Галантерија за мобилни уреди

Полнете ги вашите уреди брзо и безбедно со решенијата за полнење од Sony. Од USB PD-адаптери со голема моќ па сè до едноставно безжично полнење - ви нудиме идеална опција за сите уреди.

Флексибилно полнење во движење

Флексибилно полнење во движење

Полначите на Sony нудат брзо полнење на вашите уреди во домот, во хотелот или автомобилот. Благодарение на различните приклучоци и интерфејси, ви нудиме полнач од Sony за сите уреди, вклучувајќи паметни телефони, фотоапарати, таблет-уреди, слушалки и други уреди со USB. Некои полначи се компатибилни со USB PD и можат да полнат уреди од таков вид и лаптопи.

Палета на USB-кабли

Изберете должина, вид на приклучок, боја и материјал што одговараат на вашиот уред или вашите желби. Sony нуди многу долги или кратки и преносливи кабли за iPhone®, iPad® што совршено ќе одговараат за вашиот iPhone® или iPad®. Може да напојувате и лаптопи, уреди со Android и многу повеќе со USB-каблите достапни со кратка должина па сè до многу голема должина.

USB кабли
Безжично полнење на едноставен начин

Безжично полнење на едноставен начин

Технологијата Qi нуди полесно и побезбедно безжично полнење. Сега ќе можете да полните iPhone, Galaxy® од Samsung, Xperia™ од Sony и други уреди компатибилни со Qi со тоа што ќе ги ставите врз подлогата за полнење - не се потребни кабли.

Технологија USB PD

Брзо напојување, безбедно напојување.

побрзо полнење

Можност за 13x побрзо полнење. До 100 W.

USB PD-полначот од 100 W ви нуди можност за 13 пати поголема излезна моќ од стандардните полначи од 7,5 W. Користете го истиот полнач за вашиот телефон, таблет-уред или лаптоп и полнете ги со најголема брзина досега.

(1): USB PD-полнач (100 W) и (2) Стандарден полнач (7,5 W)

Брзо полнење на вашите уреди

Брзо полнење за повеќе видови на уреди

Без разлика дали треба да полните MacBook® за работа или Nintendo Switch™ за да играте, технологијата USB PD на Sony нуди брзо полнење што овозможува побрзо да започнете да работите или играте. Компатибилноста со уреди со USB-C ви нуди енергија секогаш кога ви е потребна. USB PD е единствениот полнач што ви треба.

Побезбедно полнење преку USB на повисоко ниво

Безбедно полнење преку USB на повисоко ниво

Големата моќ на USB PD може да предизвика ризик од изгореници или оштетување, но тоа не е така со Sony. Дизајнот е отпорен на топлина, а мониторот за температура следи абнормални состојби, за да овозможи безбедно полнење со проверка на напојувањето и USB-врската.

Безбедност и врвни перформанси 

заштита од преоптоварување

Дизајн што е отпорен на топлина за безбедно полнење

Енергетски ефикасното електронско коло го минимизира создавањето топлина преку оптимизирани преклопници и компоненти. Исто така, распоредот на PCB и дизајнот на куќиштето спречуваат зголемување на температурата.

Интелигентен контролер за напојување

Оваа технологија ве заштитува преку спречување опасности како пожар, чад и експлозија на уреди. Заштитата од прегревање ја следи температурата на уредот и веднаш го прекинува полнењето ако се открие абнормална струја. Полнењето прекинува при откривање на краток спој.

контрола на температурата
безжично полнење

Поинтелигентно безжично полнење

Интелигенцијата на технологијата Qi не е само во полнењето без кабли - таа препознава дури и каков уред ставате врз подлогата, со FOD (препознавање надворешни предмети). Ако открие метални предмети, механизмот за мерење топлина ќе го запре полнењето. Тоа спречува прегревање и ги заштитува и подлогата и уредот.