MDR-1000X

Беспрекорно поништување на шумот

Со водечка технологија за поништување на шум, овие слушалки со награда од What Hi-Fi? ви овозможуваат непречено уживање во музиката. Слушајте во тишина или прилагодете го звукот според опкружувањето.

5 ѕвезди и „Најдобри слушалки со поништување шум над 100 £“ од What Hi-Fi?

What Hi-Fi? е основана во 1976 година и е најдобрата независна организација во светот за совети за купување и користење Hi-fi уреди и производи за домашна забава.

Задлабочете се во музиката

Уживајте во беспрекорно поништување на шум, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Пропуштете ги звуците на светот. Не ги пропуштајте звуците на светот.

Преземете ја контролата врз звукот со SENSE ENGINE™

Слушајте го само она што сакате да го слушнете. SENSE ENGINE™ ви овозможува да ја вклучувате и исклучувате вашата музика со еден допир.  

Навистина реалистичен звук

Слушајте музика кој е верна на оригиналната снимка со звукот со висока резолуција. Оптимизиран за звук со висока резолуција, S-Master HXTM го намалува изобличувањето и ви овозможува да уживате во најситните детали на вашата музика.

Овие слушалки се одликуваат со моќен звучник од 40 мм со мембрана од течни кристали и полимер (LCP) за да овозможи моќни ритми и репродукција на фреквенции од целиот опсег, до 40 kHz. 

Обновете ги сите ваши компресирани фајлови

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) ги подобрува компресираните дигитални музички фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA) со сличен квалитет како и звукот со висока резолуција. Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE HX ги репродуцира вашите дигитални музички фајлови со богат и природен звук. 

DSEE HX
Висококвалитетно безжично слушање со LDAC

LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот безжичен BLUETOOTH® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.

Ушни перничиња од синтетичка кожа
Луксузна кожа

Меката синтетичка кожа на куќиштето и ушните перничиња ви нудат луксузен изглед и чувство. Дизајнирани за цврсто поставување преку вашите уши за удобно слушање со часови.

Дизајн на преклопување и завртување
Подготвени за патувања

Дизајнот со преклопување и завртување на слушалките за преку уво овозможува лесно чување на слушалките во куфер, торба или испорачаната торбичка за носење додека патувате.  

Прелистајте и допрете
Прелистајте и допрете

Едноставно допрете на панелот за гестикулации на ушните перничиња за да ја запрете или започнете репродукцијата, да ги прескокнувате песните, да ја менувате јачината на звукот или да ја активирате функцијата за гласовен асистент на вашиот паметен телефон.

Спецификации и функции

Со водечка технологија за поништување на шумот , овие слушалки ви овозможуваат непречено да уживате во музиката. Слушајте во неверојатна тишина или прилагодете го звукот на вашето опкружување.
  • Технологија за дигитално поништување на шум

  • Висококвалитетен безжичен звук со LDAC

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • HD звучник од 40 мм за динамичен опсег

  • LCP мембраната обложена со алуминиум го минимизира изобличувањето

Звучник
40 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
Фреквентен одзив
4 Hz-40.000 Hz
Должина на кабел
Кабел за слушалки (прибл. 1,5 м, жици од OFC обложен со сребро, позлатен стерео мини приклучок)

Што има во пакетот

Торба за носење, Адаптер за употреба во авион, Кабел за слушалки (прибл. 1,5 м, жици од OFC обложен со сребро, позлатен стерео мини приклучок), Кабел за USB

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди