NFC - или поле за комуникации во близина - е технологија за безжично поврзување која овозможува брза комуникација на мала оддалеченост помеѓу електронските уреди како што се телефоните и фото апаратите.
Уживајте во вашите фотографии, видео снимки, игри и апликации на големиот екран со едноставно допирање на вашиот паметен телефон со NFC до NFC далечинскиот управувач за BRAVIA од 2013 година.
Слушајте музика безжично на некој од Bluetooth® звучниците со NFC, така што вашиот паметен телефон ќе го допрете само еднаш наспроти нив. Згора на тоа, репродукцијата преку вашите слушалки започнува веднаш штом ги допрете до паметниот телефон.
Управувајте далечински со блендата од вашиот мобилен уред и веднаш добијте ја снимената слика преку Wi-Fi®. Потоа лесно вчитајте ги пренесените слики на вашата омилена социјална мрежа.
Со еден допир можете веднаш да споделите група фотографии со вашите пријатели. Истовремено можете и да испраќате информации за вашиот омилен ресторан, насоки до местото за состанок, линкови од Youtube итн. - добивајќи неверојатна практичност.