-
Наоѓање на бројот и името на моделот во апликацијата Support (Поддршка)
Верзија 4.0.18 или понова на апликацијата Support (Поддршка)
За да го најдете бројот и името на моделот на вашиот уред Xperia
- Најдете и допрете Support (Поддршка)
.
- Уверете се дека се наоѓате на картичката Main (Главно)
.
- Лизгајте надолу до Device info (Информации за уредот). Името и бројот на моделот ќе се појават во Model (Модел).
Верзија 4.0.18 или постара на апликацијата Support (Поддршка)
За да го најдете бројот и името на моделот на вашиот уред Xperia
- Од почетниот екран, допрете ја иконата за екранот Application (Апликации).
- Најдете и допрете Support (Поддршка)
.
- Допрете ја картичката Device info (Информации за уредот)
. Ќе се појават името и бројот на моделот.
Ако уредот Xperia ја нема апликацијата Support (Поддршка), може да се обидете со користење на апликацијата Diagnostics (Дијагностика).
-
За да го најдете бројот и името на моделот со користење на апликацијата Diagnostics (Дијагностика)
- Од почетниот екран, допрете ја иконата за екранот Application (Апликации).
- Најдете и допрете Settings (Поставувања).
- Допрете About phone/tablet (За телефонот/таблетот) > Diagnostics (Дијагностика). Ќе се појават името и бројот на моделот.
-
Наоѓање на бројот и името на моделот кога уредот е исклучен
Може да го најдете бројот на моделот на вашиот Xperia кога уредот е исклучен со користење на неговиот IMEI-број:
- Кај повеќето понови уреди Xperia, IMEI-бројот е запишан во внатрешниот дел на отворот за SIM-картичка на лежиштето. Во зависност од моделот на уредот, можеби ќе треба да го отстраните држачот на SIM-картичката за да пристапите до лежиштето. Кај некои модели, IMEI-бројот се наоѓа во отворот за мемориска картичка. Користете го ноктот или отворена спојувалка (или нешто слично) за да го извлечете лежиштето. Кај други модели, со капак што се отстранува, IMEI-бројот на уредот се наоѓа под задниот капак.
- Кога ќе го најдете IMEI-бројот, одете до страницата Update your Xperia (Ажурирате го Xperia) и внесете го IMEI-бројот во полето за пребарување Enter IMEI number (Внесете го IMEI-бројот).
- Кликнете Show information (Прикажи информации). Се појавува името на уредот.
Ако не можете да го најдете IMEI-бројот, може да го побарате името на производот во амбалажата на уредот или на сметката или фактурата што сте ја добиле од продавачот. Името на моделот на уредот е отпечатено и на корицата од Водичот за вклучување што е доставен со уредот.