FE 16-35 мм F2,8 GM II
FE 16-35 мм F2,8 GM II нуди динамички и широкоаголни перспективи со извонредна резолуција и дефокусирање, и ги максимизира брзината и перформансите на напредните фотоапарати. Овој објектив со ненадминати перформанси за AF нуди значителни придобивки за фотографии и видеоснимки, а воедно е и најмал и најлесен од овој вид.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Погледнете видео
Големата просторна резолуција нуди детален приказ сè до рабовите на сликата и низ целиот опсег на зумирање од 16-35 мм, дури и при максимален отвор на блендата. Три од петте асферични елементи се XA-елементи (екстремно асферични), а аберацијата се контролира ефикасно за да добиете висока резолуција и одлично дефокусирање.
Максималната решетка F2,8, иновативниот оптички дизајн и напредната решетка со 11 ливчиња нудат одлично дефокусирање. FE 16-35 мм F2,8 GM II нуди неверојатни перформанси за снимање одблиску со минимално фокусно растојание од 0,22 м (0,73 ft) низ целиот опсег на зумирање и максимално зголемување од 0,32x. Доближете се и снимете динамички перспективи со длабоко дефокусирање, и добијте повеќе опции за изразување.
Намалените промени и поместувања на фокусот и оската при зумирање придонесуваат за јасни видеоснимки, а линеарните XD-мотори (екстремно динамички) и напредната решетка ги намалуваат вибрациите и шумот. Променливиот центар на гравитација овозможува брзо и стабилно маневрирање при рачното снимање, а ја елиминира и потребата за прилагодување по менување на зумот кога користите механизам за стабилизација.
FE 16-35 мм F2,8 GM II користи лебдечки механизам за фокусирање со четири оригинални линеарни XD-мотори и прецизна контрола на леќите за прибл. 2x поголема брзина на AF. Континуирано фотографирање до 30 fps е можно со α1 од Sony. Тој нуди сигурен фокус и рамномерно следење на субјектите, што е неопходен за забавени движења и 4K/8K-видеоснимки.
Иако е најмал и најлесен објектив со F2,8 и зум од 16-35 мм, FE 16-35 мм F2,8 GM II нуди извонреден квалитет на слика благодарение на напредниот оптички дизајн со XA-елементи и супер ED-стакло (исклучително мала дисперзија). Лесните линеарни XD-мотори со голема моќ придонесуваат за малата вкупна тежина од само 547 грама (19,3 oz.). Тоа е приближно 20% помалку од FE 16-35 мм F2,8 GM. Вкупната должина изнесува само 111,5 мм (4 1/2 инчи).
Преклопник за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на звукот на прстенот, преклопник за заклучување и копчиња за задржување на фокусот за лесен пристап при снимањето. На копчињата за задржување на фокусот може да се додели една функција од менијата на куќиштето. Сите споеви имаат структурна заштита, копчињата и преклопниците имаат силиконски гумени заптивки, а приклучокот за објективи е заштитен со гумен прстен.
Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со комбинација од висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање
[1] Екстремно асферична леќа (XA-леќа) [2] Асферична леќа [3] Асферична леќа ED (исклучително мала дисперзија) [4] Супер ED-стакло [5] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 16 мм / макс. решетка [4] При 16 мм / решетка F8 [5] При 35 мм / макс. решетка [6] При 35 мм / решетка F8
[7] Просторна фреквенција [8] 10 пара линии / мм [9] 30 пара линии / мм [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
1. Прстен за фокусирање 2. Преклопник за режими на фокусирање 3. Копче за задржување на фокусот 4. Прстен за зумирање
5. Прстен за решетката 6. Преклопник за ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ИРИСОТ
7. Преклопник за звук на решетката
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,22 (Ш, Т) м (0,73 (Ш, Т) ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.32
- Пречник на филтерот (мм)
- 82
- Тежина
- 547 гр. (19,3 oz.)