Статив со повеќе ногарки
Стативот со повеќе ногарки нуди пренослива, флексибилна 4-насочна поддршка, секаде каде што ќе ви биде потребна. Тој претставува идеален партнер за патувања, без разлика дали фотографирате спорт, сцени од природата, надворешни сцени, концерти или изведби во живо.
Снимајте постабилен и попрофесионален видео материјал и фотографии со помош на лесниот едноножен статив со прилагодлива висина. Одликувајќи се со помала тежина за носење, тој е одличен за спорт и други ситуации за активно фотографирање за кои е потребна максимална подвижност.
Прилагодливиот едноножен статив се издолжува до 1,5м. Користете го со испорачаното куќиште за поддршка на стативот со повеќе ногарки и добијте возбудлива перспектива од висок агол кога фотографирате во толпа народ
За добивање на стабилност без користење на рацете, едноножниот статив може да се комбинира со испорачаниот мини статив за стативот со повеќе ногарки. Тој е идеален за одржување на стабилноста кај Handycam® без потреба од носење на масивен и тежок наменски статив.
Мини стативот претставува одлично решение за снимање на макро фотографии. Поставете го на земја или на маса и одржувајте го вашиот фото апарат стабилен за да добиете прекрасни снимки одблиску од мали објекти.
Разновидниот статив со повеќе ногарки нуди поддршка за фото апарати или видео камери при снимањето
Опремени со приклучок за брзо прикачување
Испорачаниот мини статив се прикачува на едноножен статив за да обезбеди стабилна основа за снимање
Максимално оптоварување до 2кг
Соодветни за фото апарат/видео камера со тежина до 2000гр.
Минимална должина: 450мм; Максимална должина: 1530мм
Приближна тежина: 865гр. (едноножен статив 515гр.)