 Φ ги одделува левиот и десниот звучен сигнал, притоа минимизирајќи ја загубата на сигналот при пренос и деградацијата на звукот што произлегува од неа. Како резултат се добиваат рамномерни високи фреквенции и врвен квалитет на звукот.