Прескокни до содржина
Cameras

Фото апарати со DSLR изглед

Снимајте подобри фотографии при секој нареден обид со нашите фото апарати со DSLR изглед. Дознајте како нашата палета извлекува максимум од секоја слика, а потоа изберете го моделот кој е совршени за вас.

Добијте повеќе од секоја снимка

Уживајте во врвни перформанси со фото апарат со DSLR изглед од Sony. Тие имаат големи Exmor® сензори и брзи BIONZ X процесори за слика кои нудат јасни и остри слики со живописни бои. Компатибилни се со објективи од ZEISS® и G објективи од Sony.

Дизајн на фото апарат со DSLR изглед од Sony
Слика снимена со најдобриот фото апарат со DSLR изглед од Sony

Откријте нови детали

Изберете еден од фото апаратите со DSLR изглед од Sony и проширете ги вашите креативни хоризонти. Со подобар динамички опсег, намалени нивоа на шум и врвни перформанси при слаба осветленост, вашите снимки ќе ја задржат нивната јасност и острина.

Јасни фотографии, во секое време

Внесете реалистичност во сликите со најдобрите фото апарати со DSLR изглед. Exmor® CMOS сензорите со задно осветлување доловуваат повеќе детали, a процесорот за слика BIONZ X го намалува шумот, ги осветлува фотографиите и нуди реалистични детали.

Процесор на дигитален фото апарат со SLR изглед од Sony
Објективи за фото апарати со DSLR изглед од Sony

Преземете ја контролата врз вашиот фото апарат

Со изборот од објективи со A-приклучок и E-приклучок, ќе добиете совршен систем за условите во кои фотографирате. Без разлика дали денот е сончев или сонцето заоѓа, нашите објективи внесуваат неверојатни детали и живописни бои во секоја слика.

Фотографирање на едноставен начин

Нашите фото апарати со DSLR изглед нудат функции како автоматско фокусирање, откривање на лице и автоматско обликување предмети, така што видео снимките и фотографиите ќе бидат јасни и остри. Tru-Finder од Sony за совршено обликување на кадарот.

Слика снимена со најдобриот фото апарат со DSLR изглед од Sony
Дигитални фото апарати со SLR изглед од Sony со NFC и WiFi®

Поврзување и споделување за момент

Фото апарати со DSLR изглед од Sony со вграден NFC и Wi-Fi® кои го олеснуваат споделувањето фотографии и видео снимки со пријателите и семејството. Префрлувајте содржини од фото апаратот во таблет уред или паметен телефон со Android со еден допир.