ПОДОБРЕНА РЕАЛНОСТ
Сите содржини што ги гледате на телевизорите од Sony се поостри и подобри благодарение на најновите технологиите за подобрување детали и за намалување на шум кои создаваат неверојатно реалистични слики.
Прикажувањето детали кај нашите 4K HDR телевизори се врши преку моќни процесори. Процесорите користат напредни алгоритами за отстранување шум и за зголемување на острината за да создадат остри, јасни и неверојатно реалистични слики.
4K HDR Processor X1™ Extreme
Нашиот новосоздаден 4K HDR Processor X1 Extreme нуди 40% поголема обработка на слики во реално време од нашиот препознатлив 4K Processor X1™. Ги подобрува сите содржини што ги гледате приближно до 4K HDR квалитет.
4K HDR Processor X1™
Одликувајќи се со Object-based HDR remaster и Super Bit Mapping 4K HDR, новиот процесор 4K HDR X1 создава поголема длабочина, повеќе текстури и поприродни бои од процесорот 4K X1™. Ќе гледате чисти бои при поголеми нивоа на светлина што создаваат реалистични слики.
Функции:
Object-based HDR remaster
Super Bit Mapping 4K HDR
Dual database processing
Dynamic Contrast Enhancer
Precision colour mapping
Функции:
Object-based HDR remaster
Super Bit Mapping 4K HDR
Dynamic Contrast Enhancer
Функции:
Подобрување на динамичкиот контраст
Прецизно мапирање на бои
Object-based HDR remaster
Сега може да гледате сè со речиси 4K HDR квалитет. Ќе можете да ги видите контурите на планините, скриените текстури кај цвеќињата, длабочината на облаците и дивите животни со природни бои и контраст, а со тоа и пореалистична и поприродна слика на екранот.
Со Object-based HDR remaster (1), боите на предметите на екранот се анализираат и нивниот контраст се прилагодува, за разлика од повеќето телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст (2). Бидејќи предметите се преработуваат посебно, овој телевизор прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.
Super Bit Mapping™ 4K HDR
Постојат илјадници тонови, нијанси и градации на светлина при зајдисонце. Super Bit Mapping 4K HDR ги открива сите. Тој создава јасна и природна слика во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори.
Обработката на 14-битни сигнали ги раскинува цврстите врски на боите, за ефикасно создавање на рамномерна градација помеѓу сенките - прикажувајќи 14-битна еквивалентна градација, дури и од 8-битни извори, со 64 пати повеќе нивоа на бои од стандардните екрани.
Обработува 8-битен извор во 14-битен еквивалент
Dual database processing
Едната база на податоци се користи за чистење на сликата и намалување на шумот на екранот. Втората се користи за зголемување на резолуцијата и зголемување на острината. Овие две бази на податоци за подобрување на сликата работат заедно за динамичко подобрување на точките во реално време. Двете бази на податоци имаат десетици илјади референтни слики, собрани од филмовите и содржините што ги создаваме за телевизија во изминатите години.
Базата на податоци, која содржи податоци од типот „пред и потоа“ за тоа како треба да изгледаат сликите, го препознава шумот предизвикан од компресија и го отстранува.
База на податоци за зголемување на резолуцијата, исто така, содржи податоци од типот „пред и потоа“ што се користат за подобрување на сигналот и создавање пореалистична слика.
Уникатните технологии за обработка на слики 4K X-Reality™ PRO и X-Reality™ PRO ги подобруваат сите точки за да добиете неверојатна острина. Напредните техники за намалување шум и специјалната база на податоци со шаблони ги исполнуваат сите сцени со реалистични детали.
4K X-Reality™ PRO и X-Reality™ PRO користат различни техники за намалување на шумот за да ги изострат и подобрат сликите. Погледнете како сцените стануваат почисти, појасни и поприродни.
Со 4K X-Reality™ PRO и X-Reality™ PRO, шаблоните во сликите се споредуваат со шаблони зачувани во уникатна база на податоци за да се пронајдат најдобрите нијанси, заситување и светлина за секоја точка. Го користиме знаењето што го стекнавме од создавање и снимање филмски хитови и ТВ серии за да создадеме неверојатно реалистични детали во сите содржини што ги гледате.
ЗОШТО ТЕЛЕВИЗОРИТЕ ОД SONY СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