Снимете го токму тоа што го гледате на ваш начин
Снимајте го животот така како што го гледате, со реалистични 4K HDR (HLG) слики со помош на Exmor RS™ CMOS сензорот од тип 1,0 со подредена структура. Ненадминатите перформанси на брзиот и хибриден AF овозможуваат исклучително прецизен, брз и сигурен автоматски фокус и следење со AF за да можете да снимате прекрасни снимки од брзите случувања. Благодарение на професионалните функции на оваа Handycam® камера, ништо нема да ги спречи вашите амбиции за снимање.
Брз хибриден автоматски фокус
AF со високи перформанси го задржува фокусот дури и врз објектите што се движат брзо.
4K HDR (HLG)
Нова генерација на обработка на слика за повеќе детали, светлина и бои во секоја снимка
Напредно ракување
Напредните функции за ракување ви овозможуваат да добиете попрофесионални резултати.
Разни опции за професионално снимање
Професионални функции нудат нови можности за снимање.
Брз хибриден автоматски фокус
AF со неспоредливи перформанси
Извонредно прецизниот AF систем со 273 точки за автоматско фокусирање со откривање на фаза може да фокусира и следи објекти што се движат брзо како што се возовите и непредвидливи објекти како мали животни низ целиот кадар. Со помош на својот моќен и брз процесор за обработка на слика BIONZ X и новиот напреден алгоритам за AF за видео, FDR-AX700 овозможува брз, прецизен и флексибилен фокус каков што досега немала палетата Handycam®.
AF со широка покриеност
Одликувајќи се со 273 AF точки за откривање фаза што опфаќаат прибл. 84% од површината на сликата, Exmor RS™ CMOS сензорот со подредена структура овозможува прецизно следење на објектите низ целиот кадар на снимање.
AF со брз одзив
Системот со брз хибриден AF и BIONZ X процесор за обработка на слики ефикасно ги обработува податоците од AF со широка површина и откривање на фаза за да овозможи брзо фокусирање дури и на објектите што се движат брзо.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Сигурно следење на објектите
Комбинацијата од читање податоци со голема брзина и перформанси за обработка, како и новиот алгоритам за AF специјално дизајниран за снимање видеоснимки нуди прецизно, сигурно и брзо следење објекти.
Опсег на длабочина за следење со AF
Пет поставки за опсегот на длабочина за следење со AF, почнувајќи од „1“ [ТЕСНО] за следење објекти што се движат бавно без префрлување на фокусот врз објекти во близина, до „5“ [ШИРОКО] за следење објекти што се движат брзо.
[1] ШИРОКО [2] ТЕСНО
Чувствителност за промена на AF врз објектите
Пет нивоа на чувствителност за промена на AF врз објектите, почнувајќи од „1“ [ЗАКЛУЧЕНО] за задржување на фокусот врз еден предмет, до „5“ [ПРОМЕНЛИВО] за брзо менување на фокусот врз објектите при промена на кадарот.
[1] ЗАКЛУЧЕНО [2] ПРОМЕНЛИВО
4K HDR (HLG)
Доловете ја најсовремената реалност
Технологијата за висок динамички опсег (HDR) претставува визуелна револуција и нуди значително поголем опсег на бои и светлина за да се постигне квалитетот и високата резолуција на 4K. FDR-AX700 го олеснува снимањето на овие неверојатни HDR слики со Hybrid Log-Gamma (HLG) - без потреба од дополнителна обработка. Треба само да ја поврзете видеокамерата со телевизор од Sony компатибилен со HLG преку USB кабел и веднаш ќе можете да уживате.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Напредно ракување
Дизајнирана за напредна филмска продукција
Преземете ја контролата врз филмската продукција со многубројните рачни контроли, копчињата и држачот со ергономски дизајн, како и големата рачка за зумирање, за непречено рачно снимање. LCD екранот на допир и електронскиот визир со висока резолуција го олеснуваат прегледувањето и следењето на снимките со прецизни детали. Двата отвора за мемориски картички се практични за продолжено снимање со пренасочување или истовремено резервно снимање.
OLED визир со висока резолуција
Електронскиот визир OLED Tru-Finder™ со висока резолуција од 2359k точки нуди голем контраст, прецизни бои и одлична видливост дури и при силна сончева светлина.
Extra Fine LCD екран
Extra Fine LCD екранот на допир од тип 3,5 (1555k точки) прикажува јасни и живописни слики и ви овозможува да избирате точки за автоматско фокусирање со допирање на екранот.
Поголема функционалност, подобрено мени
Системот на менија, земен од професионалните видеокамери од Sony, нуди побрз пристап до напредните контроли и поставките за преглед во живо.
Врвна функционалност
Разновидни функции во професионален стил
Во многубројните поставки за прилагодување на гамата и просторот на бои спаѓаат профилите S-log2 и S-log3 што професионалците ги користат за креативна флексибилност при обработката по снимањето. Исто така, снимањето со променлива стапка до 960(NTSC)/1000(PAL) fps овозможува приказ на извонредни детали при репродукцијата на видеоснимки со забавени движења.
S-log2 / S-log3
Кривите на гамата S-log2 и S-log3 овозможуваат снимање со поголем опсег на светлина и бои и поголем потенцијал за обработка. LUT (табели за пребарување) се достапни бесплатно.
[1] Ниво на видео (%) [2] Релативни чекори од 18% сива боја [A] 18% сива боја [B] 90% бела боја [C] 1300% од 90% бела боја
Профил на слики
Може да користите однапред конфигурирани и прилагодливи профили за слики за да заштедите време и напор при прилагодување на боите, деталите и гамата, за да можете брзо да го добиете саканиот или потребниот изглед.
Функција за црни и бели ленти
Оваа практична алатка ги обележува површините со правилна и прекумерна експозиција со прилагодливи црни и бели ленти, дури и кога снимате со S-log гама.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Изразете ја вашата замисла со забавени движења
Функциите за снимање забавени движења и снимање бавни и брзи движења ви овозможуваат да снимате со голем опсег на брзини, почнувајќи од најкратките моменти со забавени движења до 40x па сè до забрзани движења до 60x со 1 fps.
4K XDCAM Z90
Спецификации и функции
Снимајте го животот така како што го гледате со реалистични 4K HDR (HLG) слики. Ненадминатите перформанси на брзиот и хибриден автоматски фокус овозможуваат извонредно прецизен, брз и сигурен автоматски фокус и следење со AF. Добијте повеќе можности за снимање прекрасни снимки од брзите случувања со оваа Handycam камера која нема да дозволи ништо да ги спречи вашите амбиции за снимање.
- Тип на сензор
- Exmor RS CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм) со подредена структура
- Ефективни точки (видео)
- Прибл. 14,2 M точки(16:9)
- Вид на објектив
- Vario-Sonnar T* од ZEISS®
- Оптички зум
- 12x
- Јасно зумирање на слики
- 4K: 18x, HD : 24x
- Тип на екран
- Xtra Fine LCD™ екран од 8,8 см(тип 3,5) (1555K) широк формат(16:9)
Што има во пакетот
Батерија на полнење(NP-FV70A) (1), AC адаптер (1), Кабел за напојување (1), „Водич за ракување“(1), Далечински управувач(RMT-835 со батерија(CR2025)) (1), Сенило за објектив (1), Капаче за објектив (1), Големо капаче за окулар (1)