Сензор

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор со задно осветлување од тип 1/5,8 (3,1мм)
Ефективни точки (видео)
прибл. 2,29 милиони точки(16:9)
Ефективни точки (фотографија)
прибл. 2,29 милиони точки(16:9)/прибл. 1,71 милиони точки(4:3)

Процесор

Процесор на слика
Процесор за слика BIONZ X

Објектив

Вид на објектив
ZEISS® Vario-Tessar®
Капаче на објектив
Упатство
Решетка
F1,8-F4,0
Фокусно растојание
f=1,9-57,0 мм
Фокусна должина (еквивалент на 35 мм) (видео)
f=26,8-804,0 мм(16:9)
Фокусна должина (еквивалент на 35 мм) (фотографија)
f=26,8-804,0 мм(16:9), f=32,8-984,0 мм(4:3)
Минимално фокусно растојание
прибл. 1 см(широкоаголно), прибл. 80 см(телефото), прибл. 13/32 инчи(широкоаголно), прибл. 31 1/2(телефото)

Зум

Оптички зум
30x
Јасно зумирање на слики
60x
Дигитален зум
350x

LCD

Тип на екран
Clear Photo LCD екран од 6,7 см (тип 2,7) (230 400 точки) широк формат (16:9)
Контрола на јасноста
Да(мени)
Приказ на мрежа/обележувач
Линии во форма на решетка
Прилагодување на агол
Агол на отворање:макс.90 степени; Агол на свртување:макс.270 степени.

Стабилизација на сликата

Тип на стабилизација на слика
Стабилизација на слика со оптички SteadyShot и интелигентен активен режим (широкоаголно до телефото)

Фокус

Вид на фокусирање
AF со контраст
Режим на фокусирање
Автоматски/рачно(мени)
Површина на фокусирање
Фокус со полн опсег

Експозиција

Режим
Автоматски, рачно(мени)
Режими за мерење
Повеќе сегменти
Режим на работа со малку лукси
Да
Автоматска контрола на ирисот
F1,8 - F10
Рачна контрола на ирисот
F1,8 - F10
Компензација на задното осветлување
ДА (автоматски)
Контрола на засилување
Автоматски
Минимална осветленост
Стандардно: 6 лукси(брзина на блендата 1/25), слабо осветлување: 3 лукси(брзина на блендата 1/25)

Брзина на блендата

Опсег на автоматска контрола
1/6 - 1/10000
Стандардно
1/25 - 1/10000
Рачна контрола на ирисот (режим за фотографии)
1/25 - 1/10000
Рачна контрола на блендата
1/6 - 1/10000

Баланс на белата боја

Режими на балансот на белата боја
Автоматски/со едно притиснување/на отворено/во затворено

Медиуми за складирање

Тип на медиум
XAVC S HD: Микро SDXC мемориска картичка (класа 10 или повисока), AVCHD, фотографии: Memory Stick Micro (ознака 2), Micro SD/SDHC/SDXC мемориска картичка(класа 4 или повисока)

Снимање

Формат за снимање (видео)
AVCHD формат вер.2.0 - компатибилност: MPEG4-AVC/H.264, MP4: MPEG-4 AVC/H.264, XAVC S формат MPEG4-AVC/H264
Видео резолуција
AVCHD: 1920x1080/50p(PS), 50i(FX, FH), 1440x1080/50i(HQ, LP), MP4: 1280x720 25p, XAVC S HD: 1920x1080/50p, 25p
Стапка на снимање видео (ABR / VBR)
AVCHD PS: прибл. 28 Mbps/FX:прибл. 24 Mbps/FH: прибл. 17 Mbps/HQ: прибл. 9 Mbps/LP: прибл. 5 Mbps, MP4: прибл. 3 Mbps, XAVC S HD: прибл. 50 Mbps
Формат за снимање (фотографија)
JPEG (DCF вер. 2.0, Exif вер. 2.3, компатибилност со MPF Baseline)
Големина на слика (режим на слики)
L: 9,2 милиони точки 16:9 (4032x2272), 6,9 милиони точки 4:3 (3024x2272), S: 2,1 милиони точки 16:9 (1920x1080), 0,3 милиони точки 4:3 (640x480)
Големина на слика (режим на видео)
L: 9,2 милиони точки 16:9 (4032x2272), S: 2,1 милиони точки 16:9 (1920x1080)
Големина на слика (двојно снимање)
9,2 милиони точки 16:9 (4032x2272), 2,1 милиони точки 16:9 (1920x1080)

Аудио

Микрофон
Вграден микрофон со зумирање
Формат за снимање на звук
Dolby Digital 2-кан. стерео звук, Dolby Digital Stereo Creator, MPEG-4 AAC-LC 2-кан., MPEG-4 Linear PCM 2-кан.(48 kHz/16 бита)
Контрола на нивото на микрофонот
Да (2 чекори)
Звучник
Моно звучник

