ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОБЈЕКТИВИТЕ

Фокусна должина/агол на гледање/перспектива
Фокусна должина

Фокусна должина

Фокусна должина или опсег на фокусна должина кога се работи за објективи за зумирање, најчесто ќе биде првото нешто што ќе биде земено предвид при избирањето објектив за одредени фотографии или видови на фотографирање. Фокусната должина на објективот одредува две карактеристики кои се многу важни за фотографите: зголемувањето и аголот на гледање.

Поголемите фокусни должини значат повисоко зголемување и обратно. Широкоаголните објективи со кратки фокусни должини имаат мало зголемување, што значи дека треба физички да се приближите до објектите со просечна големина за да го исполните кадарот. Но тоа исто така значи и дека можете да ги опфатите големите објекти во кадарот без да треба да фотографирате од далечина. Телефото објективите со големи фокусни должини имаат високо зголемување за да можете да го пополните кадарот со објекти кои се пооддалечени од фотоапаратот.

[1] Секундарна главна точка на објективот [2] Фокусна должина [3] Агол на гледање (измерено дијагонално) [4] Фокусна површина (површина на сензорот за слика)

Техничка дефиниција на фокусната должина

- Техничко објаснување -

Фокусната должина на објективот се дефинира како растојанието од секундарната главна точка до задната фокусна точка кога фокусот е поставен на бесконечност. Втората главна точка е една од шесте „кардинални точки“ кои се користат како референтни точки кај оптичките објективи (предни и задни фокусни точки, примарни и секундарни нодални точки и примарни и секундарни главни точки). Нема однапред поставена локација за секундарната главна точка во комбинираните објективи-таа би можела да се наоѓа некаде во внатрешноста на цилиндарот на објективот или во некоја точка надвор од цилиндарот, во зависност од дизајнот на објективот-не постои едноставен начин самите прецизно да ја измерите фокусната должина.

Фокусна должина и агол на гледање

„Агол на гледање“ опишува колкав дел од сцената пред фотоапаратот ќе сними сензорот на фотоапаратот. Технички кажано, тој го претставува аголниот степен на сцената што го снима сензорот, измерен дијагонално. Важно е да се запомни дека аголот на гледање е целосно одреден од фокусната должина на објективот и од форматот на сензорот на фотоапаратот, така што аголот на гледање што ќе го добиете од одреден објектив ќе биде различен на фотоапаратите со формат за целосна слика од 35 мм и фотоапаратите од APS-C формат. Различните објективи со еднаква фокусна должина секогаш ќе имаат ист агол на гледање кога се користат со сензор со иста големина.

Споредбата „фокусна должина наспроти агол на гледање“ ја илустрира оваа поврзаност за фотоапаратите со формат за целосна слика од 35 мм и APS-C формат.

* Фокусна должина во ( ): еквивалентна фокусна должина кога е прикачен на дигитални фотоапарати со заменливи објективи со сензори за целосна слика од 35 мм

Перспектива

При долги фокусни должини, објектите во предниот дел и заднината ќе изгледаат поблиску едни до други во финалната слика. Овој ефект понекогаш се нарекува „телефото компресија“, иако всушност не е предизвикан од самиот објектив. Кога користите телефото објектив, ќе треба да бидете пооддалечени од објектите што ги фотографирате. Значи, релативно на растојанието од фотоапаратот до објектите во предниот дел и во заднината, тие всушност се поблиску едни до други. Со други зборови, бидејќи објектите во предниот дел и во заднината се на значителна оддалеченост од фотоапаратот, нивната релативна големина во финалната слика ќе биде поблиску до реалната. Кога фотографирате со широкоаголен објектив обично треба да се приближите до објектот во предниот дел за тој да биде доволно голем во кадарот, поради што подалечните објекти изгледаат компаративно помали. Разликата во видната перспектива всушност е резултат на тоа колку сте оддалечени од објектот.

Слика со фокусна должина од 24 мм

Фокусна должина од 24 мм, агол на гледање од 84 степени

Слика со фокусна должина од 300 мм

Фокусна должина од 300 мм, агол на гледање од 8 степени