Слушалки MDR-1A
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Почувствувајте ја моќта и прецизноста во вашите омилени песни
Дајте и ја на вашата музика чистотата која ја заслужува. Со фреквентен опсег кој се протега до 100kHz, слушалките MDR-1A со звук со висока резолуција ја доловуваат суштината на секоја песна – слушајте музика која е поблизу до оригиналната студиска снимка. Од длабоките басови до највисоките вокали, звукот останува верен за автентично и прецизно доживување.
Уживајте во прекрасната акустика од голем звучник и слушалки кои удобно се прицврстуваат околу вашите уши..
Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи тонови со звук со целосен опсег до 100kHz.
Репродуцирајте гласна и јасна музика од кој било домашен систем или пренослив уред со висока чувствителност од 105dB/mW.
Секоја суптилна нота, прецизно репродуцирана
Слушајте чист, балансиран звук кој останува верен на оригиналната снимка, без разлика колку силно ја покачувате јачината на звукот. HD звучникот од 40мм со лесна, но цврста дијафрагма со течни кристали и слој од полимер (LCP) обвиткана во алуминиум ви дава поконзистентен и попрецизен звук низ целиот фреквентен опсег од конвенционалниот LCP звучник.
Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.
Звукот со висока резолуција обично снима со 96kHz/24 бита или дури и 192kHz/24 бита – многу повеќе од CD дисковите.
Додека кај CD дисковите и MP3 песните највисоката фреквенција изнесува 20kHz, звукот со висока резолуција поддржува фреквенции над 24kHz (до 100kHz кај овој модел) и поширок динамички опсег.
Доживејте вистинско музичко искуство
Уживајте во целосното аудио доживување со јасноста на звукот со висока резолуција од изворот до звучникот. Можете бесплатно да ги испробате примероците со звук со висока резолуција на HDtracks, веднаш.
Дизајнот со обвиткување со ергономските 3D ушни перничиња ја задржува музиката и ги одбива несаканите звуци. Акустиката се одбива кон вашите уши за најсуптилен звук.
Со кабелот за слушалки со балансиран приклучок што се испорачува со MDR-1ABP, составен од четири бакарни жици обложени со сребро, ќе слушате јасен и прецизен звук преку аудио производите со балансирани приклучоци.
Оставете впечаток на стил
Овие впечатливи слушалки изгледаат подеднакво добро како што и чувството кое го даваат, со елегантна метална лента за на глава која совршено ги надополнува црните кожни ушни перничиња.
Слушнете повеќе од музиката со затворениот, опкружувачки дизајн кој безбедно се поставува на вашите уши. Удобни за носење со часови, така што ќе можете подолго да слушате.
Меките кожни ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за прилепено и удобно поставување.
Со помазни материјали и беспрекорно спојување, удобноста и издржливоста се исклучителни.
Понесете ја вашата музика насекаде. Металната лента на лизгање за на главата и можноста за преклопување на слушалките овозможуваат лесно сместување на слушалките во куфер или торба.
Со далечинскиот управувач и микрофон на кабелот, ќе можете да воспоставувате повици без користење на рацете во секое време на вашиот паметен телефон со Android или iPhone.
Репродуцирајте и прилагодувајте ја вашата музика. Прилагодувајте ги вашите повици. Апликацијата SmartKey од Sony ви нуди функции за контрола на копчињата од вашите слушалки.
Спецификации и функции
- Звучник
- 40 мм, динамички – тип на купола
- Фреквентен одзив
- 3–100.000Hz
- Должина на кабел
- 1,2 м
Што има во пакетот
Гарантен лист, Инструкции за користење, Футрола за носење, Кабел за слушалки (1,2 м), Кабел за слушалки со вграден далечински управувач и микрофон (1,2 м)
Оценки и награди
Корисниците велат