Напредна функција

Избор на сцени
Автоматски/ноќна сцена/залез и изгрејсонце/огномет/пејзаж/портрет/рефлектор/плажа/снег
Други карактеристики
Откривање на лице, ефекти на избледување (бела/црна боја), интелигентен автоматски режим (портрет/бебе/пешачење/статив/задно осветлување/пејзаж/рефлектор/самрак/макро/слаба осветленост), бленда со функција за насмевки (исклучено/двојно снимање/секогаш вклучено)

Репродукција

Брза репродукција
Приближно 5 пати/10 пати/30 пати/60 пати
Забавена репродукција
Нанапред: 1/5 брзина, Наназад: 1/2 брзина
Highlight Movie Maker
Да , најдобра музика во заднина(6 однапред инсталирани музички датотеки)
Функција за снимање на движења
Да
Слајд шоу (фотографија)
Прикажување на слајдови

Проектор

Излезна светлина
До 13 лумени
Излезна резолуција
640 x 360
Големина на проектирана слика
Тип 10 - тип 100
Издржливост (траење на батеријата)
approx. 1h10min(Supplied Battery)
Влез за проектор
Да (микро HDMI)

Безжични функции

Wi-Fi®
Да(компатибилност со Wi-Fi, IEEE 802.11b/g/n(фреквенција од 2,4 GHz) )
NFC™
Да (компатибилност со NFC форум Type 3 Tag)
Проследување во живо
да
Контрола на повеќе камери
да

Приклучок

HDMI приклучок
Да (микро HDMI)
Влез за проектор
Да (микро HDMI)
Приклучок за далечински управувач
вграден во повеќенаменскиот приклучок
STD излез
Композитен видео излез(AV кабел(се продава одделно))
Отвор за мемориска картичка
Компатибилност со Memory Stick Micro™ и микро SD/SDHC/SDXC

Моќност

Тип на батерија
NP-BX1
Потрошувачка на енергија (LCD екран)
HD: 2,2 W
Енергетски потреби
3,6 V (батерија), 5,0 V (AC адаптер)
Полнење на видео камера(време на полнење со испорачаната батерија)
Да (прибл. 2 часа 35 мин.)
Полнење преку USB
DC 5V 800mA
USB напојување
Да (снимање/репродукција(испорачан AC адаптер AC-UUD11))/(репродукција(AC адаптер што не е испорачан и ограничува до 500 mA))

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д) (вклучувајќи ја испорачаната батерија)
прибл. 59,0 мм(Ш)×59,5 мм(В)×128,0 мм(Д), прибл. 2 3/8 инчи(Ш) ×2 3/8 инчи(В) ×5 1/8 инчи(Д)
Тежина (само главниот уред)
прибл. 210 гр., прибл. 7,4 oz
Тежина (вклучувајќи ја испорачаната батерија)
прибл. 235 гр. (NP-BX1), прибл. 8,3 oz (NP-BX1)

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Батерија на полнење (NP-BX1) (1), AC адаптер (1), кабел кој поддржува поврзување преку USB (1), (микро) HDMI кабел (1), водич за ракување(1)
Placeholder

Функции

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Оптички SteadyShot™ со интелигентен активен режим

Напредната стабилизација на слика овозможува незаматени снимки, дури и кога условите при снимањето се неповолни или рацете на корисникот се тресат.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Широкоаголен објектив до 26,8мм

Без разлика дали снимате видеоснимки или фотографии, врвниот широкоаголен објектив ќе ви помогне да снимите поголема површина од пејзажите и снимките во затворени простории, кога немате доволно простор да направите чекор наназад. Дури и без објектив за широкоаголна конверзија, одредени видеокамери снимаат широкоаголно до 26,8мм (16:9 сооднос на слика) во режим на снимање видео.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Извонреден квалитет на слика

Форматот XAVC S со висока стапка на слики е наменет за сниматели кои се подготвени да работат на повисоко ниво. Нудејќи неверојатен квалитет, XAVC S е изработен од форматот XAVC кој го користат професионалните сниматели и телевизиски куќи, а притоа вклучува паметна компресија на податоци за да овозможи извезување фајлови со големина која е практична за корисниците.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Вграден проектор

Снимајте и прикажувајте содржини на само еден уред. Светлиот проектор ви овозможува да го прикажувате вашиот филм — или друга содржина, преку надворешниот влез — на која било рамна површина за прикажување.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Контрола на повеќе камери

Повеќе снимки значат поинтересно уредување. Поврзаните камери можат лесно да снимаат видеоснимки од различни агли, без разлика дали се поставени директно на HDR-PJ410 или безжично активирани. Контролата на повеќе камери го олеснува синхронизирањето на поставките за снимање кај сите уреди.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Highlight Movie Maker

Повеќенаменската алатка за ефикасно уредување видеоснимки Highlight Movie Maker нуди неколку функции кои заштедуваат време. Додајте ознаки за нагласување на клучните моменти при снимањето и софтверот автоматски ќе ги синхронизира вашите транзиции со музиката.

Проследување во живо преку Ustream (во моментот IBM Cloud Video)

Од изведби до спортски настани, некои работи е најдобро да се гледаат во живо. Споделувајте ги сцените во реално време, со висококвалитетна слика и звук.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Функција за снимање на движења

Функцијата за снимање на движења репродуцира низа фотографии поставени една врз друга кои детално го следат секој миг од случувањата за да можете да ги анализирате на LCD екранот. За време на репродукцијата можете да го прилагодувате интервалот меѓу сликите или да паузирате за да снимите фотографија што ќе ја споделите.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Вграден USB кабел

Вградениот USB кабел сместен во лентата за околу рака е многу погоден за брзо полнење и поврзување со компјутер, така што нема потреба да носите дополнителен гломазен USB кабел или AC адаптер. За полнење без да користите компјутер, употребете го AC-USB адаптерот (изборен).

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Exmor R® CMOS сензор

Овој голем, најсовремен сензор ја подобрува јасноста на сликата, го намалува шумот во темни опкружувања и овозможува помеко дефокусирање на заднината.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

BIONZ X™ процесор на слика

Напредниот процесор за обработка на слика BIONZ X™ помага во добивањето поживописен и пореалистичен квалитет на сликата, како и побрзи можности за обработка.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Објектив од ZEISS®

Во заедничката потрага по врвни перформанси и дизајн, Sony и Carl Zeiss заеднички развија објективи кои ја комбинираат најдобрата можна оптика со електроника и технологија на сензори со врвен квалитет во моделите на Handycam® од Sony.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Снимање фотографии со резолуција од 9,2MP

Понекогаш не ви е потребна - или не сакате - видеоснимка. Ставете ја вашата видеокамера во режим на фотографии и снимајте прекрасни висококвалитетни фотографии со резолуција од 9,2 милиони точки на едноставен начин, како со фотоапарат.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Прогресивно снимање

Јасните видеоснимки кои содржат двојно повеќе податоци од видеоснимките снимени во режим на испреплетување може да се снимаат во Full HD со 60p/50p во режимот на прогресивно снимање. Снимките се исто толку рамномерни како оние снимени со 60/50 слики во секунда, а секоја слика се снима како целосна слика, така што снимените слики од видеоснимка која била снимена во режимот на прогресивно снимање изгледаат неверојатно остро.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Двојно снимање на видео

Снимајте две видеоснимки истовремено - една со максимален квалитет во XAVC S или AVCHD формат, а друга во MP4 формат. Така ќе имате мал фајл подготвен за моментно споделување, како и професионален фајл за понатамошно уредување.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Режим на двојно снимање

Режимот на двојно снимање ви овозможува да снимате HD видеоснимки и фотографии со висока резолуција истовремено, за да ја доловите најдобрата снимка на двата начини.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Откривање на лице

Автоматски го оптимизира фокусот, експозицијата и боите за најдобри резултати. Изберете приоритет за некое лице со едноставно допирање на лицето на LCD екранот, што е корисно за избирање на клучната личност кога снимате сцени со многу луѓе. Дури и ако субјектот излезе од кадарот, ќе биде запаметен и ќе му биде даден приоритет кога ќе се врати во сцената.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Интелигентен автоматски режим

Оваа функција автоматски го одредува видот на сцената која се снима и прави оптимална комбинација на поставувања од три групи (лице, сцена, тресење на камерата). Таа ги нуди најдобрите резултати од 90 видови сцени, дури и за ноќните сцени и сцените со задно осветлување. Избраните поставувања се прикажуваат како икони на LCD екранот за лесна прегледност.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Бленда со функција за насмевки

Иако одличните насмевки се кратки, со оваа функција никогаш нема да ги пропуштите. Автоматско снимање на фотографии со насмеани лица, дури и за време на снимањето видеоснимки.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Ефект на слика

Ослободете ја вашата фантазија. Ефектите на слика го зголемуваат уживањето во видеоснимките и фотографиите со додавање седум креативни ефекти (делумни бои, ретро фотографија, меки осветлени тонови, еднобојни слики со висока контраст, фотоапарат-играчка, модерни бои, правење постери) без сложено уредување на компјутер.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Рачни поставувања за ирис и брзина на бленда

Оваа видеокамера ви нуди слобода во изборот на рачните поставувања за контрола на ирис и брзина на бленда, што е идеално за снимање во услови на задно осветлување или недоволна експозиција, како и во други ситуации.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Event Browse

За едноставно пребарување и репродукција, оваа Handycam® камера нуди GUI видеоснимки и фотографиите што биле снимени одделно. По потреба можете да избирате од разните прикази, од приказ на настани до индексен приказ, за подобро организирање, пребарување, прегледување и споделување на вашите содржини.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Компатибилност со две мемориски картички

Оваа Handycam® камера има отвори за Memory Stick Micro™ и микро SD/SDHC картички, за практично снимање на онаа картичка која во моментот ви е при рака.

Слика од Handycam® камера со вграден проектор PJ410

Работа со батерии од тип X

Користете ја неверојатно лесната и компактна батерија од тип X за да ја минимизирате големината и тежината на Handycam® камерата при работа.