ПОДОБРЕНА РЕАЛНОСТ
Неверојатно Full HD доживување
Full HD квалитет каков што не сте виделе досега
Технологијата за обработка на слика X-Reality PRO™, која е ексклузивна за Sony, ги подобрува сите точки за да добиете неверојатна острина. Точките се анализираат, а сликите се изоструваат и подобруваат за да добиете извонредна реалистичност.
Сите точки се совршени
Со X-Reality PRO, шаблоните во сликите се споредуваат со шаблони зачувани во уникатна база на податоци за изострување на сите точки. Го користиме знаењето што го стекнавме од создавање и снимање филмски хитови и ТВ серии за да создадеме неверојатно реалистични детали во сите содржини што ги гледате.
Нова дефиниција на реалистичност
X-Reality PRO користи различни техники за намалување на шумот за да ги изостри и подобри сликите. Погледнете како сцените стануваат почисти, појасни и поприродни.
ЗОШТО ТЕЛЕВИЗОРИТЕ ОД SONY СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