Регулаторни и други информации за вашата земја

Дознајте повеќе за информациите поврзани со регулативите за вашата земја релевантни за производите на Sony.

Енергетска ефикасност

Како да ги толкувате енергетските ознаки од ЕУ

Енергетските ознаки претставуваат азбучни оценки кои се движат од „A++“ (најефикасни) до „F“ (најмалку ефикасни). Според регулативата 1062/2010 на ЕУ, на сите телевизори кои ќе се продаваат во продавниците и на интернет ќе мора да биде прикажана енергетска ознака. Во моментот се користи оваа енергетска ознака. Европската комисија повремено ги прилагодува границите за класите на енергетската ефикасност.

Енергетска ефикасност

Годишна потрошувачка на енергија XYZ kWh, врз основа на потрошувачката на енергија на телевизорот при работа од 4 часа на ден во период од 365 дена. Реалната потрошувачка на енергија ќе зависи од начинот на користење на телевизорот

Ние во Sony сме посветени постојано да развиваме и произведуваме производи кои се повеќе енергетски ефикасни од година во година во однос на нивните претходни модели. Всушност, најголемиот дел од нашите телевизори имаат енергетски ознаки во опсег од A++ до A, а останатите немаат помала оценка од B.

Враќање/рециклирање

Депонирање на отпадна електрична и електронска опрема (WEEE), отпадни батерии и отпадни амбалажи

Електричните и електронските производи, батериите, акумулаторите и амбалажите не треба да се третираат како отпад од домаќинството при депонирањето, туку треба да се вратат преку посебен систем за собирање. Тоа е означено со симболот за прецртана корпа за отпадоци кај електричните или електронските производи или батериите. Кај некои батерии, овој симбол може да биде придружен со хемискиот симбол за олово (Pb) доколку батеријата содржи повеќе од 0,004% олово.

Со правилно депонирање на производите, батериите и амбалажите вие ќе ги спречите потенцијалните негативни последици по животната средина и човековото здравје кои би можеле да настанат поради несоодветно третирање на отпадот. Во зависност од вашата локација, хартиените упатства за употреба кои не се на пакувањето, како и CD и DVD дисковите, би можеле да ги отстраните преку посебни системи за прибирање. Рециклирањето на овие материјали ќе помогне во зачувување на природните ресурси.

За повеќе информации околу враќањето и рециклирањето на производите, батериите или амбалажите, ве молиме обратете се до вашите локални власти, службата за депонирање отпад или до продавницата во која сте го купиле производот или батеријата. Кај производите за кои поради безбедноста, перформансите или интегритетот на податоците е потребна постојана поврзаност со интегрирана батерија, таа батерија треба да ја заменува само квалификуван персонал за сервисирање.

За да се спроведе правилно депонирање на батериите, електричната и електронска опрема, предадете ги производите на кои им изминал работниот век во соодветното место за прибирање каде што се рециклира електричната и електронската опрема. За сите други батерии, ве молиме погледнете го поглавјето за безбедно отстранување на батеријата од производот во упатството за употреба. Ве молиме отстранете ја батеријата и предајте ја во соодветното место за прибирање производи каде што се рециклираат отпадните батерии.

Директива WEEE

Никогаш не фрлајте ја електронската опрема во отпадот од домаќинството, таа мора да се рециклира одделно

Директива за батерии

Никогаш не фрлајте ги батериите во отпадот од домаќинството, тие мора да се рециклираат одделно