Xperia™: целта е пакување без пластика
Достапноста на производите и услугите зависи од регионот.
Достапноста на производите и услугите зависи од регионот.
Почнувајќи од април 2021 година, усвоивме група еколошки цели на среднорочен план наречени Green Management 2025 (GM2025) што ќе бидат дел од планот „Патот кон достигнување на нулата" на Sony. GM2025 прогресивно ја намалува пластиката во пакувањето на нашите преносливи производи, со цел да ја елиминира потполно.
[1] Дадените броеви се пропорции (проценти по тежина) на пластика што се користи во пакувањата за глобалните модели.
[2] Промени од 2018 до 2019 година: пластичните прегради се заменети со прегради од пулпа / пластичните разделници се заменети со картон.
[3] Промени од 2019 до 2020 година: ревизија на конструкцијата на кутиите / намалување на употребата на материјали, вклучувајќи и пластика (најмногу фолијата PP).
[4] Промени од 2020 до 2021 година: ламинираната фолија на површината на кутиите е заменета со лак / пластичната обвивка за испорачаните USB-кабли е заменета со хартиена навлака / ламинираната фолија на налепниците е заменета со лак.
Редизајнирање и отстранување на заштитното пластично пакување
Како дел од нашите напори за одржливост, ја намалуваме употребата на пластика во пакувањата, ги елиминираме пластичните компоненти или ги заменуваме со хартиени материјали. На пример, заменување на пластичната ламинирана фолија со лак што е отпорен на абразија кај Xperia 1 III и заменување на пластичната обвивка за USB-каблите со хартиена навлака.
[1] Ламинирана фолија → Лак отпорен на абразија [2] Пластична фолија → Хартија [3] Пластика → Хартиена пулпа или картон
[4] Налепница [5] Навлака за USB-кабел
Преградите во кутиите со паметни телефони се изработуваат од отпадна хартиена пулпа од фабриката во специјално направени и приспособени калапи. Користената пулпа се избира внимателно за да ја добиеме саканата бела боја без потреба од белеење.
[1] Пластика → Хартија [2] Елиминирање на пластичните прегради
Packaging Design Engineer
Sony Corporation, Mobile Communications Business Group,
Product Development Division, Product Design Department
Еколошката свест станува сè поголема. Загадувањето на океаните предизвикано од несоодветното депонирање на пластика за еднократна употреба добива сè поголемо медиумско внимание, а намалувањето на пластичните материјали во пакувањата е приоритет во среднорочните еколошки цели на Sony (Еколошко управување 2025). Еколошката свест веќе подолго време е наша тема за дизајнот на пакувањата за Xperia. Се трудиме да ги елиминираме или замениме пластичните материјали во пакувањата за Xperia, а притоа да ги задржиме потребните перформанси. На пример, кај моделот од 2019 година, пластичните прегради ги заменивме со прегради од пулпа и ја отстранивме пластиката од пакувањето, а притоа понудивме исто доживување при отпакување на производот. Заедно со Mobile Communications Business Group работиме кон целосно отстранување на преостанатите пластични материјали во пакувањата во следните неколку години.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА SONY