Прескокни до содржина

FDR-AX53 

Уживајте во моментите повторно

Замислете си извонредни движења. Посакајте да ги доловите. Внесувајте нови елементи постојано. Со 4K Handycam® камерата во рака, најемотивните моменти стануваат реални.

Достапен е нов софтвер.

Подобрете го вашиот фото апарат за да уживате во полесно снимање.

Напредни функции за одлични видеоснимки

Перформансите со кои се одликува најдобрата 4K Handycam® камера се беспрекорни. Балансираниот оптички SteadyShot™ и брзиот интелигентен AF создаваат слики какви што посакувате. Микрофонот со нова структура ја доловува атмосферата насекаде околу него. Можете дури и да експериментирате со времето и движењата или да ја преземете контролата врз професионалните/рачните функции. Можностите и задоволството се бесконечни.

Најважни фактори за извонреден квалитет на сликата

Најважни фактори за извонреден квалитет на сликата

Напредните перформанси на објективот и сензорот за слика го подобруваат приказот со голема прецизност, чувствителноста и моќта.

Балансиран оптички SteadyShot

Балансиран оптички SteadyShot

Извонредната стабилизација на сликата ви овозможува да снимате стабилно низ целиот опсег на зумот додека одите.

Брз и интелигентен автоматски фокус (AF)

Брз и интелигентен автоматски фокус (AF)

Ефикасното движење на објективот и предвидувањето на растојанието за AF овозможуваат брзо преместување на фокусот од далечните до блиските објекти.

Снимање на висококвалитетен звук

Снимање на висококвалитетен звук

Новата структура на микрофонот снима звуци од пет насоки со приближно 40% помалку шум за да добиете реалистична атмосфера. 

Забавувајте се додека снимате и по снимањето

Забавувајте се додека снимате и по снимањето

Бидете креативни со функциите за снимање со голема брзина и за снимање забрзани снимки за да направите прекрасни видео записи.    

Снимање на висококвалитетен звук

Повеќе функции во професионален стил    

Снимајте како професионалец со функциите за рачно поставување, EVF, временски код и снимање кориснички податоци. 

Извонреден и реалистичен 4K квалитет

Новосоздадениот објектив и сензорот на сликата ја подобруваат извонредната резолуција до 4K, со особена чувствителност за снимање висококвалитетни видеоснимки при слаба осветленост.

Нов објектив од ZEISS® со зум од 20x и компатибилност со 4K

ZEISS® објектив со 20x зум и компатибилност со 4K

Vario-Sonnar T* објективот од ZEISS® со најширок агол од 26,8 мм ви овозможува да опфатите поголем дел од објектот во кадарот.

Нов Exmor R® CMOS сензор за 4K

Нов Exmor R® CMOS сензор за 4K

Поголемите точки ја подобруваат чувствителноста за снимање видеоснимки со помалку шум, дури и во темнина.

Зачекорете во светот на 4K со висока бит-стапка

Магијата на HD и 4K со висока бит-стапка

Снимањето со висока бит-стапка во XAVC S формат јасно ги доловува дури и променливите сцени со многу движења.

Гледајте 4K видеоснимки во HD на уреди што не поддржуваат 4K

Подобра репродукција во Full HD на телевизор без 4K

Подобра репродукција во Full HD на телевизор без 4K

На 4K видеоснимките автоматски им се намалува резолуцијата до Full HD за да се репродуцираат на HD телевизор.

Делумната репродукција го намалува кадарот со допир

Делумната репродукција го намалува кадарот со допир

Поминете со прстот по LCD екранот за намалување на кадарот од 4K филмот што се репродуцира на телевизорот во Full HD.

Sony | Канал за фотоапарати

Sony | Канал за фотоапарати

Извонредно стабилно снимање во движење

Краткиот видео запис подолу ги прикажува ефектите од компензирање на тресењето на фотоапаратот со балансираниот оптички SteadyShot (десно) и оптичката стабилизација на сликата (лево), соодветно.

Помалку тресење на сликата во поширок опсег на зумирање

Помалку тресење на сликата во поширок опсег на зумирање

За снимање видео со неверојатна стабилност, од широк агол до телефото. Во режимот за снимање во HD, интелигентниот активен режим со 5 оски уште повеќе го намалува тресењето на фотоапаратот, дури и кога снимате додека трчате.

Фокусирајте со неверојатна брзина

Брзиот и интелигентен AF не само што нуди исклучителна брзина за автоматско фокусирање, туку и извонредна прецизност.

Брзиот и интелигентен AF ја зголемува брзината паметно

Брзиот и интелигентен AF ја зголемува брзината паметно

Новиот AF алгоритам ја оптимизира комуникацијата помеѓу објективот и процесорот за слика за да овозможи извонредно брз AF, а современиот систем за предвидување на растојанието за AF го задржува објектот во фокус.

Снимете реален звук

Структурата на новиот микрофон е дизајнирана за снимање висококвалитетен звук што ја доловува атмосферата и има приближно 40% помалку шум

Повеќе забава, од почеток до крај

Забавата при користењето на Handycam® продолжува и по снимањето, додека го подобрувате, трансформирате или уредувате снимениот материјал за да добиете видео за паметење.

Специјалните ефекти внесуваат возбуда во видеоснимките

Снимање со голема брзина за видеоснимки со забавени движења

Снимете видеоснимка со висока стапка на слики како 100 fps во Full HD. Видеоснимката со забавени движења ќе ви понуди извонреден квалитет на слика во секој момент од случувањата.

Временски промени во 4K видео со забрзани движења

Со функцијата за снимање забрзани снимки можете да снимате фотографии од некоја сцена во определен временски период со определен интервал помеѓу секоја снимка и да ја претворите низата снимки во висококвалитетна 4K видеоснимка со забрзани движења. 

Откријте поголем потенцијал за професионално снимање 

Во функциите со професионален стил спаѓа прстен и копче за рачна контрола на разни функции што се доделуваат, како и снимање кориснички податоци и временски код. 

Напредни функции за професионално уредување

Напредни функции за професионално уредување

Снимајте со временски код и кориснички податоци

Овие функции се незаменливи за напредно уредување. Изборните далечински управувачи, исто така, овозможуваат попрактично уредување.

Широката палета на галантерија ги задоволува сите потреби

Професионалните опции отвораат нови можности.

Зголемете го задоволството при фотографирањето уште повеќе и надополнете ги снимените материјали со професионален изглед со помош на галантеријата која е специјално создадена за овој модел.

Спецификации и функции
Внесете поголема реалистичност во спомените со 4K видеокамерата. Снимајте спектакуларни 4K Ultra HD детали. Минимизирајте го тресењето на сликата со балансираниот оптички SteadyShot. Автоматско фокусирање со извонредно прецизен, брз и интелигентен AF. Снимајте неверојатни резултати со Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS® компатибилен со 4K, со оптички зум до 20x и максимален широк агол од 26,8 мм.
  • Снимање во 4K Ultra HD (3840 x 2160)

  • Балансиран оптички SteadyShot™ со интелигентен активен режим со 5 оски

  • Fonticon_Zeiss_logo

    Vario-Sonnar T* широкоаголен објектив од 26,8 мм од ZEISS®

  • 20x оптички зум со јасно зумирање на слики до 30x/40x (4K/HD)  

  • Разни рачни поставувања

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор со задно осветлување од 7,20 мм (тип 1/2,5)
Ефективни точки (видео)
прибл. 8,29 милиони точки(16:9)
Вид на објектив
Vario-Sonnar T* од ZEISS®
Оптички зум
20x
Јасно зумирање на слики
4K: 30x HD: 40x
Тип на екран
Xtra Fine LCD™ екран од 7,5 см(тип 3,0) (921 600 точки) широк формат(16:9)

Што има во пакетот

Батерија на полнење (NP-FV70), AC адаптер, Кабел за напојување, Водич за ракување, HDMI®(микро) кабел, Микро USB кабел

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина