Слика од Handycam® CX405 со Exmor R® CMOS сензор
Слика од Handycam® CX405 со Exmor R® CMOS сензор
Слика од Handycam® CX405 со Exmor R® CMOS сензор
Слика од Handycam® CX405 со Exmor R® CMOS сензор

Функции

Оптички SteadyShot™ со интелигентен активен режим

Напредната стабилизација на слика овозможува незаматени снимки, дури и кога условите при снимањето се неповолни или рацете на корисникот се тресат.

Широкоаголен објектив до 26,8мм

Без разлика дали снимате видеоснимки или фотографии, врвниот широкоаголен објектив ќе ви помогне да снимите поголема површина од пејзажите и снимките во затворени простории, кога немате доволно простор да направите чекор наназад. Дури и без објектив за широкоаголна конверзија, одредени видеокамери снимаат широкоаголно до 26,8мм (16:9 сооднос на слика) во режим на снимање видео.

Извонреден квалитет на слика

Форматот XAVC S со висока стапка на слики е наменет за сниматели кои се подготвени да работат на повисоко ниво. Нудејќи неверојатен квалитет, XAVC S е изработен од форматот XAVC кој го користат професионалните сниматели и телевизиски куќи, а притоа вклучува паметна компресија на податоци за да овозможи извезување фајлови со големина која е практична за корисниците.

Highlight Movie Maker

Повеќенаменската алатка за ефикасно уредување видеоснимки Highlight Movie Maker нуди неколку функции кои заштедуваат време. Додајте ознаки за нагласување на клучните моменти при снимањето и софтверот автоматски ќе ги синхронизира вашите транзиции со музиката.

Функција за снимање на движења

Функцијата за снимање на движења репродуцира низа фотографии поставени една врз друга кои детално го следат секој миг од случувањата за да можете да ги анализирате. За време на репродукцијата можете да го прилагодувате интервалот меѓу сликите или да паузирате за да снимите фотографија што ќе ја споделите.

Вграден USB кабел

Вградениот USB кабел сместен во лентата за околу рака е многу погоден за брзо полнење и поврзување со компјутер, така што нема потреба да носите дополнителен гломазен USB кабел или AC адаптер. За полнење без да користите компјутер, употребете го AC-USB адаптерот (изборен).

Exmor R® CMOS сензор

Овој голем, најсовремен сензор ја подобрува јасноста на сликата, го намалува шумот во темни опкружувања и овозможува помеко дефокусирање на заднината.

BIONZ X™ процесор на слика

Напредниот процесор за обработка на слика BIONZ X™ помага во добивањето поживописен и пореалистичен квалитет на сликата, како и побрзи можности за обработка.

Објектив од ZEISS®

Во заедничката потрага по врвни перформанси и дизајн, Sony и Carl Zeiss заеднички развија објективи кои ја комбинираат најдобрата можна оптика со електроника и технологија на сензори со врвен квалитет во моделите на Handycam® од Sony.

Снимање фотографии со резолуција од 9,2MP

Понекогаш не ви е потребна - или не сакате - видеоснимка. Ставете ја вашата видеокамера во режим на фотографии и снимајте прекрасни висококвалитетни фотографии со резолуција од 9,2 милиони точки на едноставен начин, како со фотоапарат.

Прогресивно снимање

Јасните видеоснимки, кои содржат двојно повеќе податоци од видеоснимките снимени во режим на испреплетување, може да се снимаат во Full HD со 60p/50p во режимот на прогресивно снимање. Снимките се исто толку рамномерни како оние снимени со 60/50 слики во секунда, а секоја слика се снима како целосна слика. Затоа снимените слики од видеоснимка која била снимена во режимот на прогресивно снимање изгледаат неверојатно остро.

Двојно снимање на видео

Снимајте две видеоснимки истовремено - една со максимален квалитет во XAVC S или AVCHD формат, а друга во MP4 формат. Така ќе имате мал фајл подготвен за моментно споделување, како и професионален фајл за понатамошно уредување.

Режим на двојно снимање

Режимот на двојно снимање ви овозможува да снимате HD видеоснимки и фотографии со висока резолуција истовремено, за да ја доловите најдобрата снимка на двата начини.

