Дали сте подготвени да ги изострите сетилата и да реагирате побрзо за да победувате секогаш? Прочитајте како да ги поставите и максимално да ги користите вашите нови слушалки со микрофон за игри INZONE.
Независно дали имате безжични или жични слушалки со микрофон за игри INZONE, лесно ќе ги поврзете со уредот за игри. А благодарение на малото доцнење, со одлична синхронизација помеѓу сликата и звукот, ќе добиете беспрекорно доживување на игрите.
360 Spatial Sound for Gaming, што се активира во компјутерскиот софтвер INZONE Hub, репродуцира просторен звук од сигнали за повеќеканален звук - исто како што замислиле креаторите на игрите. Апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer за паметни телефони ќе ви понуди просторен звук оптимизиран според обликот на вашите уши, овозможувајќи беспрекорно играње игри.
Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот. Прилагодете ги фреквенциите на звукот преку еквалајзерот за да добиете поостар и пореален звук од игрите.
За да уживате во совршен звук според обликот на вашите уши, создадете сопствен профил за слушање со тоа што ќе ги фотографирате вашите уши користејќи ја апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer.
Уживајте во звук што е оптимизиран за вашиот ушен канал. Слушалките INZONE Buds репродуцираат звуци за тестирање од звучниците и користат повратни микрофони за да измерат како звукот го исполнува вашиот ушен канал. Потоа компјутерската апликација INZONE Hub ја користи оваа акустичка анализа за да го прилагоди просторниот звук што го слушате.
Сензорите за допир кај нашите INZONE Buds нудат интуитивна контрола на допир за различни функции.
Нашите слушалки со микрофон INZONE H9, INZONE H5 и INZONE H3 имаат ергономски дизајнирани обични и вртливи копчиња за лесно менување на функциите и прилагодување на поставките додека играте.
Ажурирања на фирмверот
Инсталирајте го најновиот софтвер за слушалки со микрофон преку INZONE Hub за да уживате во нови функции и да отстраните одредени проблеми.
Често поставувани прашања
Имате прашање за вашите слушалки со микрофон INZONE? Погледнете ги најчесто поставуваните прашања од корисниците на слушалки со микрофон INZONE. Можеби ќе го пронајдете одговорот што го барате.
Микрофонот е дизајниран да ги намали надворешните звуци за да овозможи јасна и непрекината гласовна комуникација.
Во зависност од обликот на вашите уши, можни се разлики во акустичките карактеристики од изворот на звукот до ушното тапанче. Карактеристиките се проценуваат од сликата од ушите, а индивидуалните разлики се коригираат заради оптимизирање на слушањето.
Да, можна е аналогна врска преку кабелот на слушалките со микрофон, без потреба од USB-кутијата за звук. Меѓутоа, компјутерскиот софтвер INZONE Hub нема да ги препознае слушалките со микрофон, а функциите на INZONE Hub, како што е просторниот звук, нема да функционираат.
Не, нема поддршка за поврзување со повеќе уреди преку Bluetooth. Но, бидејќи поддржуваат истовремено поврзување преку Bluetooth и преку безжична врска од 2,4 GHz, може да поврзете два уреди (компјутер + PS5) истовремено.
Да. Да, може да ги копирате поставките од профилот за звук (параметри за еквалајзерот, DRC, вклучен/исклучен просторен звук) со префрлување на датотеката за поставките во сите компјутери. За приспособувањето е потребно само едно мерење доколку се најавите со истата сметка.
Режим за амбиентален звук им овозможува на гејмерите да се концентрираат на нивната игра, а сепак да ги слушаат надворешните шумови околу нив, како гласови, дојдовни повици и тропање на врата.
Добивајте информации за најновите ажурирања на фирмверот, вести и известувања.