Откривање на лице

Автоматски го оптимизира фокусот, експозицијата и боите за најдобри резултати. Изберете приоритет за некое лице со едноставно допирање на лицето на LCD екранот, што е корисно за избирање на клучната личност кога снимате сцени со многу луѓе. Дури и ако субјектот излезе од кадарот, ќе биде запаметен и ќе му биде даден приоритет кога ќе се врати во сцената.

Интелигентен автоматски режим

Оваа функција автоматски го одредува видот на сцената која се снима и прави оптимална комбинација на поставувања од три групи (лице, сцена, тресење на камерата). Таа ги нуди најдобрите резултати од 90 видови сцени, дури и за ноќните сцени и сцените со задно осветлување. Избраните поставувања се прикажуваат како икони на LCD екранот за лесна прегледност.

Бленда со функција за насмевки

Иако одличните насмевки се кратки, со оваа функција никогаш нема да ги пропуштите. Автоматско снимање на фотографии со насмеани лица, дури и за време на снимањето видеоснимки.

Event Browse

За едноставно пребарување и репродукција, оваа Handycam® камера нуди GUI видеоснимки и фотографиите што биле снимени одделно. По потреба можете да избирате од разните прикази, од приказ на настани до индексен приказ, за подобро организирање, пребарување, прегледување и споделување на вашите содржини.

Ефект на слика

Ослободете ја вашата фантазија. Ефектите на слика го зголемуваат уживањето во видеоснимките и фотографиите со додавање седум креативни ефекти (делумни бои, ретро фотографија, меки осветлени тонови, еднобојни слики со висока контраст, фотоапарат-играчка, модерни бои, правење постери) без сложено уредување на компјутер.

Рачни поставувања за ирис и брзина на бленда

Оваа видеокамера ви нуди слобода за избирање рачни поставки за ирисот и брзината на блендата кога фотографирате во опкружувања со задно осветлување или со премала експозиција, како и во други ситуации.

Компатибилност со две мемориски картички

Оваа Handycam® камера има отвори за Memory Stick Micro™ и микро SD/SDHC картички, за практично снимање на онаа картичка која во моментот ви е при рака.

PlayMemories™ Home

Инсталирајте го софтверот PlayMemories™ Home во компјутер за лесно да префрлувате снимени содржини од видеокамерите Handycam® што ќе можете да ги прегледувате, уредувате, печатите, споделувате преку интернет, да ги снимате на диск, па дури и да создавате видеозаписи снимени од повеќе агли со приказ на поделен екран на најмногу четири избрани снимки.

Погледнете ги деталите

Работа со батерии од тип X

Користете ја неверојатно лесната и компактна батерија од тип X за да ја минимизирате големината и тежината на Handycam® камерата при работа.

Спецификации

Зачувајте ја свежината во драгоцените спомени во кои ќе уживаат сите благодарение на одличниот интегритет и практичноста на Handycam® CX405. Оптичкиот SteadyShot™ со интелигентен активен режим ги спречува тресењето на камерата и заматувањето да ги уништат сликите. Форматите AVCHD и XAVC S овозможуваат снимање на реални и живописни записи. Таа е неверојатно компактна и секогаш подготвена за користење.
  • Оптички SteadyShot™ со интелигентен активен режим

  • Снимање во XAVC S (HD 50 Mbps) и AVCHD формат

  • Exmor R® CMOS сензор

  • Широкоаголен објектив од ZEISS од 26,8мм со 30x оптички зум

  • Јасно зумирање на слики од 60x

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор со задно осветлување од тип 1/5,8 (3,1мм)
Ефективни точки (видео)
прибл. 2,29 милиони точки(16:9)
Вид на објектив
ZEISS® Vario-Tessar®
Оптички зум
30x
Јасно зумирање на слики
60x
Тип на екран
Clear Photo LCD екран од 6,7 см (тип 2,7) (230 400 точки) широк формат (16:9)

Што има во пакетот

Комплет батерии на полнење (NP-BX1), AC адаптер, Кабел кој поддржува поврзување преку USB, HDMI (микро) кабел, Водич за ракување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина